На учесниците во Сертифицираниот курс по сметководство им следува 10% попуст!
Опис на курсот
Основна цел на овој курс е да ве запознае со даночната регулатива на Република Македонија и нејзиното влијание врз корпоративното работење, како и да ве обучи за правилна пресметка, книговодствена евиденција, пополнување даночни пријави и обезбедување консултантски услуги за данокот на додадена вредност (ДДВ), данокот на личен доход и данокот на добивка.
Што ќе научите?
✅ Данок на додадена вредност (ДДВ)
- Суштината и основниот принцип на данокот на додадена вредност
- Основица за пресметување на ДДВ и негова книговодствена евиденција
- Примена на соодветна даночна стапка и даночни ослободувања
- ДДВ при увозот
- ДДВ при авансни плаќања (авансни фактури)
- Евидентирање на Побарувања за ДДВ (Влезен ДДВ)
- Примена на член 32-а од Законот за ДДВ
- Изработка на ДДВ пресметка
- Пополнување на ДДВ пријава
- Книговодствена евиденција на ДДВ пресметката
- Регистрација за ДДВ (услови, постапка, предности и недостатоци)
- Специфични случаи на пресметка на ДДВ
✅ Данок на личен доход
- Категории на доход подложни на оданочување
- Пресметка на данок за личен доход на плати
- Данокот на личен доход на надоместоците на вработените – пресметка, ослободувања, книговодствена евиденција и пријава е во e-pdd системот на УЈП
- Пресметка, книговодствена евиденција и пополнување на билансот за данок на личен доход на самостојните вршители на дејност
- Данокот на личен доход за користени услуги од надворешни лица (авторски договори и договори на дело) – пресметка, книговодствена евиденција и пријава во e-pdd системот на УЈП
- Данокот на личен доход за закуп и подзакуп – пресметка, книговодствена евиденција и пријава во e-pdd системот на УЈП
- Данокот на личен доход за доход од капитал и доход од осигурување – пресметка, книжење и пријава во e-pdd системот на УЈП
✅ Данок на добивка
- Основица за данок на добивка
- Непризнаени расходи и даночни намалувања
- Пресметка на данок на добивка
- Пополнување на даночна пријава
- Данок на вкупен приход
Курсот е наменет за:
- Сметководителите, кои сакаат да се специјализираат во оваа област.
Потребни предзнаења:
- познавања на сметководство.
Времетраење на курсот: 3 месеци
Почеток на курсот: јануари 2027
Начин на реализација на курсот: Сите предавања се поставени како видео лекции, до кои може да пристапувате во било кое време што Ви одговара. Нема ограничување во однос на бројот на преслушувања на една лекција, во рамките на времетраењето на курсот. Групата ќе се среќава еднаш неделно со професорот преку ZOOM. На средбите ќе се договараме за материјалот којшто треба да се помине за наредната недела, ќе ги поминуваме заедно тестовите за проверка на знаењето и задачите од поминатите лекции и ќе имаме можност да дискутираме околу сите нејасни прашања и прашања од интерес.
Термини: Групата ќе се среќава онлајн секој четврток во 18:00.
Максимален број на учесници во една група: 10
Начин на запишување на курсот: Притиснете на жолтото копче КУПИ ГО КУРСОТ (ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА) и по внесување на Вашите податоци изберете метод за плаќање. На располагање Ви стојат два метода: уплата во банка и плаќање со платежна картичка. Штиклирајте го полето пред Ги прочитав и се согласувам со условите и притиснете НАРАЧАЈ. Доколку изберете уплата во банка, ќе ги добиете генералиите за плаќање по e-mail порака.
Плаќањето може да го извршите еднократно или на рати. Плаќањето по редовната цена на обука може да го извршите во 3 еднакви месечни рати (15.000 денари по рата). Еднократното плаќање може да го извршите со користење на двата расположливи методи за плаќања, а плаќањето на рати, може да го извршите само со уплата во банка.
За да може да направите нарачка на курсот, прво треба да се регистрирате на веб-страницата. Постапката за регистрација е следната:
- Притиснете на жолтото копче НАЈАВИ СЕ, кое се наоѓа до главното мени;
- Изберете го линкот Регистрирај се сега;
- Внесете корисничко име и E-mail адреса и притиснете на жолтото копче ЗАПИШИ СЕ;
- Потоа ќе добиете e-mail порака за креирање на лозинка. Доколку пораката не стигне во Inbox сандачето, Ве молиме проверете го Spam/Junk е-mail сандачето.
Даночно сметководство, Данок на личен доход, Данок на додадена вредност, курс, Данок на добивка, Danocno smetkovodstvo, Danok na licen dohod, Danok na dodadena vrednost, Danok na dobivka, DDV, ДДВ, e-pdd


