Извештај за парични (готовински) текови (онлајн)
Додека билансот на состојба и билансот на успех се традиционални финансиски извештаи, извештајот за парични (готовински) текови е извештај од понов датум. Изработката на извештајот за парични текови е регулирана со Меѓународниот сметководствен стандард 7. МСС 7 не предвидува дефиниран образец за изготвување на овој извештај, односно стандардот укажува дека ентитетите треба да ги презентираат своите парични текови на начин кој најпогоден за нивното деловно работење.
Непостоењето на дефиниран образец за изработка, надополнето со фактот дека изработката на извештајот за парични текови во Република Македонија е задолжителна само за големите и средните субјекти, придонесува голем број на сметководители да не се сигурни во своите знаења за подготовка на овој извештај.
Извештајот за парични (готовински) текови, всушност, не е ништо друго, освен класифицирање на приливите и одливите на паричните средства во едно претпријатие по 3 вида на активности и начинот на неговата изработка е прилично логичен како и се останато во сметководството.
Онлајн курсот за извештајот за парични текови е дизајниран да ве оспособи за самостојна изработка на овој извештај и да ве научи како да вршите негова анализа.
Цели на курсот / Очекувани резултати
- Да научите да вршите самостојна изработка на извештајот за парични (готовински) текови;
- Да научите да вршите анализа на извештајот за парични (готовински) текови.
Потребни предзнаења
- Познавања од книговодствената евиденција;
- Познавања на структурата и содржината на билансот на состојба и билансот на успех.
Курсот е наменет за:
- Лицата, кои работат или сакаат да градат кариера во областа на сметководството или финансискиот менаџмент.
Времетраење на курсот: 4 недели;
МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ И ВИДЕОТО СО ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА КУРСОТ
Начин на реализација на курсот:
На веб-страницата се поставени видео лекции за сите тематски единици, вклучени во курсот. Под делот КУРИКУЛУМ може да ги прочитате називите на сите лекции. До лекциите може да пристапувате во било кое време што Ви одговара Вам, нема ограничување во однос на бројот на преслушувања на една лекција, но целиот курс мора да го завршите во рок од 4 недели, по што пристапот до курсот ќе Ви биде прекинат.
Од лекциите, во склопот на курсот, може да ја превземете книгата Извештај за парични текови – изработка и анализа од д-р Весна Мицајкова, во која текстуално е презентиран изучуваниот материјал. Во книгата се вклучени и вежби, а нејзината содржина е следната:
Извештај за парични (готовински) текови
Оперативни, финансиски и инвестициски активности
Изработка на извештајот за парични текови
Директен метод на изработка на извештајот за готовински текови
Индиректен метод на изработка на извештајот за готовински текови
Изработка на извештајот за парични текови – пример
Непарични ставки ставки во билансот на успех
Третманот на данокот на додадена вредност
Посебни обелоденувања во извештајот за парични текови
Ефекти од промени на девизниот курс
Вложувања во подружници, придружени ентитети и заеднички вложувања
Други обелоденувања
Цели и користи од информациите за парични текови
Анализа на извештајот за парични текови
Вежби
Решенија на вежби
Учесниците на курсот добиваат сертификат. Сертификатот е електронски.
Начин на запишување на курсот:
Притиснете на жолтото копче КУПИ ГО КУРСОТ и по внесување на Вашите податоци изберете метод за плаќање. На располагање Ви стојат два метода: уплата во банка и плаќање со платежна картичка. Штиклирајте го полето пред Ги прочитав и се согласувам со условите и притиснете НАРАЧАЈ. Доколку изберете уплата во банка, ќе ги добиете генералиите за плаќање по e-mail порака. Откако ќе ја регистрираме Вашата уплата, ќе Ви овозможиме пристап до курсот и ќе добиете повратен e-mail со известување за тоа. Доколку изберете уплата со платежна картичка, ќе бидете пренасочени на страницата на CaSys за реализација на плаќањето. Пристапот до курсот ќе Ви биде овозможен, веднаш по реализацијата на плаќањето.
Откако пристапот до курсот ќе Ви биде овозможен, до курсот ќе може да пристапите преку елементот профил од главното мени на веб-страницата.
НАПОМЕНА: Избегнувајте го Internet Explorer, подобро е да го следите курсот преку поновите пребарувачи (на пример Chrome).
За да може да направите нарачка на курсот, прво треба да се регистрирате на веб-страницата. Постапката за регистрација е следната:
- Притиснете на жолтото копче НАЈАВИ СЕ, кое се наоѓа до главното мени;
- Изберете го линкот Регистрирај се сега;
- Внесете корисничко име и E-mail адреса и притиснете на жолтото копче ЗАПИШИ СЕ;
- Потоа ќе добиете e-mail порака за креирање на лозинка. Доколку пораката не стигне во Inbox сандачето, Ве молиме проверете го Spam/Junk е-mail сандачето.
1Извештај парични (готовински) текови, курс заизвештај за парични готовински текови, Меѓународен сметководствен стандард 7, МСС 7, извештај за cash flow, Izvestaj za paricni (gotovinski) tekovi, kurs za izvestaj za paricni (gotovinski) tekovi, Megunaroden smetkovodstven standard 7, MSS 7
Карактеристики на курсот
- Лекции 7
- Квизеви 0
- Студенти 85
- Сертификат Да
- Следење Да
-
Поим и изработка на извештајот за парични текови
-
Анализа на извештајот за парични текови и задачи