Excel за сметководители и финансиски аналитичари (онлајн)

Опис на курсот
Excel програмата e една од најкористените програми за вршење пресметки, изработка на табели и извештаи, графичка презентација и анализа на податоци. Извршувањето на работните задачи кои вклучуваат обработка на податоци може да биде многу полесно, побрзо, поефикасно и попродуктивно доколку ги познавање функционалностите на Excel програмата. Со оглед на функцијата на Excel програмата, нејзината примена е најголема во сметководството, финансиите, финансискиот менаџмент и анализа.
Курсот за Excel за сметководители и финансиски аналитичари е дизајниран за да ве запознае со основните функционалностите на Excel програмата, но и со напредните алатки за организација, форматирање и анализа на податоци. Курсот ќе ви укаже каде и како да ги користите тие алатки во доменот на сметководствено-финансиското работење и финансиската анализа.
Курсот ќе ве научи на:
- Основните функционалности на Excel програмата (запознавање со Excel екранот, креирање и уредување табели, форматирање келии, креирање формули, копирање и основно и специјално залепување, користење функции, креирање графикони);
- Сортирање и основно и напредно филтрирање на податоци, пресметка на меѓузбирови;
- Валидација на податоци и отстранување на дупликати;
- Работа со Pivot табела;
- Користење на What-If (Што-Ако) анализата;
- Користење на Excel Solver;
- Користење на функциите ROUND, SUMIF/S, COUNTIF/S и AVERAGEIF/S;
- Користење на LOOKUP функциjата;
- Условно форматирање на податоци;
- Заштита на Еxcel документот и неговите елементи;
- Означување на извршените промени и креирање на заеднички Excel документи;
- Статистичка анализа на податоците (дескриптивна и корелациска анализа).
Курсот е наменет за:
- Сите оние кои работата во областа на сметководството, финансиите, финансиската анализа и финансискиот менаџмент;
- Сите оние кои имаат намера да градат кариера во областа на сметководството, финансиите и финансискиот менаџмент;
Начин на реализација на курсот:
На веб-страницата се поставени видео лекции за сите тематски единици, вклучени во курсот. Под делот КУРИКУЛУМ може да ги прочитате називите на сите лекции. До лекциите може да пристапувате во било кое време што Ви одговара Вам, нема ограничување во однос на бројот на преслушувања на една лекција, но целиот курс мора да го завршите во рок од 4 недели, по што пристапот до курсот ќе Ви биде прекинат.
Од лекциите, во склопот на курсот, може да ја превземете книгата Excel за сметководители и финансиски аналитичари од д-р Весна Мицајкова, во која текстуално е презентиран изучуваниот материјал. После секоја тематска единица во книгата се вклучени задачи за вежбање. Сите вежби и примерите на кои се совладува материјалот ги добивате и во Excel датотеки, кои ќе може да ги превземете.
Времетраење на курсот: 4 недели
Потребни предзнаења: основни познавања на компјутерско работење
Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот, добиваат сертификат. Сертификатот е електронски.
Начин на запишување на курсот:
Притиснете на жолтото копче КУПИ ГО КУРСОТ и по внесување на Вашите податоци изберете метод за плаќање. На располагање Ви стојат два метода: уплата во банка и плаќање со платежна картичка. Штиклирајте го полето пред Ги прочитав и се согласувам со условите и притиснете НАРАЧАЈ. Доколку изберете уплата во банка, ќе ги добиете генералиите за плаќање по e-mail порака. Откако ќе ја регистрираме Вашата уплата, ќе Ви овозможиме пристап до курсот и ќе добиете повратен e-mail со известување за тоа. Доколку изберете уплата со платежна картичка, ќе бидете пренасочени на страницата на CaSys за реализација на плаќањето. Пристапот до курсот ќе Ви биде овозможен, веднаш по реализацијата на плаќањето.
Откако пристапот до курсот ќе Ви биде овозможен, до курсот ќе може да пристапите преку елементот профил од главното мени на веб-страницата.
НАПОМЕНА: Избегнувајте го Internet Explorer, подобро е да го следите курсот преку поновите пребарувачи (на пример Chrome).
За да може да направите нарачка на курсот, прво треба да се регистрирате на веб-страницата. Постапката за регистрација е следната:
- Притиснете на жолтото копче НАЈАВИ СЕ, кое се наоѓа до главното мени;
- Изберете го линкот Регистрирај се сега;
- Внесете корисничко име и E-mail адреса и притиснете на жолтото копче ЗАПИШИ СЕ;
- Потоа ќе добиете e-mail порака за креирање на лозинка. Доколку пораката не стигне во Inbox сандачето, Ве молиме проверете го Spam/Junk е-mail сандачето.
Курс по Excel, Kurs za Excel, Ексел за сметководители, Excel za smetkovoditeli, Excel za finansiski analiticari, Ексел за финансиски аналитичари, онлајн курс, onlajn kurs
Карактеристики на курсот
- Лекции 28
- Квизеви 0
- Студенти 138
- Сертификат Да
- Следење Да
-
Материјали за учење и вежбање
Од овој дел може да ги превземете книгата за Excel и Excel датотеките за вежбање.
-
Основи на Excel
-
Напредна организација на податоци
-
Напредна анализа на податоци
-
Напредно форматирање на податоци
-
Статистичка анализа на податоци