На учесниците во Сертифицираниот курс по сметководство и Курсот за даночно сметководство им следува 10% попуст!
Опис на обуката
Работата на специјалистот за плати и надоместоци на вработените e многу комплексна и бара познавања од обемна правна регулатива, познавања од финансиското сметководство, даночното сметководство и технички вештини за користење на електронските портали на Управата за јавни приходи: МПИН и е-пдд.
Основна цел на обуката е учесниците да стекнат знаења и практични вештини за самостојно извршување на работните задачи поврзани со пресметката и евиденцијата на платите и надоместоците на вработените.
Учесниците во обуката ќе стекнат знаења и вештини за:
- Правата на работниците за плати и надоместоци на плати согласно правната регулатива на нашата држава;
- Пресметка на плати, надоместоци на плати и даноците по овој основ;
- Книговодствена евиденција на плати и надоместоци на вработените;
- Импликациите на платите и надоместоците на вработените врз данокот за личен доход и данокот на добивка;
- Процесирање на платите и надоместоците на вработените преку електронските системи на УЈП: МПИН и e-pdd.
Курсот е наменет за:
- Сметководителите, кои сакаат да се специјализираат во оваа област.
Потребни предзнаења:
- познавања на сметководство.
Времетраење на обуката: 3 месеци
Можности за вработување:
Занимањето специјалист за плати и надоместоци на вработените е перспективно подари тоа што во нашата држава недостасуваат кадри, кои се обучени за комплетно покривање на оваа област, од една страна, а од друга страна потенцијалните можности за вработување се големи. Потреба за кадри од овој профил имаат:
- сите компании со поголем број на вработени;
- сите државни и јавни институции;
- сите сметководствени бироа.
Почеток на обуката: 17 ноември 2026
Начин на реализација на обуката:
Обуката се реализира онлајн, преку апликацијата Zoom. Средбите ќе се одржуваат секој вторник во 18:00 часот. Бројот на часови ќе зависи од обемот на секоја тематска единица.
Максимален број на учесници во една група: 10
Образовна програма
1. Правна регулатива и даночни аспекти
- Закон за работните односи и грански колективни договори;
- Разлики во пресметката на плата согласно видот на правниот субјект;
- Влијание на платите и надоместоците на вработените врз даноците.
2. Плата од редовно работење на вработените
3. Плата кај самовработени лица
4. Плата во различни случаи
- Промени на работниот статус во текот на месецот;
- Повеќекратна исплата на плата;
- Плата за вработени со бенефициран стаж;
- Плата за лица со инвалидност;
- Плата за управители кои не се осигурени по друг основ.
5. Плата во различни случаи
- Ослободувања согласно државни програми;
- Скратено работно време;
- Дополнително работење.
6. Задршки и порамнувања на плата
7. Додатоци на плата
- Додаток за работна успешност;
- Додаток за прекувремена работа;
- Додаток за ноќна работа;
- Додаток за работа на празник;
- Додаток за работа во ден за неделен одмор;
- Додаток за работа во смени.
8. 13-та плата и бонуси
9. Надоместок на плата при боледување
10. Надоместоци на трошоците поврзани со работата
- Службени патувања во земјата и во странство;
- Теренски додаток;
- Додаток за одвоен живот од семејството;
- Користење сопствен автомобил за службени цели;
- Надоместоци за превоз и исхрана.
11. Останати надоместоци
- Регрес за годишен одмор;
- Испратнина и отпремнина;
- Новогодишен надоместок;
- Јубилејна награда;
- Надоместоци при различни несреќни случаи.
12. Надоместоци согласно видовите договори за работа
- Приправничка работа;
- Пробна работа;
- Авторски договор;
- Договор за дело;
- Практиканти и волонтери.
Начин на запишување на курсот: Притиснете на жолтото копче КУПИ ГО КУРСОТ (ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА) и по внесување на Вашите податоци изберете метод за плаќање. На располагање Ви стојат два метода: уплата во банка и плаќање со платежна картичка. Штиклирајте го полето пред Ги прочитав и се согласувам со условите и притиснете НАРАЧАЈ. Доколку изберете уплата во банка, ќе ги добиете генералиите за плаќање по e-mail порака.
За да може да направите нарачка на курсот, прво треба да се регистрирате на веб-страницата. Постапката за регистрација е следната:
- Притиснете на жолтото копче НАЈАВИ СЕ, кое се наоѓа до главното мени;
- Изберете го линкот Регистрирај се сега;
- Внесете корисничко име и E-mail адреса и притиснете на жолтото копче ЗАПИШИ СЕ;
- Потоа ќе добиете e-mail порака за креирање на лозинка. Доколку пораката не стигне во Inbox сандачето, Ве молиме проверете го Spam/Junk е-mail сандаче.
Учесниците во обуката добиваат сертификат.
Референт за плати и надоместоци на вработените, Специјалист за плати и надоместоци на вработените, Payroll Specialist, Referent za plati i nadomestoci na vrabotenite, obuka, Specijalist za plati i nadomestoci na vrabotenite, Payroll officer, kurs, обука, курс presmetka na plata, MPIN aplikacija, пресметка на плата, МПИН


