Сертифициран курс за сметководство
СЕРТИФИЦИРАНИОТ КУРС ПО СМЕТКОВОДСТВО Е КОМПЛЕТНО ПРИЛАГОДЕН ЗА ОНЛАЈН СЛЕДЕЊЕ!
Државна верификација
Курсот по сметководство се реализира по програма, верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Република Македонија. Добиениот сертификат од овој курс има статус на државна диплома и истиот може да се пријави како квалификација во Агенцијата за вработување.
Опис на курсот
Курсот за сметководство опфаќа содржинска обука на учесниците за финансиско сметководство и воедно техничка обука за компјутерско водење сметководство. Програмата вклучува обука на компјутерската програма GnuCash за водење на финансиско сметководство. GnuCash е компјутерска програма од отворен тип, односно кандидадите може бесплатно да ја превземат и користат неограничено и по завршувањето на курсот.
GnuCash програмата е користена во многу земји и нејзиното познавање може да ви овозможи добивање на работа на меѓународниот пазар преку фриленсерските платформи.
Основна цел на курсот е стекнување на суштинско разбирање на сметководството и по неговото успешно завршување, учесниците ќе бидат оспособени за:
- Книговодствена евиденција на набавките, продажбите и ДДВ-то;
- Книговодствена евиденција на банкарските изводи (наплати и исплати);
- Книговодствена евиденција на обврските по кредити;
- Пресметка и книговодствена евиденција на плата;
- Примена на методите за вреднување на залихите односно утврдување на трошоците за продадени производи и услуги;
- Примена на различните начини на пресметка на амортизацијата и книговодствена евиденција на амортизацијата;
- Книговодствена евиденција на капиталот и финансискиот резултат.
- Книговодствена евиденција на временските разграничувања;
- Книговодствена евиденција на финансиските вложувања;
- Изработка на биланс на успех;
- Изработка на биланс на состојба;
- Изработка на извештај за парични текови;
- Користење на официјалниот сметководствен план;
- Користење на инструментите на платниот промет;
- Користење на софтвер за финансиско сметководство;
- Комплетно сметководствено водење на работењето на трговско претпријатие во GnuCash програмата;
Курсот е наменет за:
- Вработените во сметководство и финансии, кои извршуваат парцијални работни задачи и имаат желба да се обучат за водење на комплетно сметководство;
- Сите оние кои имаат намера да градат кариера во областа на сметководството и финансиите;
- Претприемачите и менаџерите, за да добијат подобра слика за финансиското работење, која ќе им овозможи подобро управување со бизнисот и остварување на поголем деловен успех;
- Претпријатијата, кои користат надворешни услуги за водење сметководство, а имаат потреба за зголемување на ефикасноста и прегледноста на интерното сметководство;
- Студентите на економскиот факултет за полесно совладување на материјата од испитите по сметководство.
Потребни предзнаења:
- Основни познавања на компјутерско работење.
Времетраење на курсот: 8-9 недели
Почеток на курсот: 10 јануари 2024
Начин на реализација на курсот: Сите предавања се поставени како видео лекции, до кои може да пристапувате во било кое време што Ви одговара. Нема ограничување во однос на бројот на преслушувања на една лекција, во рамките на времетраењето на курсот. Групата ќе се среќава еднаш неделно со професорот преку ZOOM. На средбите ќе се договараме за материјалот којшто треба да се помине за наредната недела, ќе ги поминуваме заедно тестовите за проверка на знаењето од поминатите лекции и ќе имаме можност да дискутираме околу сите нејасни прашања и прашања од интерес.
МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ И ВИДЕОТО СО ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА КУРСОТ
Термини: Групата ќе се среќава онлајн секојa среда во 19:00.
Завршниот тест ќе се реализира со физичко присуство во просториите на Институтот Практикум.
Сите учесници во обуката добиваат електронска книга: Научи сметководство преку практични примери од д-р Весна Мицајкова.
Максимален број на учесници во една група: 10
Начин на запишување на курсот:
Притиснете на жолтото копче КУПИ ГО КУРСОТ и по внесување на Вашите податоци изберете метод за плаќање. На располагање Ви стојат два метода: уплата во банка и плаќање со платежна картичка. Штиклирајте го полето пред Ги прочитав и се согласувам со условите и притиснете НАРАЧАЈ. Доколку изберете уплата во банка, ќе ги добиете генералиите за плаќање по e-mail порака.
За да може да направите нарачка на курсот, прво треба да се регистрирате на веб-страницата. Постапката за регистрација е следната:
- Притиснете на жолтото копче НАЈАВИ СЕ, кое се наоѓа до главното мени;
- Изберете го линкот Регистрирај се сега;
- Внесете корисничко име и E-mail адреса и притиснете на жолтото копче ЗАПИШИ СЕ;
- Потоа ќе добиете e-mail порака за креирање на лозинка. Доколку пораката не стигне во Inbox сандачето, Ве молиме проверете го Spam/Junk е-mail сандачето.
Курс по сметководство, Kurs za smetkovodstvo, службеник во сметководство, sluzbenik vo smetkovodstvo
Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО.
Карактеристики на курсот
- Лекции 0
- Квизеви 0
- Студенти 210
- Сертификат Да
- Следење Да