Здраво

Јас сум Весна Мицајкова

Имам стекнато највисок степен на образование и ги имам поминато сите скалила во образовниот систем за да се најдам и во позиција на предавач во високообразовна институција. Искуството во реалниот сектор ми е исто така богато. Со големата инвестиција во сопствената едукација, директното вклучување во тековните програми на високообразовните институции, како и повеќегодишната практична работа не можев, а да не ја забележам големата дискрепанца меѓу теоријата и праксата, а и големото ограничување за реализација на човекот како интелектуално суштество како резултат на компјутеризацијата и автоматизацијата на работата.
Многу е жално што образованието не ги оспособува учениците за работа. Па зарем тоа не е една од неговите основни функции?

Прочитај повеќе

Престојни офлајн курсеви

Цели на учењето

Курсевите на Институт Практикум ќе ви овозможат да ги остварите следните цели:

Разбирање на суштината на материјата

Начинот на презентацијатана курсевите ќе Ви овозможи разбирање на суштината на материјата. Едноставниот начин на изразување, поткрепен со примери од праксата, ќе Ви помогне лесно да го совладате и запомните материјалот.

Стекнување на практични вештини

Основна цел на курсевите на Институтот Практикум е да Ве научат како практично да го применувате своето знаење. Целата материја се совладува преку примери од праксата, а каде има можност се врши и обука на компјутерска програма, која може да ја користите бесплатно и по завршување на курсот.

Унапредување на кариерните можности

Теоретските и практичните знаења стекнати преку курсевите, како и обуката за користење на соодветни бесплатни компјутерски програми, ќе ја зголеми Вашата конкурентност на пазарот на трудот. Ќе имате што конкретно да му понудите на Вашиот потенцијален работодавач, кое ќе го унапреди неговото работење. Стекнатиот сертификат ќе биде потврда за Вашите знаења.

Запишете се за добивање известувања за новостите од Институтот Практикум!

ИНВЕСТИРАЈ ВО СЕБЕ преку:

Едукација за практични вештини