• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Здраво

  • Дома
  • Здраво

Јас сум Весна Мицајкова.

Имам стекнато највисок степен на образование  и ги имам поминато сите скалила во образовниот систем за да се најдам и во позиција на предавач во високообразовна институција. Искуството во реалниот сектор ми е исто така богато. Со големата инвестиција во сопствената едукација, директното вклучување во тековните програми на високообразовните институции, како и долгогодишната практична работа не можев, а да не ја забележам големата дискрепанца меѓу теоријата и праксата, а и големото ограничување за реализација на човекот како интелектуално и креативно суштество како резултат на компјутеризацијата и автоматизацијата на работата.

Многу е жално што образованието не не оспособува за потребите на работните места. Па зарем тоа не е една од неговите основни функции? Зашто воопшто инвестираме во таа диплома, а се мораме да учиме на работното место? Зар не може редовното образование да се преструктуира и од него да добиеме практични вештини, кои ќе ни овозможат да дадеме придонес во работната средина во која ќе се вклучиме?

Од друга страна, зар не е жално да го поминуваме работниот ден внесувајќи податоци во некоја компјутерска програма, не знаејќи всушност што работиме? Зар не е жално да се нарекуваме сметководител, а да не знаеме на кој начин се книжат обични фактури. Сето тоа не ограничува да се развиваме, не прави несигурни, а несигурните луѓе не се добри ни за себе, ни за околина.

Но, за таа ситуација не се виновни поединците, многумина не се ни свесни, но секако е виновно општеството. Зарем не можеме да имаме подобри учители, зарем учителите ја заборавиле основната функција на својата професија? И зарем со оваа ориентација кон комерцијализација и заборавање на моралниот интегритет нема да ги осакатиме новите генерации? И кого тоа ќе му донесе добро?

Основањето на овој Институт, е обид да се направи еден мал чекор кон промена на оваа ситуација. Институтот Практикум пласира курсеви, дизајнирани на начин кој ќе ви овозможи да ја раберете суштината на проблематиката и да добиете вештини кои ќе може да ги примените во праксата. Се обидуваме да пружиме малку поинаков вид на образование, достапно за сечиј џеб. Пробајте ги курсевите на Институтот Практикум, па ќе ни кажете дали сме успеале.

 

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook