• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Сметководство и финансии

  • Дома
  • Сите курсеви
  • Сметководство и финансии
  • Управување со обртен капитал (онлајн)

Управување со обртен капитал (онлајн)

User Avatar
Весна Мицајкова
Сметководство и финансии
(0 оцени)
7.700,00 ден
За онлајн курсеви
  • Опис
  • Курикулум
  • Професор
  • Оценки

Опис на курсот

Обртниот капитал, како разлика меѓу тековните средства и тековните обврски, има исклучително значење во процесот на реализација на секојдневните оперативни активности на претпријатието. Управувањето со обртниот капитал се однесува на управување со паричните средства, побарувањата од купувачите, залихите и обврските кон добавувачите.

Претпријатијата мора да чуваат парични средства за подмирување на своите обврски, меѓутоа паричните средства повлекуваат опортунитетни трошоци, односно изгубен приход, којшто би можел да се оствари при нивното инвестирање.

Претпријатијата мора да ги кредитираат купувачите, преку продажба на одложено плаќање (и на тој начин да креираат побарувања), бидејќи во спротивно може да ги изгубат купувачите поради нивната ориентација кон конкуренцијата. Меѓутоа, побарувањата од купувачите повлекуваат ризик од ненаплативост, а неможноста да се наплатат побарувањата предизвикува загуба.

Претпријатијата мора да чуваат залихи за да може да ги задоволат нарачките од купувачите, меѓутоа залихите повлекуваат трошоци за нивното чување (трошоци за магацински простор, трошоци за манипулација и осигурување, камата на ангажираните средства) и ризик од застареност.

Обврските кон добавувачите може да се користат како извор на краткорочно финансирање, бидејќи ако претпријатието го одложи плаќањето на обврските ќе може да ги користи ослободените парични средства за други цели. Меѓутоа, со одложувањето на плаќањето, претпријатието може да го изгуби својот кредитен рејтинг кај добавувачот, а тоа може да резултира и со прекин на испораката од страна на добавувачот.

Курсот Управување со обртниот капитал ќе Ве научи како да го утврдите оптималниот износ на тековни средства и тековни обврски и како да управувате со нивните износи, со цел минимализација на трошоци, а без притоа да се наруши квалитетот и континуитетот на работењето.

Курсот е прилагоден на програмата и материјалите на ACCA (Асоцијацијате на сертифицирани сметководители).

Цели на курсот 

  • Да го разберете поимот обртен капитал и причините за негов менаџмент;
  • Да научите да управувате со залихите;
  • Да научите да управувате со побарувањата од купувачите;
  • Да научите да управувате со обврските кон добавувачите;
  • Да научите да управувате со паричните средства.

Што ќе научите?

  • Да ја пресметате количината на набавка, која носи најниски трошоци на залихи, да го пресметате минималното ниво на залихи и да одлучите дали е исплатливо да се прифати количинскиот попуст при набавките;
  • Да носите одлуки дали е исплатливо да им понудите на купувачите попуст за рана уплата, да направите промени во кредитната политика или да користите фактор за продажба;
  • Да носите одлуки дали е исплатливо да ги прифатите промените во кредитната политика, кои ви ги нудат добавувачите;
  • Да користите техники за управување со паричните средства и да изработување план за готовинските текови.

Курсот е наменет за:

  • За лицата, кои работат или сакаат да градат кариера во сметководството, финансиите и финансискиот менаџмент, и сакаат да ги усовршат своите знаења;

Начин на реализација на курсот:

На веб-страницата се поставени видео лекции за сите тематски единици, вклучени во курсот. Под делот КУРИКУЛУМ може да ги прочитате називите на сите лекции. До лекциите може да пристапувате во било кое време што Ви одговара Вам, нема ограничување во однос на бројот на преслушувања на една лекција, но целиот курс мора да го завршите во рок од 4 недели, по што пристапот до курсот ќе Ви биде прекинат.

Времетраење на курсот: 4 недели

Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот, добиваат сертификат. Сертификатот е електронски.

