Опис на курсот
Сметководството на производните претпријатија е најкомплексно. За да можете да бидете сметководител на производно претпријатије мора, пред се, добро да ги познавате трошоците, бидејќи тие се составен елемент на цената на чинење на готовиот производ врз основа на која се вреднува залихата на готови производи. Главната специфичност во сметководството на производните претпријатија е токму пресметка на цената на чинење на готовиот производ.
Основна цел на курсот е стекнување на знаења за специфичностите во книговодствената евиденција и изработката на финансиски извештаи на производните претпријатија и по негово успешно завршување, треба да бидете оспособени за:
- Разликување на трошоците по видови;
- Книговодствена евиденција на набавката на суровини и материјали;
- Книговодствена евиденција на трошоците за: суровини и материјали, енергија, ситен инвентар, услуги, плати и амортизација;
- Пресметка на цената на чинење на производството (вредноста на залихата на готови производи);
- Книговодствена евиденција на производството;
- Книговодствена евиденција на продажбата на готови производи;
- Примена на методот на планска цена на чинење;
- Познавање на специфичностите при изработка на финансиските извештаи на производните претпријатија.
Курсот е наменет за:
- Сметководителите, кои сакаат да го надоградат своето знаење;
- Вработените во сметководство и финансии, кои сакаат да го надоградат своето знаење;
- Сите оние кои имаат намера да градат кариера во областа на сметководството и финансиите;
- Претприемачите и менаџерите, за да добијат подобра слика за финансиското работење, која ќе им овозможи подобро управување со бизнисот и остварување на поголем деловен успех;
- Студентите на економскиот факултет за полесно совладување на материјата од испитите по сметководство.
Потребни предзнаења:
- Основни познавања на сметководство.
Времетраење на курсот: 8 недели
Почеток на курсот: По уплатата, веднаш добивате пристап до содржините на курсот.
Начин на реализација на курсот: Оваа верзија на курсот се реализира целосно онлајн и самостојно. Сите предавања се достапни како видео лекции до кои може да пристапувате во било кое време и неограничен број пати, во рамките на периодот на пристап. Во секоја лекција се разработени практични примери, со цел полесно и појасно совладување на материјата.
ПРИТИСНЕТЕ ТУКА ЗА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ВИДЕОТО СО ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА КУРСОТ!
Сите учесници во обуката добиваат електронска книга: Сметководство на производство од д-р Весна Мицајкова.
Начин на запишување на курсот:
Притиснете на жолтото копче КУПИ ГО КУРСОТ (ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА) и по внесување на Вашите податоци изберете метод за плаќање. На располагање Ви стојат два метода: уплата во банка и плаќање со платежна картичка. Штиклирајте го полето пред Ги прочитав и се согласувам со условите и притиснете НАРАЧАЈ. Доколку изберете уплата во банка, ќе ги добиете генералиите за плаќање по e-mail порака.
За да може да направите нарачка на курсот, прво треба да се регистрирате на веб-страницата. Постапката за регистрација е следната:
- Притиснете на жолтото копче НАЈАВИ СЕ, кое се наоѓа до главното мени;
- Изберете го линкот Регистрирај се сега;
- Внесете корисничко име и E-mail адреса и притиснете на жолтото копче ЗАПИШИ СЕ;
- Потоа ќе добиете e-mail порака за креирање на лозинка. Доколку пораката не стигне во Inbox сандачето, Ве молиме проверете го Spam/Junk е-mail сандачето.
Учесниците во курсот добиваат електронски сертификат за посета на курсот.
Курс по сметководство за производство, Kurs za smetkovodstvo na proizvodstvo, сметководство на производно претпријатие, smetkovodstvo na proizvodno pretprijatie, сметководство на трошоци, smetkovodstvo na trosoci, cena na cinenje na gotov proizvod, цена на чинење на готов производ, залиха на готови производи, zaliha na gotovi proizvodi


