Обука за занимање: Референт за плати и надоместоци на вработените: Payroll Specialist
Државна верификација
Обуката се реализира по програма, верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Република Македонија. Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома и истиот може да се пријави како квалификација во Агенцијата за вработување.
Опис на обуката
Занимањето специјалист за плати и надоместоци на вработените e многу комплексно и бара познавања од обемна правна регулатива, познавања од финансиското сметководство, даночното сметководство и технички вештини за користење на електронските портали на Управата за јавни приходи: МПИН и е-пдд.
Основна цел на оваа обука е да продуцира кадри за комплетно самостојно вршење на оваа професија, односно лицата, кои успешно ќе ја завршат обуката, ќе стекнат знаења и вештини за:
- Правата на работниците за плати и надоместоци на плати согласно правната регулатива на нашата држава;
- Пресметка на плати, надоместоци на плати и даноците по овој основ;
- Импликациите на платите и надоместоците на врз данокот за личен доход и данокот на добивка;
- Процесирање на платите и надоместоците на вработените преку електронските системи на УЈП: МПИН и e-pdd.
КОМПЛЕТНАТА ПРОГРАМА НА ОБУКА МОЖЕ ДА ЈА ПРОЧИТАТЕ ПОДОЛУ
Курсот е наменет за:
- Сметководителите, кои сакаат да се специјализираат во оваа област;
- Правниците, кои сакаат да се специјализираат во оваа област;
- Сите оние кои сакаат да извршат преквалификација и да стекнат конкретни знаења и вештини за самостојно вршењe на работа на ниво на занимање.
Потребни предзнаења:
- Не се потребни предзнаења – кандидатите треба да имаат минимум завршено средно образование.
МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ И ВИДЕО ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ЗА ОБУКАТА!
Времетраење на обуката: 6 месеци
Можности за вработување:
Занимањето специјалист за плати и надоместоци на вработените е многу перспективно подари тоа што во нашата држава недостасуваат кадри, кои се обучени за комплетно покривање на оваа област, од една страна, а од друга страна потенцијалните можности за вработување се големи. Потреба за кадри од овој профил имаат:
- сите компании со поголем број на вработени;
- сите државни и јавни институции;
- сите сметководствени бироа.
Почеток на обуката: 23 јануари 2024
Начин на реализација на курсот:
Предавањата ќе се одвиваат секој вторник во просториите на Институтот Практикум, со почеток во 17:30 часот со траење најдоцна до 20:00 часот.
Сите оние коишто не се можност да ги следат предавањата со физичко присуство, ќе можат да ги следат онлајн. Онлајн предавањата, кандидатите може да ги следат во било кое време што им одговара.
Максимален број на учесници во една група: 10
Начин на запишување на курсот:
Притиснете на жолтото копче КУПИ ГО КУРСОТ и по внесување на Вашите податоци изберете метод за плаќање. На располагање Ви стојат два метода: уплата во банка и плаќање со платежна картичка. Штиклирајте го полето пред Ги прочитав и се согласувам со условите и притиснете НАРАЧАЈ. Доколку изберете уплата во банка, ќе ги добиете генералиите за плаќање по e-mail порака.
Плаќањето може да го извршите еднократно или на рати. Повластената цена (со одобрен попуст) може да ја искористите за еднократно плаќање на целиот износ при уписот или може по редовната цена на обука плаќањето да го извршите во 6 еднакви месечни рати (15.000 денари по рата). Еднократното плаќање може да го извршите со користење на двата расположливи методи за плаќања, а плаќањето на рати, може да го извршите само со уплата во банка.
За да може да направите нарачка на курсот, прво треба да се регистрирате на веб-страницата. Постапката за регистрација е следната:
- Притиснете на жолтото копче НАЈАВИ СЕ, кое се наоѓа до главното мени;
- Изберете го линкот Регистрирај се сега;
- Внесете корисничко име и E-mail адреса и притиснете на жолтото копче ЗАПИШИ СЕ;
- Потоа ќе добиете e-mail порака за креирање на лозинка. Доколку пораката не стигне во Inbox сандачето, Ве молиме проверете го Spam/Junk е-mail сандачето.
На крајот на обуката следи завршно тестирање. Кандидатите, кои успешно ќе го положат тестот добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за занимањето РЕФЕРЕНТ ЗА ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ВРАБОТЕНИТЕ
ДЕТАЛНА ОБРАЗОВНА ПРОГРАМА СО РЕЗУЛТАТИ ОД УЧЕЊЕТО
Модул 1: Поим и правна регулатива на платата и надоместоците од плата | |||
Модуларна единица | Резултати од учењето | ||
1 Правна рамка
2. Плата: елементи, исплата, задршки и порамнување
3. Надоместок на плата, трошоци и останати надоместоци
4. Видови на работно ангажирање
5. Паузи, одмори и отсуства
|
Учесникот кој успешно ја завршил програмата:
|
||
Учесникот кој успешно ја завршил програмата:
|
|||
Учесникот кој успешно ја завршил програмата:
|
|||
Учесникот кој успешно ја завршил програмата:
________________________________________ Учесникот кој успешно ја завршил програмата:
|
|||
Модул 2: Придонеси и даноци на плата | |||
Модуларна единица |
Резултати од учењето
|
||
2.Електронски апликации на Управата за јавни приходи |
______________________________________ Учесникот кој успешно ја завршил програмата:
|
Модул 3: Пресметка и книговодствена евиденција на бруто-плата и надоместоци на вработените | ||
Модуларна единица | Резултати од учењето
|
|
2. Бруто плата
3. Додатоци на основна плата
4. Надоместоци вклучени во основната плата
5. Надоместок на трошоците поврзани со работата
6. Останати надоместоци на вработените
7. Надоместоци согласно видови договори за работа
8. Даночни аспекти на надоместоците на вработените
|
_______________________________________
_______________________________________
_______________________________________ Учесникот кој успешно ја завршил програмата:
Учесникот кој успешно ја завршил програмата:
Учесникот кој успешно ја завршил програмата:
Учесникот кој успешно ја завршил програмата:
Учесникот кој успешно ја завршил програмата:
|
Референт за плати и надоместоци на вработените, Специјалист за плати и надоместоци на вработените, Payroll Specialist, Referent za plati i nadomestoci na vrabotenite, obuka, Specijalist za plati i nadomestoci na vrabotenite, Payroll officer, kurs, обука, курс
presmetka na plata, MPIN aplikacija, пресметка на плата, МПИН
Карактеристики на курсот
- Лекции 0
- Квизеви 0
- Студенти 10
- Сертификат Да
- Следење Да