Курс за статистичка анализа на податоци
Имаш податоци, но не знаеш како да ги анализираш и да извлечеш вистински заклучоци?
Сакаш самостојно да обработуваш анкети, истражувања или деловни податоци — без да зависиш од други?
Овој курс ќе ти помогне да ја разбереш статистиката и веднаш да ја примениш во пракса.
Зошто овој курс е различен?
Статистика + софтвер (без програмирање)
Ќе научиш не само како функционира статистиката, туку и како да ја примениш во софтвер — без потреба од програмирање.
Дополнителна вредност за учесниците
Доколку изработуваш дипломска, магистерска или докторска работа, ќе добиеш индивидуална консултација за статистичката анализа на твоето истражување.
Цел на курсот
- Да ја научите суштината на статистичката анализа на податоци
- Да научите како да вршите статистичка дескриптивна анализа на база на податоци со примена на PSPP програмата
- Да научите како, врз основа на базата на податоци со кои располагате, да тестирате истражувачки хипотези со примена на PSPP програмата
Резултати од курсот
По завршување на курсот ќе можеш:
- Да ги категоризираш податоците по видови и да го избереш најсоодветниот метод за статистичка анализа
- Да спроведеш самостојна дескриптивна анализа, да ги интерпретираш резултатите и да ги прикажеш преку соодветни графици
- Да анализираш анкетни прашалници
- Да наоѓаш одговор на истражувачки прашања со примена на статистички тестови
- Да користиш голем дел од функционалностите на PSPP, со применливост и во SPSS
Со која алатка ќе работиш?
Ќе работиш со PSPP – бесплатен софтвер за статистичка анализа, сличен на SPSS.
✔️ Бесплатен за користење
✔️ Може да го користиш и по завршување на курсот
✔️ Вештини применливи и во SPSS
За кого е наменет курсот?
Овој курс е идеален за: истражувачи, маркетинг аналитичари и лица кои пишуваат научни трудови. Покрај нив, курсот е корисен за сите кои работат со податоци и сакаат да ја применат статистиката во својата работа.
Познавањето на PSPP е корисно за:
- Лицата коишто работат со деловни бази на податоци (финансиски аналитичари, маркетинг аналитичари, специјалисти за човечки ресурси…)
- Истражувачи на јавно мислење
- Лицата кои вршат истражувања и анализи во доменот на општествените или природните науки
- Лицата кои се занимаваат со академска работа
- Сите оние кои имаат намера да градат кариера во горенаведените области
⏱️ Времетраење на курсот: 25 часа (8-9 недели)
Начин на реализација
Курсот е комбинација од видео лекции и онлајн средби во живо:
- Видео лекции
пристап во било кое време
неограничено прегледување - Неделни Zoom средби со професор:
- насоки за учење
- решавање задачи
- дискусија и одговори на прашања
️ Термини
Почеток: април 2027
Онлајн средби: секој четврток во 19:30
Завршен тест
Завршниот тест се реализира со физичко присуство во просториите на Институтот Практикум.
Што добивате со курсот?
Сите учесници добиваат:
- Упатство за користење на PSPP програмата
- Едноставен речник за статистика
️ Потребни предзнаења
- Основни познавања на компјутерско работење.
ПРИТИСНЕТЕ ТУКА ЗА ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ВИДЕОТО СО ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА КУРСОТ!
Пријави се
Започни да работиш со податоци на професионално ниво.
Начин на запишување на курсот: Притиснете на жолтото копче КУПИ ГО КУРСОТ (ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА) и по внесување на Вашите податоци изберете метод за плаќање. На располагање Ви стојат два метода: уплата во банка и плаќање со платежна картичка. Штиклирајте го полето пред Ги прочитав и се согласувам со условите и притиснете НАРАЧАЈ. Доколку изберете уплата во банка, ќе ги добиете генералиите за плаќање по e-mail порака.
За да може да направите нарачка на курсот, прво треба да се регистрирате на веб-страницата. Постапката за регистрација е следната:
- Притиснете на жолтото копче НАЈАВИ СЕ, кое се наоѓа до главното мени;
- Изберете го линкот Регистрирај се сега;
- Внесете корисничко име и E-mail адреса и притиснете на жолтото копче ЗАПИШИ СЕ;
- Потоа ќе добиете e-mail порака за креирање на лозинка. Доколку пораката не стигне во Inbox сандачето, Ве молиме проверете го Spam/Junk е-mail сандачето.
Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот, добиваат сертификат анализа на податоци, analiza na podatoci, курсеви за практични вештини, SPSS програма, статистичка анализа на податоци, statisticka analiza na podatoci, prakticni vestini, kurs, курс


