Во нашата земја, со неразвиен секундарен финансиски пазар, индикаторите за пазарна вредност ретко се применуваат во анализа на работењето на претпријатијата, бидејќи тие се однесуваат за претпријатија кои котираат на берзата. А, на web-страницата на Македонската берза за долгорочни хартии …
Коефициентот на обрт на залихите е мошне значаен индикатор на деловната активност на претпријатието, кој се пресметува на следниот начин: Обрт на залихите = Трошоци на продадени производи / Просечни залихи Под просечни залихи во горенаведената формула се смета просечното …
Показателите за користењето (употреба) на средствата на компанијата, познати како показатели за обртот, се користат за проценка на користa од различните облици на средства и затоа се среќаваат и како показатели за ефикасноста на користење на средствата на компанијата. Ефикасноста …
Меѓу финансиските индикатори, кои служат за анализа на деловното работење, значајно место заземаат и индикаторите на финансиската структура. Овие индикатори укажуваат на квалитетот на финансиската структура на едно претпријатие преку утврдување на степенот на неговата задолженост. Да се потсетиме на …
Терминот маржа често го користиме во секојдневниот говор, означувајќи ја со него заработувачката на трговецот. Кога на пример, за една кисела вода од 250 мл ќе платиме 60 денари во некој угостителски локал, знаеме да помислиме дека таа кисела вода …
Целта на секој бизнис е максимирање на профитот како разлика меѓу приходите и расходите на работењето. Способноста на еден деловен субјект да оствари профит се нарекува профитабилност. Но, дали висината на профитот може да ни укаже и на висината на …
Под ликвидност се подразбира способноста на претпријатието да ги подмири своите краткорочни обврски во договорениот рок. Секое претпријатие треба да настојува да одржува задоволителна ликвидност на работењето за да може да излезе во пресрет на своите тековни обврски. Колкава е ликвидноста на работењето може да се утврди преку индикаторите на ликвидност: тековен показател, стапка на моментна ликвидност и обртен капитал.
Индикаторите на ликвидност се пресметуваат врз основа на податоци од билансот на состојба. Во продолжение ќе ви објаснам како да ги пресметувате и толкувате индикаторите на ликвидност на примерот на едно претпријатие.