ОПИС НА ОБУКАТА:
Професијата сметководител е комплексна, а можноста за нејзино самостојно извршување гарантира стабилен кариерен развој. Процесот на компјутеризација и автоматизација на работењето, високиот степен на сегментација на работните процеси во рамки на сметководствено-финансиското работење на претпријатијата, како и несоодветната прилагоденост на образовниот систем кон процесите на дигитализација, доведоа до недостиг на остручени сметководители на пазарот на труд.
Бизнис секторот има потреба од сметководители кои навистина го разбираат сметководството, а од друга страна, лицата кои сакаат да се занимаваат со оваа професија имаат потреба од квалитетна обука која ќе им овозможи суштинско разбирање и самостојно работење.
Во ерата на вештачката интелигенција
Во ерата на вештачката интелигенција, сметководствената професија доживува длабока трансформација. Алатките базирани на АИ ќе ги автоматизираат мануелните процеси кои се однесуваат на внес на податоци, технички пресметки и изработка на стандардизирани извештаи.
Тоа значи дека традиционалните оперативни задачи постепено ќе се намалуваат, а во иднина голем дел од нив ќе станат целосно автоматизирани. Софтверите за сметководство ќе станат поинтуитивни и поавтоматизирани, при што самото познавање на конкретни програми нема да биде клучен фактор за вработување.
Во новите услови, суштинското познавање на сметководството ќе стане најважната компетенција.
Новата улога на сметководителот
Нема да се бара само техничко извршување на задачи или познавање на конкретни алатки и програми. Наместо тоа, ќе се бара вистинско разбирање на сметководството како систем.
Новите сметководители ќе имаат улога да:
- го разбираат целокупниот финансиски процес
- ја контролираат точноста на автоматски генерираните податоци
- ги анализираат резултатите
- и давање советодавна поддршка во деловното одлучување
Професијата се поместува од оперативно кон интелектуално ниво.
Основна цел на Академијата
Основна цел на Академијата за сметководство е да ве обучи за комплетно самостојно водење сметководство, преку суштинско разбирање на сметководствената логика, со што се поставува основа за идната улога на сметководителот во новите услови на дигитализација и автоматизација.
Доколку го совладате сметководството и стекнете самодоверба за самостојно водење, ќе можете да обезбедите стабилен професионален ангажман или да започнете сопствена сметководствена дејност.
Сметководството се базира на меѓународни стандарди прифатени во повеќе земји, што овозможува работа и на странски пазари.
Структура на Академијата
Академијата е составена од 4 модули:
- Финансиско сметководство
- Даночно сметководство
- Плати и надоместоци на вработените
- Финансиски извештаи
и практичен семинар: Вештачка интелигенција (AI) во сметководството
Начин на работа
Во текот на обуката нема да се учи само механичко книжење или сувопарно пополнување обрасци. Фокусот е на разбирање на логиката и поврзаноста на сметководствените процеси.
Дали ќе работиме во софтвер? Да, обуката вклучува и работа во реален сметководствен систем. Но, софтверот е само алатка која се учи брзо и лесно.
Ќе се развива критичко размислување, разбирање на сметководствената суштина и способност за интерпретација на финансиски податоци — како основа за идно напредување во аналитички и консултантски улоги.
Оваа Академија е за оние што сакаат да бидат сметководители што разбираат, а не само извршуваат.
По завршување на Академијата, учесниците ќе бидат оспособени за:
- Самостојно водење материјално и финансиско сметководство
- Самостојна изработка на финансиски извештаи
- Познавање и примена на даночната регулатива
- Пресметка на плати и надоместоци
- Разбирање на специфичности при сметководство кај различни субјекти
Курсот е наменет за:
- Лица кои сакаат да се обучат за самостојно водење сметководство
- Лица кои сакаат да одговорат на барањата на новата улога на сметководителот
Потребни предзнаења:
Не се потребни предзнаења.
Времетраење:
Наставата се реализира во текот на 9 месеци, од јануари до декември 2027 година, со пауза во јули и август.
Почеток:
25 јануари 2027
Начин на реализација:
Курсот ќе се реализира со физичко присуство во просториите на Институт ПРАКТИКУМ.
Термини:
Групата ќе се среќава еднаш неделно во понеделник во 17:30 часот, со траење до најмногу 20:00 часот.
Групи:
Максимален број учесници во една група: 10
Нашата филозофија: Знаење, а не само „хартија“
Оваа Академија не продава државни лиценци – ние продаваме употребливо и наплативо знаење. На пазарот има премногу сопственици на сертификати кои не знаат да почнат со работа. Нашата цел е по 9 месеци да излезете како професионалци кои можат веднаш самостојно да работат.
✍️ НАЧИН НА ЗАПИШУВАЊЕ НА КУРСОТ
Запишувањето на курсот се врши преку веб-страницата со следните чекори:
Притиснете на жолтото копче „КУПИ ГО КУРСОТ“ (ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА) и внесете ги Вашите податоци. Потоа изберете метод на плаќање.
Достапни се две опции:
- уплата во банка
- плаќање со платежна картичка
Потоа означете го полето „Ги прочитав и се согласувам со условите“ и притиснете „НАРАЧАЈ“.
Доколку изберете уплата во банка, инструкциите за плаќање ќе Ви бидат доставени на Вашата e-mail адреса.
ЦЕНА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Учесниците имаат можност да изберат помеѓу неколку опции за плаќање:
Рана уплата
Цена за рана уплата (до 25 декември 2026): 122.000 денари
Еднократно плаќање
Редовна цена за еднократно плаќање: 129.000 денари
Плаќање на рати
Плаќање на 9 месечни рати по: 15.000 денари месечно
Еднократното плаќање е достапно со сите методи на плаќање (банка или платежна картичка).
Плаќањето на рати се врши исклучиво со уплата во банка.
РЕГИСТРАЦИЈА НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА
За да направите нарачка, потребно е претходно да се регистрирате на веб-страницата:
- Притиснете на жолтото копче „НАЈАВИ СЕ“ во главното мени
- Изберете „Регистрирај се сега“
- Внесете корисничко име и e-mail адреса и притиснете „ЗАПИШИ СЕ“
- Ќе добиете e-mail порака за креирање лозинка
Доколку пораката не се појави во Inbox, проверете го Spam/Junk фолдерот.
академија за сметководство, обука за сметководство, akademija za smetkovodstvo, obuka za smetkovodstvo, kurs za smetkovodstvo, курс за сметководство


