Статистичка анализа и обработка на податоци

Опис на курсот
Статистичката анализа на податоци има клучна улога во голем број на области.
Статистичките анализи се применуваат во:
- Економија, финансии, бизнис, маркетинг, човечки ресурси;
- Медицина, биологија, психологија, епидемиологија, фармација;
- Екологија, демографија….
Доколку сакате да ја зголемите профитабилноста и ефикасноста на Вашиот бизнис, да ја зголемите Вашата конкурентна предност на пазарот на трудот, да го зголемите квалитетот на Вашите научни и истражувачки трудови, курсот за анализа на податоци е тоа што Ви е потребно.
Курсот за статистичка обработка и анализа на податоци опфаќа суштинска теоретска обука за статистичка анализа на податоци и техничка обука за статистичка анализа во компјутерска програма. Компјутерската програма е бесплатна и учесниците може да ја користат без надомест и по завршувањето на курсот.
Совладувањето на материјата е поткрепено со практични примери од области согласно интересите на учесниците.
Образовната програма за реализација на курсот е верификувана од Центарот за образование на возрасни – Скопје.
Цел на курсот
- Да ја научите суштината на статистичката анализа на податоци;
- Да научите како да вршите статистичка дескриптивна анализа на база на податоци со примена на PSPP програмата;
- Да научите како, врз основа на базата на податоци со кои располагате, да тестирате истражувачки хипотези со примена на PSPP програмата.
Резултати од курсот
- Способност за категоризација на податоците по видови и избор на најадекватен метод за статистичка анализа;
- Вештина за самостојна дескриптивна статистичка анализа на база на податоци, интерпретација на резултатите и соодветна графичка презентација;
- Вештина за анализа на анкетни прашалници;
- Способност за пронаоѓање на одговор на голем број на истражувачки прашања со примена на статистички тестови;
- Техничка вештина за користење на повеќето функционалности на PSPP програмата, а со тоа и на голем дел од SPSS програмата.
Што е PSPP?
- PSPP e бесплатен софтвер за статистичка анализa на податоци изработен по примерот на SPSS софтверот на IBM корпорацијата;
- PSPP ги има повеќе функционалности, што ги има и SPSS.
Познавањето на PSPP е корисно за:
- Лицата коишто работат со деловни бази на податоци (финансиски аналитичари, маркетинг аналитичари, специјалисти за човечки ресурси…);
- Истражувачи на јавно мислење;
- Лицата кои вршат истражувања и анализи во доменот на општествените или природните науки;
- Лицата кои се занимаваат со академска работа;
- Сите оние кои имаат намера да градат кариера во горенаведените области.
Потребни предзнаења:
- Основни познавања на компјутерско работење.
Времетраење на курсот: 25 часа;
Почеток на курсот: Група ќе се формира врз основа на покажан интерес. Се молат заинтересираните лица за следење на курсот да го пријават својот интерес на контакт e-mail адресата.
Постои можност за следење на курсот за статистичка анализа на податоци и преку индивидуални часови. Цената за индивидуалните часови изнесува 1.250 денари по час.
Термини: вторник и четврток од 17:30 до 19:00
Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот, добиваат сертификат.
Сите учесници добиваат:
- Упатство за користење на PSPP програмата;
- Едноставен речник за статистика.
анализа на податоци, analiza na podatoci, курсеви за практични вештини, SPSS програма, статистичка анализа на податоци, statisticka analiza na podatoci, prakticni vestini, kurs, курс
Карактеристики на курсот
- Лекции 14
- Квизеви 0
- Времетраење 14 часови
- Студенти 1
- Сертификат Да
- Следење Да
-
- Дефинирање на основните статистички поими
- Разликување на видови на податоци
- Создавање на датотека во PSPP
- Користење на PSPP фунциите за управување со датотеките на податоци
- Дефинирање и пресметка на мерките на централна тенденција во PSPP
- Дефинирање и пресметка на мерките на дисперзија во PSPP
- Видови графикони, избор и изработка на графикони за презентација на податоците
- Дефинирање и тестирање на нормална дистрибуција на податоци
- Дефинирање, пресметка и толкување на коефициентите на корелација
- Процесот на анализа на податоци, дефинирање и тестирање на хипотези
- Избор на соодветен статистички тест за конкретно истражувачко прашање
- Изработка и толкување на резултатите од статистичките тестови: Хи-квадрат, т-тестoви, тест на корелација, ANOVA, повеќе непараметарски тестови…
- Изработка на регресивен модел и толкување на резултатите од регресивната анализа
- Практична вежба: анализа на анкетен прашалник