Фабриката за „послушност“ – од училишните клупи до канцеларија

Сите сме поминале низ истиот образовен систем: „Отвори ја книгата на страна 45. Научи ја лекцијата. Ирецитирај ја дефиницијата како што е напишана. Не поставувај прашања.“
Зошто не ни дозволуваа да поставуваме прашања? Затоа што не беа сигурни дека ќе знаат да ни одговорат. Тоа беше систем кој го штитеше авторитетот преку тишина. Дали нè оштетија? Мислам дека да. Ја изгубивме тенденцијата кон критично размислување, а стравот од непознатото го заменивме со слепо следење на правилата.
Истото се пресликува и на работното место.
Кога ќе влеземе во канцеларија, го носиме истиот модел. Наместо да го разбереме бизнисот, ние бараме „инструкции за употреба“. Станавме вешти во притискање копчиња, но заборавивме да прашаме: „Зошто воопшто го притискам ова?“ Кога 8 часа дневно правиме механички задачи, нашиот мозок влегува во режим на „штедење енергија“. Тоа што е најстрашно е што системот нè убеди дека тоа е работа. Не, тоа не е работа – тоа е роботска задача што некој човек ја прифатил да ја извршува.
Дали сметководството е само шифри и кликови?
Многумина се „научија“ на термини: влезен данок, излезен данок, шифри на конта… Тоа не е јазикот на сметководството.
Вистинското сметководство е многу поедноставно и многу посилно. Кога ќе ја тргнеш бучавата од шифри и „кликање“, остануваат само пет вида на сметки: Средства, Обврски, Приходи, Расходи и Капитал.
Кога ќе научиш да ги разликуваш и ќе ги научиш правилата за евидентирање на нивните промени – веќе не си оператор. Стануваш газда на својата работа. Кога ќе ја совладаш оваа логика, софтверот станува само алатка во твои раце, а не твој шеф.
Време е за промена на перспективата
Иронијата е што денес имаме алатки – како вештачката интелигенција – кои можат да го преземат тоа „механизирање“. Но, ние сè уште се плашиме. Се плашиме дека ако не сме „машини“ што слепо извршуваат, ќе бидеме „некорисни“.
Сепак, постои и поголема опасност: ако сме научени само слепо да ги следиме инструкциите, опасноста е дека истото ќе го правиме и со АИ. Ако слепо му веруваме на „паметниот“ алгоритaм без да ја вклучиме сопствената логика, последиците можат да бидат катастрофални. АИ може да греши, а без критичко размислување, ние ќе ги потпишеме тие грешки.
Во Институт Практикум веруваме дека е време да ја вратиме интелигенцијата во центарот на работата. Време е да престанеме да се криеме зад софтверските шифри или АИ-одговорите и да ја искористиме логиката за да ја разбереме суштината.
Запрашајте се: Дали сè уште ги следите инструкциите затоа што некој ви рекол дека „така мора“, или затоа што ја разбирате логиката што стои зад нив?
#КритичкоРазмислување#Сметководство#ИнститутПрактикум#ЛиченРазвој#Образование#Промена

