• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Сметководство и финансии

  • Дома
  • Сите курсеви
  • Сметководство и финансии
  • Курс по сметководство (онлајн)

Курс по сметководство (онлајн)

User Avatar
Весна Мицајкова
Сметководство и финансии
(1 оцена)
7.700,00 ден
  • Опис
  • Курикулум
  • Професор
  • Оценки

Опис на курсот

Курсот за сметководство е прилагоден за почетници, се почнува со изучување на основните сметководствени правила и принципи, па врз основа на нив се изучува книговодствена евиденција на повеќето економски настани во едно трговско претпријатие, како и изработката на финансиските извештаи: билансот на состојба, билансот на успех и извештајот за парични текови.

Цел на курсот:

  • Да ја разберете суштината на сметководството;
  • Да ги разберете и да научите како да ги применувате основните сметководствени правила и принципи;
  • Да ја согледате комплетната слика, поврзаноста меѓу книговодството и финансиските извештаи;
  • Да научите да вршите книговодствена евиденција на деловните трансакции: набавки, продажби, амортизација, плати, капитал, обврски, финансиски вложувања, временски разграничувања, залихи и ДДВ;
  • Да ја научите структурата и начинот на изработка на финансиските извештаи.

МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ И ВИДЕОТО СО ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА КУРСОТ

Начин на реализација на курсот:

На веб-страницата се поставени видео лекции за сите тематски единици, вклучени во курсот. Под делот КУРИКУЛУМ може да ги прочитате називите на сите лекции. До лекциите може да пристапувате во било кое време што Ви одговара Вам, нема ограничување во однос на бројот на преслушувања на една лекција, но целиот курс мора да го завршите во рок од 9 недели, по што пристапот до курсот ќе Ви биде прекинат. После секоја лекција, од делот сметководство, има тест, а успешното решавање на тестовите е услов за добивање на сертификатот. Финансиските извештаи се изучуваат врз основа на задача во која се презентирани економските настани, кои се случиле во едно трговско претпријатие во цел пресметковен период. Врз основа на евиденцијата на економските настани на тоа претпријатие во Дневникот на книжење, учиме како да ги изработиме билансот на состојба и билансот на успех.

Од лекциите, во склопот на курсот, може да ја превземете книгата Научи сметководство преку практични примери од д-р Весна Мицајкова, во која текстуално е презентиран изучуваниот материјал.

Курсот е наменет за:

  • Вработените во сметководство и финансии, кои извршуваат парцијални работни задачи и имаат желба да се обучат за водење на комплетно сметководство;
  • Сите оние кои имаат намера да градат кариера во областа на сметководството и финансиите;
  • Претприемачите и менаџерите, за добијат подобра слика за финансиското работење, која ќе им овозможи подобро управување со бизнисот и остварување на поголем деловен успех;
  • Студентите на економскиот факултет за полесно совладување на материјата од испитите по сметководство.

Времетраење на курсот: 9 недели

Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот, добиваат сертификат. Сертификатот е електронски.

Начин на запишување на курсот:

Притиснете на жолтото копче КУПИ ГО КУРСОТ и по внесување на Вашите податоци изберете метод за плаќање. На располагање Ви стојат два метода: уплата во банка и плаќање со платежна картичка. Штиклирајте го полето пред Ги прочитав и се согласувам со условите и притиснете НАРАЧАЈ. Доколку изберете уплата во банка, ќе ги добиете генералиите за плаќање по e-mail порака. Откако ќе ја регистрираме Вашата уплата, ќе Ви овозможиме пристап до курсот и ќе добиете повратен e-mail со известување за тоа. Доколку изберете уплата со платежна картичка, ќе бидете пренасочени на страницата на CaSys за реализација на плаќањето. Пристапот до курсот ќе Ви биде овозможен, веднаш по реализацијата на плаќањето.

Откако пристапот до курсот ќе Ви биде овозможен, до курсот ќе може да пристапите преку елементот профил од главното мени на веб-страницата.

НАПОМЕНА: Избегнувајте го Internet Explorer, подобро е да го следите курсот преку поновите пребарувачи (на пример Chrome).

За да може да направите нарачка на курсот, прво треба да се регистрирате на веб-страницата. Постапката за регистрација е следната:

  • Притиснете на жолтото копче НАЈАВИ СЕ, кое се наоѓа до главното мени;
  • Изберете го линкот Регистрирај се сега;
  • Внесете корисничко име и E-mail адреса и притиснете на жолтото копче ЗАПИШИ СЕ;
  • Потоа ќе добиете e-mail порака за креирање на лозинка. Доколку пораката не стигне во Inbox сандачето, Ве молиме проверете го Spam/Junk е-mail сандачето.

kurs po smetkovodstvo, finansisko smetkovodstvo, prakticni vestini

Карактеристики на курсот

  • Лекции 28
  • Квизеви 8
  • Времетраење 9 недели
  • Јазик македонски
  • Студенти 181
  • Сертификат Да
  • Следење Самостојно
КурсевиСметководство и финансииКурс по сметководство (онлајн)
  • Дел 1: Вовед во сметководство 4

    Воведот во сметководство има за цел да Ве запознае со основните правила и принципи на водењето сметководство, кои мора да ги знаете и разбирате за да може да го совладате остатокот од сметководствената материја.

