Обука за финансиски аналитичар
ОБУКАТА ЗА ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР Е КОМПЛЕТНО ПРИЛАГОДЕНА ЗА ОНЛАЈН СЛЕДЕЊЕ
Опис на обука
Професијата финансиски аналитичар е престижна и многу барана во развиениот свет. Кај нас оваа професија е релативно нова и малкумина имаат вештини за извршување на истата. Анализата на побарувачката на пазарот на трудот на Република Македонија укажува на се поголема побарувачка за овој тип на кадри, особено од страна на претпријатијата со странски капитал. Фирмите со странски капитал се повеќе бараат работна сила со вакви вештини, бидејќи за странците финансиската анализа и планирањето се сметаат за неопходност во секој бизнис. Од другата страна, понудата на кадри, стручни за извршување на овие задачи, е релативно мала, па инвестицијата во обуката за стекнување на знаења и вештини за извршување на обврските и задачите на професијата финансиски аналитичар, може значајно да ги зголеми Вашите кариерни можности.
Обуката за финансиски аналитичар, организирана од Институтот Практикум вклучува 6 модули:
- Сметководство;
- Excel за финансиски аналитичари;
- Анализа на трошоци;
- Анализа на финансиски извештаи;
- Финансиско планирање и предвидување;
- Управување со обртен капитал.
Целта на оваа обука е да ги обучи учесниците за извршување на обврските и задачите на професијата финансиски аналитичар.
Модул: Сметководство
Неопходен предуслов за вршење на финансиска анализа е познавањето на сметководството. Наставната програма од овој модул ќе Ви овозможи стекнување на суштински познавања на сметководството, правилата и принципите на книговодствената евиденција, начинот на изработка, содржината и структурата на финансиските извештаи (билансот на состојба, билансот на успех и извештајот за парични текови).
Реализацијата на овој модул ќе се врши по образовна програма врз основа на книгата на д-р Весна Мицајкова: Научи сметководство преку практични примери. Содржината на книгата може да ја погледнете ТУКА. Наставната програма на модулот сметководство кореспондира со содржината на книгата.
Модул: Ехcel за финансиски аналитичари
Познавањето на компјутерската програма Excel при извршување на работните задачи во доменот на финансиите, сметководството, планирањето и анализата е речеси неопходно. Програмата Excel може значително да ви го олесни и скрати времето за извршување на работните задачи. Во склопот на модулот Excel за финансиски аналитичари, на практични примери, ќе може да научите како да ја користите оваа моќна алатка во процесот на финансиска анализа.
Реализацијата на овој модул ќе се врши по образовна програма врз основа на книгата на д-р Весна Мицајкова: Excel за сметководители и финансиски аналитичари. Содржината на книгата, може да ја погледнете ТУКА. Наставната програма на модулот Excel за финансиски аналитичари кореспондира со содржината на книгата.
Модул: Анализа на трошоци
Основна цел на финансискиот менаџмент е максимизација на профитот. Поаѓајќи од профитот како разлика меѓу приходите и трошоците од работење, за да ја оствариме основната цел на финансискиот менаџмент, мора да ги минимализираме односно оптимализираме трошоците. А, за да може да управуваме со трошоците, мора да ги познаваме нивните карактеристики, видови и факторите на чие влијание се подложни.
Очекуваните резултати од овој модул се следните:
- разликување на видови трошоци по различни критериуми;
- одредување на прагот на рентабилност на работењето;
- пресметка на цената на чинење на готовиот производ;
- одредување на цената на бизнис услугата;
- соодветен третман на трошоците во процесот на деловно одлучување.
Модул: Анализа на финансиски извештаи
Секој финансиски аналитичар мора да знае да ги чита финансиските извештаи. Анализата на финансиските извештаи овозможува да се согледуваат слабостите и потенцијалите на работењето, а врз основа на тоа да се превземат мерки за унапредување на деловните перформанси.
Очекуваните резултати од овој модул се следните:
- Разбирање на содржината и структурата на финансиските извештаи;
- Совладување на техниките за хоризонтална и вертикална анализа на финансиските извештаи;
- Совладување на поимот и начинот на пресметка на финансиските индикатори на работењето и толкување на нивните вредности;
- Стекнување на знаења и вештини за оценка на ликвидноста, пазарната позиција, финансиската структура, профитабилноста, ефикасноста и пазарна вредност на претпријатијата;
- Стекнување на знаења и вештини за анализа на паричните текови.
Модул: Финансиско планирање и предвидување
Планирањето е неопходно за остварување на деловен успех и отсуството на планирање се вбројува во основни причини за пропаѓање на бизнисите. Економското окружување е неизвесно, а планирањето ќе ви овозможи да и излезете во пресрет на таа неизвесност. Курсот за финансиско планирање и предвидување ќе ве обучи да изработувате сметководствени планови, кои ќе претставуваат основа за анализа, контрола и организација на работењето, а со тоа и основа на унапредување на ефикасноста и профитабилноста на работењето.
Очекуваните резултати од овој модул се следните:
- Да научите да изработувате финансиска прогноза со примена на методите: Moving Average, Exponential Smoothing и линеарна регресија;
- Да научите да вршите избор на најточна прогноза;
- Да научите да изработувате проформа биланс на успех, проформа биланс на состојба и проформа извештај за парични текови;
- Да научите да вршите анализа на сензитивноста на планот.
