Е-книга: Сметководство на производство

3.300,00ден

Сметководство на производство

од д-р Весна Мицајкова

 

Категорија

Сметководството на производните претпријатија е најкомплексно. За да можете да бидете сметководител на производно претпријатије мора, пред се, добро да ги познавате трошоците, бидејќи тие се составен елемент на цената на чинење на готовиот производ врз основа на која се вреднува залихата на готови производи. Главната специфичност во сметководството на производните претпријатија е токму пресметка на цената на чинење на готовиот производ, а тоа е и главното прашање, кое е детално разработено во оваа книга.

Но, книгата не е ограничена само на прашањето за пресметка на цената на чинење на производство. Во книгата Сметководство на производство на едноставен јазик, преку примери од праксата, се објаснети сите специфичности во процесот на книговодствената евиденција и изработката на финансиските извештаи на производните претпријатија. Но, за се премине на специфичностите, мора да се поседуваат знаења за основите на сметководството и за теоријата и класификацијата на трошоците, што се прашања, кои се исто така разработени во оваа книга.

Содржина:

Вовед

Вовед во сметководство

Сметководство на производство

Видови трошоци

Поделба на трошоците од аспект на билансот на успех

Фиксни и варијабилни трошоци

Производни и непроизводни, трошоци кои влегуваат во цената на чинење на производот и трошоци на перидот

Директни и индиректни трошоци, трошоци на набавка и трошоци на конверзија

Трошоци според местата на настанување

Реални и плански трошоци

Книговодството во производните претпријатија

Набавка на суровини и материјали

Евиденција на трошоците

Потрошок на суровини и материјали

Трошоци за енергија

Потрошок на ситен инвентар и амбалажа

Трошоци за услуги

Трошоци за плати

Трошоци за амортизација

Трошоци за кусоци, кало, растур, расипување и кршење

Пресметка на цената на чинење на производството

Одредување на цената на чинење согласно меѓународните сметководствени стандарди

Книговодствена евиденција на производството

Начини на евиденција на трошоците во процесот на производство

Резиме за пресметката за цената на чинење на производството

Продажба на готови производи

Книговодствена евиденција на продажбата на готови производи

Метод на планска цена на производството

Специфичностите при изработка на финансиските извештаи на производните претпријатија

За авторот