Е-книга – сметководство

1.350,00ден

Е-книга: Научи сметководство преку практични примери

од д-р Весна Мицајкова

Категорија

Целта на книгата Научи сметководство преку практични примери е да ви го презентира сметководство на едноставен и разбирлив начин, преку примери од праксата, за да може да ја разберете неговата суштина. Книгата е составена од три дела и е прилагодена за почетници.

Првиот дел претставува вовед во сметководството и во овој дел се презентираат правилата за книговодствена евиденција во двете основни финансиски книги, структурата на основните финансиски извештаи: билансот на состојба и билансот на успех и основните сметководствени правила и принципи.

Вториот дел е посветен на книговодството и во склопот на овој дел е објаснета книговодствената евиденција на повеќето економски настани, кои може да се јават во едно трговско претпријатие.

А, во третиот дел се учи избработката на финансиските извештаи на пример на едно хипотетично претпријатие. Односно, презентирана е задача, која опфаќа економски настани, кои се случиле во хипотетичкото претпријатие во целокупен пресметковен период, од неговото основање до 31.12. Економските настани прво се евидентираат во дневникот на книжење, евиденцијата се проширува на главната книга и врз основа на тоа се објаснува изработката на финансиските извештаи.

Оваа книга е во електронска форма, а нејзината детална содржина може да ја прочитате во продолжение:

Содржина:

Вовед во сметководство        

Вовед во книговодство          

Трансакции за евидентирање

Сметките од контниот план

Принцип на двојно книговодство (должи-побарува)

Дневник на книжење

Главна книга и т-сметки

Вовед во финансиски извештаи      

Биланс на успех

Биланс на состојба

Евиденција на страната должи или на страната побарува?

Книговодство     

Набавки и обврски   

Евиденција на набавките и обврските кон добавувачите

Зависни трошоци на набавките

Обврски кон банката по основ на кредити

Обврски кон вработените (плати и придонеси)

Продажби и залихи  

Евиденција на продажбите

Наплата и отпис на побарувањата од купувачите

Авансно плаќање

Плаќање во готово

Одложено плаќање

Отпис на побарувањата од купувачите

Методи за вреднување на залихите и трошоци за продадени производи

ФИ-ФО метод на евиденција на залихите

ЛИ-ФО метод на евиденција на залихите

Методот на пондериран просек за евиденција на залихите

Амортизација и постојани средства        

Амортизација на постојани материјални средства

Отуѓување на постојани средства

Амортизација на нематеријални постојани средства

Капитал       

Евиденција на сопствениот капитал кај ДООЕЛ и ДОО

Евиденцијата на капиталот кај акционерските друштва

Добивката како капитално конто

Данок на додадена вредност (ДДВ)

Данок на додадена вредност (ДДВ) и проширена евиденција на набавките и продажбите

Временски разграничувања (АВР и ПВР) 

Временски разграничувања на трошоците и приходите

Активни временски разграничувања (АВР)

Однапред платени трошоци

Однапред пресметани, а ненаплатени приходи

Пасивни временски разграничувања (ПВР)

Однапред наплатени приходи

Однапред пресметани, а неплатени расходи

Евиденција на АВР или ПВР, на должи или побарува?

Производство

Сметководствената евиденција на производството, наспроти евиденцијата на услужните и трговските дејности

Сметководствена евиденција во услужно претпријатие

Сметководствена евиденција во трговско претпријатие

Сметководствена евиденција во производно претпријатие

Вредносно усогласување на залихи

Финансиски вложувања      

Инвестиции во краткорочни хартии од вредност (државни записи)

Инвестиции во долгорочни хартии од вредност (државни обврзници)

Финансиски извештаи           

Биланс на состојба и биланс на успех      

Евиденција на економските трансакции во Дневникот на книжење – Задача

Евиденција на економските трансакции во Дневникот на книжење – Решениe на задача

Изработка на т-сметки врз основа на Дневникот на книжење

Спроведување на корективни книжења

Сортирање на сметките по видови

Приходни сметки

Расходни сметки

Сметки на коишто се евидентираат средствата со кои располага претпријатието

Сметки на коишто се евидентираат обврските на претпријатието

Сметки на коишто се евидентира капиталот на претпријатието

Пренесување на салдата од т-сметките во билансот на успех (изработка на биланс на успех)

Пренесување на салдата од т-сметките во билансот на состојба

Елементи на билансот на состојба

Изработка на билансот на состојба

Затворање на сметките и распределба на финансискиот резултат

Извештај за парични текови         

Разбирање на промените во готовината

Класификација на готовинските трансакции

Готовински тек од оперативни активности

Готовински тек од инвестициски активности

Готовински тек од финансиски активности

Подготовка на извештајот за парични текови

Пресметка на готовинскиот тек од оперативни активности

Пресметка на готовинскиот тек од инвестициски активности

Пресметка на готовинскиот тек од финансиски активности

Комплетирање на извештајот за готовински текови

Шема за изработка на извештајот за готовински текови

За авторот