Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки и основач на Институтот Практикум. Таа има повеќегодишно работно искуство во финансискиот и стопанскиот сектор, а во 2014 година е избрана во насловно звање предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на Факултетот за бизнис економија – Скопје. Автор е повеќе научни трудови, како и на стручни текстови, објавени на: https://casoviposmetkovodstvo.mk/blog/. Основната цел на нејзината работа е подобрување на квалитетот на пазарот на образование, преку пласман на курсеви и образовни програми, кои овозможуваат оспособување на кандидатите за практична работа.