Додека билансот на состојба и билансот на успех се традиционални финансиски извештаи, извештајот за парични (готовински) текови е извештај од понов датум. Изработката на извештајот за парични текови е регулирана со Меѓународниот сметководствен стандард 7. МСС 7 не предвидува дефиниран образец за изготвување на овој извештај, односно стандардот укажува дека ентитетите треба да ги презентираат своите парични текови на начин кој најпогоден за нивното деловно работење.
Непостоењето на дефиниран образец за изработка, надополнето со фактот дека изработката на извештајот за парични текови во Република Македонија е задолжителна само за големите и средните субјекти, придонесува голем број на сметководители да не се сигурни во своите знаења за подготовка на овој извештај.
Извештајот за парични (готовински) текови, всушност, не е ништо друго, освен класифицирање на приливите и одливите на паричните средства во едно претпријатие по 3 вида на активности и начинот на неговата изработка е прилично логичен како и се останато во сметководството.
Книгата Извештај за парични (готовински) текови – Изработка и анализа на едноставен јазик, преку практични примери детално ја објаснува изработката на извештајот за парични текови, покривајќи ги сите точки предвидени со МСС-7. Содржината на оваа книга треба да ве научи самостојно да го изработувате овој извештај. Покрај изработката, книгата го разработува и прашањето за анализа на извештајот за парични (готовински) текови.
Содржина:
Извештај за парични (готовински) текови
Оперативни, финансиски и инвестициски активности
Изработка на извештајот за парични текови
Директен метод на изработка на извештајот за готовински текови
Индиректен метод на изработка на извештајот за готовински текови
Изработка на извештајот за парични текови – пример
Непарични ставки ставки во билансот на успех
Третманот на данокот на додадена вредност
Посебни обелоденувања во извештајот за парични текови
Ефекти од промени на девизниот курс
Вложувања во подружници, придружени ентитети и заеднички вложувања
Други обелоденувања
Цели и користи од информациите за парични текови
Анализа на извештајот за парични текови
Вежби
Задача 1
Задача 2
Задача 3
Задача 4
Задача 5
Задача 6
Решенија на вежби
Задача 1
Задача 2
Задача 3
Задача 4
Задача 5
Задача 6
За авторот