Начин на запишување на курсот:

Притиснете на жолтото копче КУПИ ГО КУРСОТ и по внесување на Вашите податоци изберете метод за плаќање. На располагање Ви стојат два метода: уплата во банка и плаќање со платежна картичка. Штиклирајте го полето пред Ги прочитав и се согласувам со условите и притиснете НАРАЧАЈ. Доколку изберете уплата во банка, ќе ги добиете генералиите за плаќање по e-mail порака. Откако ќе ја регистрираме Вашата уплата, ќе Ви овозможиме пристап до курсот и ќе добиете повратен e-mail со известување за тоа. Доколку изберете уплата со платежна картичка, ќе бидете пренасочени на страницата на CaSys за реализација на плаќањето. Пристапот до курсот ќе Ви биде овозможен, веднаш по реализацијата на плаќањето.

Откако пристапот до курсот ќе Ви биде овозможен, до курсот ќе може да пристапите преку елементот профил од главното мени на веб-страницата.

НАПОМЕНА: Избегнувајте го Internet Explorer, подобро е да го следите курсот преку поновите пребарувачи (на пример Chrome).

За да може да направите нарачка на курсот, прво треба да се регистрирате на веб-страницата. Постапката за регистрација е следната:

  • Притиснете на жолтото копче НАЈАВИ СЕ, кое се наоѓа до главното мени;
  • Изберете го линкот Регистрирај се сега;
  • Внесете корисничко име и E-mail адреса и притиснете на жолтото копче ЗАПИШИ СЕ;
  • Потоа ќе добиете e-mail порака за креирање на лозинка. Доколку пораката не стигне во Inbox сандачето, Ве молиме проверете го Spam/Junk е-mail сандачето.

Управување со обртен капитал, обртен капитал, obrten kapital, mendzment na obrten kapital

Карактеристики на курсот

  • Лекции 6
  • Квизеви 0
  • Студенти 22
  • Сертификат Да
  • Следење Да
КурсевиСметководство и финансииУправување со обртен капитал (онлајн)
  • Управување со обртен капитал 6

    • Лекција1.1
      Управување со обртен капитал – книга
    • Лекција1.2
      Управување со обртен капитал – поим
    • Лекција1.3
      Управување со залихи
    • Лекција1.4
      Управување со побарувањата од купувачите
    • Лекција1.5
      Управување со обврските кон добавувачите
    • Лекција1.6
      Управување со парични средства
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Оцени

Просечна оцена

0
0 оцени

Детална оцена

5 Star
0%
4 Star
0%
3 Star
0%
2 Star
0%
1 Star
0%
  • Опис
  • Курикулум
  • Професор
  • Оценки
7.700,00 ден
  • Сподели:

Може да Ви се допадне

ПАКЕТ 2 Сертифицирани курсеви: Сметководство и Excel Читај повеќе
Весна Мицајкова

ПАКЕТ 2 Сертифицирани курсеви: Сметководство и Excel

21
0
25.700,00 ден 21.400,00 ден
Сертифициран курс за сметководство на производство Читај повеќе
Весна Мицајкова

Сертифициран курс за сметководство на производство

50
0
23.100,00 ден
Финансиско планирање и предвидување Читај повеќе
Весна Мицајкова

Финансиско планирање и предвидување

47
0
9.200,00 ден
Финансиско планирање и предвидување (онлајн) Читај повеќе
Весна Мицајкова

Финансиско планирање и предвидување (онлајн)

31
0
8.200,00 ден
Excel за сметководители и финансиски аналитичари (онлајн) Читај повеќе
Весна Мицајкова

Excel за сметководители и финансиски аналитичари (онлајн)

130
0
6.600,00 ден

    Производи

    • E-knjiga Računovodstvo 1.350,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга: Сметководство на производство 3.300,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга: Анализа на финансиски извештаи 2.400,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга – Извештај за парични текови 1.700,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга: Excel за сметководители и финансиски аналитичари 1.800,00ден Додај во кошничка

    Најнови написи

    Сертифицирана обука за финансиски службеник – онлајн следење
    21Апр2020
    Сертифициран курс по сметководство – онлајн следење
    28Мар2020
    Пет одлични бесплатни компјутерски програми за потребите на малите бизниси
    26Дек2017
    -
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
    kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
    ++389 075/747-480

    Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

    • Услови на употреба
    • Политика на приватност

    Најави се

    No apps configured. Please contact your administrator.

    Ја заборави лозинката?

    Не си член се уште? Регистрирај се сега

    Register a new account

    Дали си член? Најави се

    Facebook