• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Анализа на податоци

  • Дома
  • Сите курсеви
  • Анализа на податоци
  • Финансиско планирање и предвидување

Финансиско планирање и предвидување

User Avatar
Весна Мицајкова
Анализа на податоци, Сметководство и финансии
(0 оцени)
9.200,00 ден
  • Опис
  • Курикулум
  • Професор
  • Оценки

Опис на курсот

Планирањето е неопходно за остварување на деловен успех и отсуството на планирање се вбројува во 7-те основни причини за пропаѓање на бизнисите. Економското окружување е неизвесно, а со сметководственото планирање подобро се излегува во пресрет на таа неизвесност. Планирањето е тесно поврзано со предвидувањето и заедно се сметаат за основа на рационалното и ефикасно деловно одлучување.

Основна цел на сметководственото планирање е, врз основа на споредба на планираното и реализираното, да се изврши контрола на работењето и да се утврдат мерки за негово унапредување. Точноста на прогнозата, при поставување на планот е исклучително важна, бидејќи значајните грешки во предвидувањето водат кон лоши деловни одлуки и неефикасен менаџмент воопшто.

Доколку сакате да ја зголемите профитабилноста и ефикасноста на Вашиот бизнис и да ја намалите изложеноста на ризик од неизвесноста во економското окружување, или пак сакате да ја зголемите Вашата конкурентна предност на пазарот на трудот, курсот за финансиско планирање и предвидување е тоа што Ви е потребно.

Курсот за финансиско планирање и предвидување, преку практични примери, ќе Ве оспособи да вршите финансиско планирање и предвидување во Excel и да изработувате комплетни проформа финансиски извештаи.

Цели на курсот / Очекувани резултати

  • Да научите да изработувате финансиска прогноза со примена на методите: Moving Average, Exponential Smoothing и линеарна регресија;
  • Да научите да вршите избор на најточна прогноза;
  • Да научите да изработувате проформа биланс на успех, проформа биланс на состојба и проформа извештај за парични текови;
  • Да научите да вршите анализа на сензитивноста на планот.

Курсот е наменет за:

  • Лицата, кои работат сметководство, планирање или анализа;
  • Лицата, коишто имаат менаџерски позиции;
  • Сите оние кои планираат да градат кариера во областа на сметководството, финансиите и менаџментот.

Начин на реализација на курсот: 

Предавањата ќе се реализираат онлајн преку ZOOM апликацијата

Почеток на курсот: 16.02.2023

Времетраење на курсот: 4 недели

Термини:

Групата ќе се среќава онлајн секој четврток во 17:30. Број на часови (од 40 минути) по средба ќе биде 3, со предвидена пауза од 5 до 10 минути меѓу часовите.

Потребни предзнаења:

  • Познавања на сметководство.

Начин на запишување на курсот:

Притиснете на жолтото копче КУПИ ГО КУРСОТ и по внесување на Вашите податоци изберете метод за плаќање. На располагање Ви стојат два метода: уплата во банка и плаќање со платежна картичка. Штиклирајте го полето пред Ги прочитав и се согласувам со условите и притиснете НАРАЧАЈ. Доколку изберете уплата во банка, ќе ги добиете генералиите за плаќање по e-mail порака.

За да може да направите нарачка на курсот, прво треба да се регистрирате на веб-страницата. Постапката за регистрација е следната:

  • Притиснете на жолтото копче НАЈАВИ СЕ, кое се наоѓа до главното мени;
  • Изберете го линкот Регистрирај се сега;
  • Внесете корисничко име и E-mail адреса и притиснете на жолтото копче ЗАПИШИ СЕ;
  • Потоа ќе добиете e-mail порака за креирање на лозинка. Доколку пораката не стигне во Inbox сандачето, Ве молиме проверете го Spam/Junk е-mail сандачето.

Следува попуст за лицата кои го следеле Курсот за анализа на финансиски извештаи

финансиско планирање, финансиско предвидување, проформа финансиски извештаи, планирање на продажбата, финансиска прогноза, практични вештини, курс, finansisko planiranje, finansisko predviduvanje, proforma finansiski izvestai, planiranje na prodazbata, finansiska prognoza, prakticni vestini, kurs

Карактеристики на курсот

  • Лекции 0
  • Квизеви 0
  • Студенти 47
  • Сертификат Да
  • Следење Да
Курикулумот е празен
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Оцени

Просечна оцена

0
0 оцени

Детална оцена

5 Star
0%
4 Star
0%
3 Star
0%
2 Star
0%
1 Star
0%
  • Опис
  • Курикулум
  • Професор
  • Оценки
9.200,00 ден
  • Сподели:

Може да Ви се допадне

ПАКЕТ 2 Сертифицирани курсеви: Сметководство и Excel Читај повеќе
Весна Мицајкова

ПАКЕТ 2 Сертифицирани курсеви: Сметководство и Excel

21
0
25.700,00 ден 21.400,00 ден
Сертифициран курс за сметководство на производство Читај повеќе
Весна Мицајкова

Сертифициран курс за сметководство на производство

50
0
23.100,00 ден
Финансиско планирање и предвидување (онлајн) Читај повеќе
Весна Мицајкова

Финансиско планирање и предвидување (онлајн)

31
0
8.200,00 ден
Excel за сметководители и финансиски аналитичари (онлајн) Читај повеќе
Весна Мицајкова

Excel за сметководители и финансиски аналитичари (онлајн)

130
0
6.600,00 ден
Анализа на финансиски извештаи (онлајн) Читај повеќе
Весна Мицајкова

Анализа на финансиски извештаи (онлајн)

65
0
6.900,00 ден

    Производи

    • E-knjiga Računovodstvo 1.350,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга: Сметководство на производство 3.300,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга: Анализа на финансиски извештаи 2.400,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга – Извештај за парични текови 1.700,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга: Excel за сметководители и финансиски аналитичари 1.800,00ден Додај во кошничка

    Најнови написи

    Сертифицирана обука за финансиски службеник – онлајн следење
    21Апр2020
    Сертифициран курс по сметководство – онлајн следење
    28Мар2020
    Пет одлични бесплатни компјутерски програми за потребите на малите бизниси
    26Дек2017
    -
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
    kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
    ++389 075/747-480

    Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

    • Услови на употреба
    • Политика на приватност

    Најави се

    No apps configured. Please contact your administrator.

    Ја заборави лозинката?

    Не си член се уште? Регистрирај се сега

    Register a new account

    Дали си член? Најави се

    Facebook