Модул: Управување со обртен капитал
Обртниот капитал, како разлика меѓу тековните средства и тековните обврски, има исклучително значење во процесот на реализација на секојдневните оперативни активности на претпријатието. Управувањето со обртниот капитал се однесува на управување со паричните средства, побарувањата од купувачите, залихите и обврските кон добавувачите.
Претпријатијата мора да чуваат парични средства за подмирување на своите обврски, меѓутоа паричните средства повлекуваат опортунитетни трошоци, односно изгубен приход, којшто би можел да се оствари при нивното инвестирање.
Претпријатијата мора да ги кредитираат купувачите, преку продажба на одложено плаќање (и на тој начин да креираат побарувања), бидејќи во спротивно може да ги изгубат купувачите поради нивната ориентација кон конкуренцијата. Меѓутоа, побарувањата од купувачите повлекуваат ризик од ненаплативост, а неможноста да се наплатат побарувањата предизвикува загуба.
Претпријатијата мора да чуваат залихи за да може да ги задоволат нарачките од купувачите, меѓутоа залихите повлекуваат трошоци за нивното чување (трошоци за магацински простор, трошоци за манипулација и осигурување, камата на ангажираните средства) и ризик од застареност.
Обврските кон добавувачите може да се користат како извор на краткорочно финансирање, бидејќи ако претпријатието го одложи плаќањето на обврските ќе може да ги користи ослободените парични средства за други цели. Меѓутоа, со одложувањето на плаќањето, претпријатието може да го изгуби својот кредитен рејтинг кај добавувачот, а тоа може да резултира и со прекин на испораката од страна на добавувачот.
Во модулот Управување со обртниот капитал ќе учиме како да утврдиме оптимален износ на тековните средства и тековните обврски и како да управуваме со нивните износи, со цел минимализација на трошоци, а без притоа да се наруши квалитетот и континуитетот на работењето.
Траење на курсот: околу 4 месеци
Почеток на курсот: 115 февруари
Термини: вторник и четврток во 17:30 часот (средбите ќе траат околу два училишни часа)
Начин на реализација на курсот: Курсот ќе се реализира онлајн преку апликацијата ZOOM
МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ И ВИДЕОТО СО ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА КУРСОТ
Книги и материјали за учење и вежбање
Сите учесници во обуката ги добиваат електронските книги:
Научи сметководство преку практични примери;
Excel за сметководители и финансиски аналитичари;
Анализа на трошоци и
Анализа на финансиски извештаи,
како и прирачник за финансиско предвидување и планирање.
За управување со обртниот капитал следуваат материјали за учење и вежбање.
Автор на сите материјали е д-р Весна Мицајкова.
Покрај објаснувањето на лекциите материјалите вклучуваат и тестови на знаењето, задачи и вежби на реални примери.
Сертификати:
Сите учесници во обуката ќе добијат СЕРТИФИКАТ ЗА УЧЕСТВО на обука за финансиски аналитичар.
Врз основа на резултатите на задачите и тестовите за проверка на знаењето, учесниците во обуката ќе добијат препорака со детална спецификација на знаењата и вештините, кои ги стекнале за време на обуката.
Опции за плаќање:
- За уплата до 1 февруари може да го искористите попустот за рана уплата, односно цената на обуката изнесува 37.830 денари;
- За плаќање на две месечни рати цената на обуката е 39.780 денари;
- За плаќање на три месечни рати цената на обуката е 40.170 денари;
- За плаќање на четири месечни рати цената на обуката е 40.560 денари.
Начин на запишување на обуката:
Притиснете на жолтото копче КУПИ ГО КУРСОТ и по внесување на Вашите податоци изберете метод за плаќање. На располагање Ви стојат два метода: уплата во банка и плаќање со платежна картичка. Штиклирајте го полето пред Ги прочитав и се согласувам со условите и притиснете НАРАЧАЈ. Доколку изберете уплата во банка, ќе ги добиете генералиите за плаќање по e-mail порака.
За да може да направите нарачка на курсот, прво треба да се регистрирате на веб-страницата. Постапката за регистрација е следната:
- Притиснете на жолтото копче НАЈАВИ СЕ, кое се наоѓа до главното мени;
- Изберете го линкот Регистрирај се сега;
- Внесете корисничко име и E-mail адреса и притиснете на жолтото копче ЗАПИШИ СЕ;
- Потоа ќе добиете e-mail порака за креирање на лозинка. Доколку пораката не стигне во Inbox сандачето, Ве молиме проверете го Spam/Junk е-mail сандачето.
Финансиски аналитичар, finansiski analiticar, finansiska analiza, finansisko planiranje, analina finansiski izvestai, obuka, kurs, prakticni vestini, финансиски аналитичар, финансиска анализа, финансиско планирање, анализа на финансиски извештаи, обука, курс, практични вештини
Карактеристики на курсот
- Лекции 0
- Квизеви 0
- Студенти 90
- Сертификат Да
- Следење Да
-
lile.sokolovska@gmail.com
Обука за финансиски аналитичар
Би сакала да го изразам моето големо задоволство од д-р Весна Мицајкова како ментор и презентер. Лично сметам дека пристапот кој го применува е аналитичен, детален и стручен. Достапна е во секое време за совети и дообјаснување на материјата. Топло ја препорачувам обуката за финансиски аналитичар во Институт Практикум за секој што сака да го збогати своето знаење од оваа област.