• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Анализа на податоци

  • Дома
  • Сите курсеви
  • Анализа на податоци
  • Сертифициран курс за Excel за сметководители и финансиски аналитичари

Сертифициран курс за Excel за сметководители и финансиски аналитичари

User Avatar
Весна Мицајкова
Анализа на податоци, Сметководство и финансии
(1 оцена)
7.900,00 ден
Excel-kurs
  • Опис
  • Курикулум
  • Професор
  • Оценки

EXCEL КУРСОТ ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАРИ Е КОМПЛЕТНО ПРИЛАГОДЕН ЗА ОНЛАЈН СЛЕДЕЊЕ!

Државна верификација

Курсот по Еxcel се реализира по програма, верификувана од Центарот за образование  на возрасни и Министерството за образование на Република Македонија. Добиениот сертификат од овој курс има статус на државна диплома и истиот може да се пријави како квалификација во Агенцијата за вработување.

Опис на курсот

Извршувањето на работните задачи во доменот на сметководството, финансиите, финансиската анализа и финансискиот менаџмент може да биде многу полесно, побрзо, поефикасно и попродуктивно доколку ги познавање функционалностите на Excel програмата. Excel програмата e една од најкористените програми за вршење пресметки, изработка на извештаи, графичка презентација и анализа на податоци.

Курсот за Excel за сметководители и финансиски аналитичари е дизајниран за да ве запознае со основните функционалностите на Excel програмата, но и со напредните алатки за организација, форматирање и анализа на податоци. Курсот ќе ви укаже каде и како да ги користите тие алатки во доменот на сметководствено-финансиското работење и финансиската анализа.

Курсот ќе ве научи на:

  • Основните функционалности на Excel програмата (запознавање со Excel екранот, креирање и уредување табели, форматирање келии, креирање формули, копирање и основно и специјално залепување, користење функции, креирање графикони);
  • Сортирање и основно и напредно филтрирање на податоци, пресметка на меѓузбирови;
  • Валидација на податоци и отстранување на дупликати;
  • Работа со Pivot табела;
  • Користење на What-If (Што-Ако) анализата;
  • Користење на Excel Solver;
  • Користење на функциите ROUND, SUMIF/S, COUNTIF/S и AVERAGEIF/S;
  • Користење на LOOKUP функциjата;
  • Условно форматирање на податоци;
  • Заштита на Еxcel документот и неговите елементи;
  • Означување на извршените промени и креирање на заеднички Excel документи;
  • Статистичка анализа на податоците (дескриптивна и корелациска анализа).

Курсот е наменет за:

  • Сите оние кои работата во областа на сметководството, финансиите, финансиската анализа и финансискиот менаџмент;
  • Сите оние кои имаат намера да градат кариера во областа на сметководството, финансиите и финансискиот менаџмент;

Времетраење на курсот: 4 недели

Почеток на курсот: 22.03.2023

Начин на реализација на курсот: Сите предавања се поставени како видео лекции, до кои може да пристапувате во било кое време што Ви одговара. Нема ограничување во однос на бројот на преслушувања на една лекција, во рамките на времетраењето на курсот. Групата ќе се среќава еднаш неделно со професорот преку ZOOM. На средбите ќе се договараме за материјалот којшто треба да се помине за наредната недела, и ќе имаме можност да дискутираме околу евентуални нејасни прашања.

Термини: Групата ќе се среќава онлајн во среда во 18:00.

Завршниот тест се полага со физичко присуство во просториите на Институтот Практикум.

Книги и работни материјали:

Сите учесници во курсот добиваат електронска книга: Excel за сметководители и финансиски аналитичари од д-р Весна Мицајкова, во која целиот материјал, обработен во курсот, е презентиран текстуално и Еxcel датотека со вежби.

Потребни предзнаења:

  • Основни  познавања на компјутерско работење.

Начин на запишување на курсот:

Притиснете на жолтото копче КУПИ ГО КУРСОТ и по внесување на Вашите податоци изберете метод за плаќање. На располагање Ви стојат два метода: уплата во банка и плаќање со платежна картичка. Штиклирајте го полето пред Ги прочитав и се согласувам со условите и притиснете НАРАЧАЈ. Доколку изберете уплата во банка, ќе ги добиете генералиите за плаќање по e-mail порака.

За да може да направите нарачка на курсот, прво треба да се регистрирате на веб-страницата. Постапката за регистрација е следната:

  • Притиснете на жолтото копче НАЈАВИ СЕ, кое се наоѓа до главното мени;
  • Изберете го линкот Регистрирај се сега;
  • Внесете корисничко име и E-mail адреса и притиснете на жолтото копче ЗАПИШИ СЕ;
  • Потоа ќе добиете e-mail порака за креирање на лозинка. Доколку пораката не стигне во Inbox сандачето, Ве молиме проверете го Spam/Junk е-mail сандачето.

Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот, добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за обработка и пресметка на податоци преку програма за табеларни калкулации.

Курс по Excel, Kurs za Excel, Ексел за сметководители, Excel za smetkovoditeli, Excel za finansiski analiticari, Ексел за финансиски аналитичари

Карактеристики на курсот

  • Лекции 0
  • Квизеви 0
  • Студенти 106
  • Сертификат Да
  • Следење Да
Курикулумот е празен
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Оцени

Просечна оцена

5
1 оцена

Детална оцена

5 Star
100%
4 Star
0%
3 Star
0%
2 Star
0%
1 Star
0%
  • Nora

    Оценка

    Одличен курс!

  • Опис
  • Курикулум
  • Професор
  • Оценки
7.900,00 ден
  • Сподели:

Може да Ви се допадне

Сертифициран курс за сметководство на производство Читај повеќе
Весна Мицајкова

Сертифициран курс за сметководство на производство

58
0
23.100,00 ден
Финансиско планирање и предвидување Читај повеќе
Весна Мицајкова

Финансиско планирање и предвидување

47
0
9.200,00 ден
Финансиско планирање и предвидување (онлајн) Читај повеќе
Весна Мицајкова

Финансиско планирање и предвидување (онлајн)

32
0
8.200,00 ден
Excel за сметководители и финансиски аналитичари (онлајн) Читај повеќе
Весна Мицајкова

Excel за сметководители и финансиски аналитичари (онлајн)

137
0
6.600,00 ден
Анализа на финансиски извештаи (онлајн) Читај повеќе
Весна Мицајкова

Анализа на финансиски извештаи (онлајн)

65
0
6.900,00 ден

    Производи

    • E-knjiga Računovodstvo 1.350,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга: Сметководство на производство 3.300,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга: Анализа на финансиски извештаи 2.400,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга – Извештај за парични текови 1.700,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга: Excel за сметководители и финансиски аналитичари 1.800,00ден Додај во кошничка

    Најнови написи

    Сертифицирана обука за финансиски службеник – онлајн следење
    21Апр2020
    Сертифициран курс по сметководство – онлајн следење
    28Мар2020
    Пет одлични бесплатни компјутерски програми за потребите на малите бизниси
    26Дек2017
    -
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
    kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
    ++389 075/747-480

    Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

    • Услови на употреба
    • Политика на приватност

    Најави се

    No apps configured. Please contact your administrator.

    Ја заборави лозинката?

    Не си член се уште? Регистрирај се сега

    Register a new account

    Дали си член? Најави се

    Facebook