Сертифицирана обука за финансиски службеник
ОБУКАТА ЗА ФИНАНСИСКИ СЛУЖБЕНИК Е КОМПЛЕТНО ПРИЛАГОДЕНА ЗА ОНЛАЈН СЛЕДЕЊЕ
Државна верификација
Обуката за финансиски службеник се реализира по програма, верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Република Македонија. Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.
Опис на обуката
Процесот на финансиска анализа и планирање е исклучително важен за деловниот успех на едно претпријатие. Реализацијата на овој процес бара финансиска стручност и искуство, но и технички вештини и голем ангажман за реализација на различни пресметки, изработка на извештаи и графичка презентација на добиените финансиски информации.
Најчесто, финансиската анализа и планирање се во доменот на работните задачи на финансиските менаџери, меѓутоа менаџментот има потреба од соодветни кадри кои ќе му обезбедат подршка во овој процес. Соодветните кадри треба да бидат способни за селекција, систематизирање и презентација на одредени финансиски податоци во вид на финансиски информации по барање на финансиските менаџери. Овие кадри е непходно да имаат познавања од книговодствената евиденција, структурата и содржината на финансиските извештаи, но и технички познавања на Excel програмата, како најкористена компјутерска програма за вршење пресметки, изработка на извештаи, графичка презентација и анализа на податоци. Со поседувањето пак на основни познавања за анализата на финансиските извештаи и сметководственото планирање ќе се зголеми степен на подршка, која овие кадри можат да ја пружат во процесот на финансиска анализа и планирање.
Образовната програма за стекнување на квалификации за занимањето финансиски службеник е конципирана за обука на кадри, кои ќе можат да обезбедат соодветна подршка на финансискиот менаџмент во процесите на финансиско работење, анализа и планирање во рамките на едно претпријатие. Оваа програма ќе им овозможи на учесниците стекнување на знаења, вештини и компетенции за:
- Основна книговодствена евиденција;
- Изработка на финансиски извештаи;
- Извршување на пресметки и изработка на извештаи во доменот на сметководствено-финансиското работење со примена на техничко-технолошки алатки и компјутерски софтвер;
- Подршка во процесот на финансиска анализа на работењето;
- Подршка во процесот на финансиско планирање.
Содржина на обуката
Обуката е конципирана од три модули:
I Модул: Сметководство;
II Модул: Excel за сметководители и финансиски аналитичари;
III Модул: Основи на анализа на финансиски извештаи.
Првиот модул се однесува на курсот по сметководство, чија основна цел е учесниците да стекнат суштинско разбирање на сметководството, да се запознаат со сите основни книговодствени книжења, начинот на изработка, содржината и структурата на финансиските извештаи.
Овој модул ги опфаќа следните тематски единици:
- Основни сметководствени правила и принципи;
- Книговодствена евиденција на набавките и обврските;
- Книговодствена евиденција на продажбите и залихите;
- Книговодствена евиденција на амортизација, капитал, временски разграничувања и финансиски вложувања;
- Данок на додадена вредност;
- Разлики во сметководствената евиденција според видови на дејност;
- Изработка на билансот на успех;
- Изработка на билансот на состојба;
- Изработка на извештајот за парични текови.
Вториот модул се однесува на курсот за Excel за сметководители и финансиски аналитичари. Курсот за Excel за сметководители и финансиски аналитичари е дизајниран за да ги запознае учесниците со основните функционалности на Excel програмата, но и со напредните алатки за организација, форматирање и анализа на податоци. Во курсот се работи на примери за користиње на Excel алатките во доменот на сметководствено-финансиското работење и финансиската анализа.
Овој модул ги опфаќа следните тематски единици:
- Основните функционалности на Excel програмата (запознавање со Excel екранот, креирање и уредување табели, форматирање келии, креирање формули, копирање и основно и специјално залепување, користење функции, креирање графикони);
- Сортирање и основно и напредно филтрирање на податоци, пресметка на меѓузбирови;
- Валидација на податоци и отстранување на дупликати;
- Работа со Pivot табела;
- Користење на What-If (Што-Ако) анализата;
- Користење на Excel Solver;
- Користење на одредени Excel функции, кои имаат значајна примена во финансиското работење и анализа;
- Условно форматирање на податоци;
- Заштита на Еxcel документот и неговите елементи;
- Означување на извршените промени и креирање на заеднички Excel документи;
- Статистичка анализа на податоците (дескриптивна и корелациска анализа).
Третиот модул вклучува обука за основите на анализата на финансиските извештаи. Основна цел на овој модул е да ги запознае учесниците со основните техники за анализа на финансиските извештаи и основните начела за нивно толкување.
Овој модул ги опфаќа следните тематски единици:
- Хоризонтална и вертикална анализа на билансот на состојба и билансот на успех;
- Анализа на финансиски индикатори (ликвидност, финансиска структура, деловна активност, профитабилност и пазарна вредност).
Курсот е наменет за:
- Вработените во сметководство и финансии, кои сакаат да ги надополнат своите знаења;
- Сите оние кои имаат намера да градат кариера во областа на сметководството, финансиската анализа и финансискиот менаџмент;
- Претприемачите и менаџерите, за да добијат подобра слика за финансиското работење, која ќе им овозможи подобро управување со бизнисот и остварување на поголем деловен успех.
Потребни предзнаења:
- Основни познавања на компјутерско работење.
Времетраење на курсот: 9-10 недели
Начин на реализација на курсот: Сите предавања се поставени како видео лекции, до кои може да пристапувате во било кое време што Ви одговара. Нема ограничување во однос на бројот на преслушувања на една лекција, во рамките на времетраењето на курсот. Групата ќе се среќава еднаш неделно со професорот преку ZOOM. На средбите ќе се договараме за материјалот којшто треба да се помине за наредната недела, ќе ги поминуваме заедно тестовите за проверка на знаењето од поминатите лекции и ќе имаме можност да дискутираме околу сите нејасни прашања и прашања од интерес.
МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ И ВИДЕОТО СО ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА КУРСОТ
Завршниот тест ќе се реализира со физичко присуство во просториите на Институтот Практикум.
Почеток на курсот: 20 април 2021
Термини: групата ќе се среќава секој вторник на ZOOM во 18 часот.
Книги и материјали:
Сите учесници во обуката ги добиваат електронските книги:
Научи сметководство преку практични примери; и
Excel за сметководители и финансиски аналитичари.
Автор на книгите е д-р Весна Мицајкова.
Завршниот тест се полага со физичко присуство во просториите на Институтот Практикум.
Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата ФИНАНСИСКИ СЛУЖБЕНИК.
Финансиски службеник, finansiski sluzbenik, finansiska analiza, finansisko planiranje, analiza na finansiski izvestai, obuka, kurs, prakticni vestini, smetkovodstvo, сметководство, финансиски менаџер, финансиска анализа, финансиско планирање, анализа на финансиски извештаи, обука, курс, практични вештини, сертифицирана обука, sertifikat, сертификат
Карактеристики на курсот
- Лекции 0
- Квизеви 0
- Студенти 27
- Сертификат Да
- Следење Да