    • Лекција1.1
      Вовед во книговодство
    • Лекција1.2
      Вовед во финансиски извештаи
    • Квиз1.1
      Вовед во сметководство 20 прашања
    • Лекција1.3
      Книга – Научи сметководство преку практични примери
  • Дел 2: Книговодство 20

    Овде ќе ги научите основните сметководствени книжења.

    • Лекција2.1
      Набавки и обврски 1
    • Лекција2.2
      Набавки и обврски 2
    • Лекција2.3
      Набавки и обврски 3
    • Квиз2.1
      Набавки и обврски 15 прашања
    • Лекција2.4
      Продажби
    • Лекција2.5
      Залихи
    • Квиз2.2
      Продажби и залихи 20 прашања
    • Лекција2.6
      Амортизација и постојани средства 1
    • Лекција2.7
      Амортизација и постојани средства 2
    • Лекција2.8
      Амортизација и постојани средства 3
    • Квиз2.3
      Амортизација и постојани средства 15 прашања
    • Лекција2.9
      Капитал
    • Квиз2.4
      Капитал 10 прашања
    • Лекција2.10
      Данок на додадена вредност (ДДВ)
    • Квиз2.5
      Данок на додадена вредност (ДДВ) 6 прашања
    • Лекција2.11
      Временски разграничувања (АВР и ПВР)
    • Квиз2.6
      Временски разграничувања (АВР и ПВР) 6 прашања
    • Лекција2.12
      Производство
    • Лекција2.13
      Финансиски вложувања
    • Квиз2.7
      Финансиски вложувања 6 прашања
  • Дел 3: Финансиски извештаи 12

    Овој дел од курсот има за цел да Ве научи да ги изработите основните финансиски извештаи: билансот на состојба и билансот на успех.

    • Лекција3.1
      Задача
    • Лекција3.2
      Решение на задача 1
    • Лекција3.3
      Решение на задача 2
    • Лекција3.4
      Спроведување на корективни книжења
    • Лекција3.5
      Сортирање на сметките по видови
    • Лекција3.6
      Изработка на биланс на успех
    • Лекција3.7
      Изработка на биланс на состојба
    • Лекција3.8
      Финансиски извештаи 1
    • Лекција3.9
      Финансиски извештаи – 2
    • Лекција3.10
      Извештај за парични текови 1
    • Лекција3.11
      Извештај за парични текови – 2
    • Лекција3.12
      Задачи за ИПТ
  • Дел 4: Компјутерско водење на финансиско сметководство 0

    Доколку сте заинтересирани за обука за компјутерско водење сметководство на бесплатната компјутерска програма GnuCash може да се приклучите дополнително на онлајн курсот за компјутерско водење финансиско сметководство. Користењето на програма за водење сметководство GnuCash се совладува преку решавањето на задачата од делот Финансиски извештаи во GnuCash. GnuCash е бесплатен софтвер, кој може да го превземете и користите неограничено, независно од следењето на курсот.

    Овој дел е празен!
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Оцени

Просечна оцена

5
1 оцена

Детална оцена

5 Star
100%
4 Star
0%
3 Star
0%
2 Star
0%
1 Star
0%
  • daniel mitevski

    5*

    mnogu ubavo objasneto vo site delovi na kursot, go preporacuvam na toj sto e zainteresiran.

  • Опис
  • Курикулум
  • Професор
  • Оценки
7.700,00 ден
  • Сподели:

Може да Ви се допадне

ПАКЕТ 2 Сертифицирани курсеви: Сметководство и Excel Читај повеќе
Весна Мицајкова

ПАКЕТ 2 Сертифицирани курсеви: Сметководство и Excel

21
0
25.700,00 ден 21.400,00 ден
Сертифициран курс за сметководство на производство Читај повеќе
Весна Мицајкова

Сертифициран курс за сметководство на производство

50
0
23.100,00 ден
Финансиско планирање и предвидување Читај повеќе
Весна Мицајкова

Финансиско планирање и предвидување

47
0
9.200,00 ден
Финансиско планирање и предвидување (онлајн) Читај повеќе
Весна Мицајкова

Финансиско планирање и предвидување (онлајн)

31
0
8.200,00 ден
Excel за сметководители и финансиски аналитичари (онлајн) Читај повеќе
Весна Мицајкова

Excel за сметководители и финансиски аналитичари (онлајн)

130
0
6.600,00 ден

Остави реплика Откажи одговор

Мора да се пријавите за да испратите коментар.

    Производи

    • E-knjiga Računovodstvo 1.350,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга: Сметководство на производство 3.300,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга: Анализа на финансиски извештаи 2.400,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга – Извештај за парични текови 1.700,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга: Excel за сметководители и финансиски аналитичари 1.800,00ден Додај во кошничка

    Најнови написи

    Сертифицирана обука за финансиски службеник – онлајн следење
    21Апр2020
    Сертифициран курс по сметководство – онлајн следење
    28Мар2020
    Пет одлични бесплатни компјутерски програми за потребите на малите бизниси
    26Дек2017
    -
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
    kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
    ++389 075/747-480

    Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

    • Услови на употреба
    • Политика на приватност

    Најави се

    No apps configured. Please contact your administrator.

    Ја заборави лозинката?

    Не си член се уште? Регистрирај се сега

    Register a new account

    Дали си член? Најави се

    Facebook