Специјалист за плати и надоместоци на вработените: Искуство на учесници
Со пренесување на работните задачи во доменот на платите и надоместоците на вработените од секторот за сметководство во секторот за човечки ресурси се соочивме со големи проблеми поради недоволната обученост на специјалистите за човечки ресурси да ја превземат оваа задача.
Кратките обуки за пресметка на плата овозможуваа да ја тераме работата, меѓутоа со извесен страв од ризикот од неисполнување или неадекватно исполнување на одредена обврска, која произлегува од правата на вработените или одредена обврска спрема државата по овој основ. Не бевме ни сигурни во однос на користењето на електронскиот систем на УЈП, МПИН, бидејќи ни се јавуваа различни варијанти при пресметката на плата, кои бараа различно процесирање.
Поминувајќи ја обуката за плати и надоместоци на вработените на Инстутот Практикум сфатив колку е комплексна оваа проблематика и сега се чувствувам сигурна во своите знаења за регулативата на платите и надоместоците на вработените во нашата земја и технички оспособена за процесирање на сите можни варијанти на пресметката на плата во електронските системи на УЈП. Научив и да вршам сметководствена евиденција и да ги разбирам даночните апликации на платите и надоместоците на вработените, што го сметам за знаење кое е многу корисно и значајно за процесот на деловно одлучување.
Многу сум благодарна што бев дел од обуката, обуката е многу јасна и практична и ја препорачувам на сите, особено на колегите од областа на човечките ресурси, кои верувам дека се соочуваат со истите предизвици со кои се соочивме ние при префлање на платата и надоместоците на вработените од секторот сметководство во нашиот сектор.

Весна Симоновска – Директор на Сектор за човечки ресурси, право и администрација / АД за осигурување ВИНЕР Виена Иншуренс Груп Скопје

