Анализа на финансиски извештаи

Сметководствените информации презентирани во финансиските извештаи се основа за многу финансиски и деловни одлуки. Разбирањето на финансиските извештаи, како и проценка на финансиската состојба на компанијата е важна вештина за многу професионалци, како на пример менаџери, вработени во одделот за финансии, финансиски аналитичари, кредитни аналитичари или инвеститори.
Анализата на финансиските извештаи има за цел да ја процени ефикасноста и перформансите на претпријатието, да ги потенцира слабостите и силните страни на работењето и да направи прогноза на идните перспективи на работењето на анализираното претпријатие. На тој начин, аналитичарите ќе можат да донесат соодветни одлуки во врска со работењето и понатамошното инвестирање во претпријатието. Всушност, анализата на финансиските извештаи е од суштинско значење за мерење на ефикасноста, профитабилноста, финансиската сигурност и иднината на деловните единици.
Курсот за Анализа на финансиски извештаи ќе ве оспособи како да ги читате, анализирате и интерпретирате податоците, кои ги содржат извештаите. За оваа цел ќе се послужиме со различни алатки, како: анализа на временски серии, тренд анализа, хоризонтална и вертикална анализа, анализа на финансиски индикатори.
По завршување на курсот Вие ќе бидете во состојба да им помогнете на многу поединци кои се заинтересирани за работењето на одредена компанија, вклучувајќи ги доверителите, инвеститорите, менаџерите, консултантите, ревизорите, директорите, во носењето на нивните деловни одлуки.
Доколку сте менаџер на некое претпријатие, оваа обука ќе ви помогне полесно да ги следите перформансите на вашата фирма, да направите споредба со перформансите на вашите конкуренти, да комуницирате со надворешни инвеститори, да оцените кои финансиски политики треба да ги извршувате, итн.
Доколку сте надворешен инвеститор, финансиската анализа ќе ви помогне да оцените во кои претпријатија вреди да се инвестира. Аналитичарите на хартии од вредност ги користат финансиски извештаи за да ги оценуваат и вреднуваат компаниите што им ги препорачуваат на клиентите. Банкарите ги користат финансиските извештаи да одлучат дали да му дадат кредит на клиентот и да ги определат условите на кредитот.
Цели на курсот/Очекувани резултати
- Разбирање на содржината и структурата на финансиските извештаи;
- Совладување на техниките за хоризонтална и вертикална анализа на финансиските извештаи;
- Совладување на поимот и начинот на пресметка на финансиските индикатори на работењето и толкување на нивните вредности;
- Стекнување на знаења и вештини за оценка на ликвидноста, пазарната позиција, финансиската структура, профитабилноста, ефикасноста и пазарна вредност на претпријатијата;
- Стекнување на знаења и вештини за анализа на паричните текови.
За кого е наменет курсот :
- За менаџери и сопственици на компании, кои со помош на финансиската анализа ќе можат полесно да ги лоцираат проблематичните области во рамките на компанијата, но и да ги идентификуваат силните страни на кои таа треба да се потпре;
- За заемодаватели и инвеститори, кои размислуваат за давање на заем или за купување на хартии од вредност од одредена компанија;
- За финансиски аналитичари и кредитните аналитичари;
- За лица кои работат во сметководство, планирање и анализа;
- За сите оние кои планираат да градат кариера во областа на сметководството, финансиите и менаџментот.
Почеток на курсот: 06.02.2020
Времетраење на курсот: 10 часа
Термини: вторник и четврток од 17:30 до 19:00
Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот добиваат сертификат.
анализа на финансиски извештаи, хоризонтална анализа, вертикална анализа, анализа на финансиски индикатори, analiza na finansiski izvestai, analiza na finansiski indikatori
Карактеристики на курсот
- Лекции 0
- Квизеви 0
- Времетраење 10 часови
- Студенти 9
- Сертификат Да
- Следење Да