• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Анализа на податоци

  • Дома
  • Сите курсеви
  • Анализа на податоци
  • Анализа на финансиски извештаи (онлајн)

Анализа на финансиски извештаи (онлајн)

User Avatar
Весна Мицајкова
Анализа на податоци, Сметководство и финансии
(0 оцени)
6.900,00 ден
  • Опис
  • Курикулум
  • Професор
  • Оценки

Oпис на курсот

Сметководствените информации презентирани во финансиските извештаи се основа за многу финансиски и деловни одлуки. Разбирањето на финансиските извештаи, како и проценка на финансиската состојба на компанијата е важна вештина за многу професионалци, како на пример менаџери, вработени во одделот за финансии, финансиски аналитичари, кредитни аналитичари или инвеститори.

Курсот за Анализа на финансиски извештаи ќе ви објасни  како да ги читате, анализирате и интерпретирате податоците, кои ги содржат извештаите. Покрај теоретско објаснување, курсот содржи и многу задачи за вежбање и анализи на реални случаи, за да ви покаже во која насока би можеле да размислувате при интерпретирање на резултатите од финансиската анализа.

Цели на курсот/Очекувани резултати

  • Разбирање на содржината и структурата на финансиските извештаи;
  • Совладување на техниките за хоризонтална и вертикална анализа на финансиските извештаи;
  • Совладување на поимот и начинот на пресметка на финансиските индикатори на работењето и толкување на нивните вредности;
  • Стекнување на знаења и вештини за оценка на ликвидноста, пазарната позиција, финансиската структура, профитабилноста, ефикасноста и пазарна вредност на претпријатијата;
  • Стекнување на знаења и вештини за анализа на паричните текови.

За кого е наменет курсот :

  • За менаџери и сопственици на компании, кои со помош на финансиската анализа ќе можат полесно да ги лоцираат проблематичните области во рамките на компанијата, но и да ги идентификуваат силните страни на кои таа треба да се потпре;
  • За заемодаватели и инвеститори, кои размислуваат за давање на заем или за купување на хартии од вредност од одредена компанија;
  • За финансиски аналитичари и кредитните аналитичари;
  • За лица кои работат во сметководство, планирање и анализа;
  • За сите оние кои планираат да градат кариера во областа на сметководството, финансиите и менаџментот.

Начин на реализација на курсот:

На веб-страницата се поставени видео лекции за сите тематски единици, вклучени во курсот. Под делот КУРИКУЛУМ може да ги прочитате називите на сите лекции. До лекциите може да пристапувате во било кое време што Ви одговара Вам, нема ограничување во однос на бројот на преслушувања на една лекција, но целиот курс мора да го завршите во рок од 4 недели, по што пристапот до курсот ќе Ви биде прекинат.

Од лекциите, во склопот на курсот, може да ја превземете книгата Анализа на финансиски извештаи од д-р Весна Мицајкова, во која текстуално е презентиран изучуваниот материјал.

МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ И ВИДЕОТО СО ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА КУРСОТ

Времетраење на курсот: 4 недели

Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот, добиваат сертификат. Сертификатот е електронски.

Начин на запишување на курсот:

Притиснете на жолтото копче КУПИ ГО КУРСОТ и по внесување на Вашите податоци изберете метод за плаќање. На располагање Ви стојат два метода: уплата во банка и плаќање со платежна картичка. Штиклирајте го полето пред Ги прочитав и се согласувам со условите и притиснете НАРАЧАЈ. Доколку изберете уплата во банка, ќе ги добиете генералиите за плаќање по e-mail порака. Откако ќе ја регистрираме Вашата уплата, ќе Ви овозможиме пристап до курсот и ќе добиете повратен e-mail со известување за тоа. Доколку изберете уплата со платежна картичка, ќе бидете пренасочени на страницата на CaSys за реализација на плаќањето. Пристапот до курсот ќе Ви биде овозможен, веднаш по реализацијата на плаќањето.

Откако пристапот до курсот ќе Ви биде овозможен, до курсот ќе може да пристапите преку елементот профил од главното мени на веб-страницата.

НАПОМЕНА: Избегнувајте го Internet Explorer, подобро е да го следите курсот преку поновите пребарувачи (на пример Chrome).

За да може да направите нарачка на курсот, прво треба да се регистрирате на веб-страницата. Постапката за регистрација е следната:

  • Притиснете на жолтото копче НАЈАВИ СЕ, кое се наоѓа до главното мени;
  • Изберете го линкот Регистрирај се сега;
  • Внесете корисничко име и E-mail адреса и притиснете на жолтото копче ЗАПИШИ СЕ;
  • Потоа ќе добиете e-mail порака за креирање на лозинка. Доколку пораката не стигне во Inbox сандачето, Ве молиме проверете го Spam/Junk е-mail сандачето.

анализа на финансиски извештаи, хоризонтална анализа, вертикална анализа, анализа на финансиски индикатори, analiza na finansiski izvestai, analiza na finansiski indikatori

Карактеристики на курсот

  • Лекции 16
  • Квизеви 0
  • Студенти 65
  • Сертификат Да
  • Следење Да
КурсевиСметководство и финансииАнализа на финансиски извештаи (онлајн)
  • Анализа на финансиски извештаи 16

    • Лекција1.1
      Основни финансиски извештаи – биланс на состојба и биланс на успех 1
    • Лекција1.2
      Основни финансиски извештаи: биланс на состојба и биланс на успех 2
    • Лекција1.3
      АФИ-книга
    • Лекција1.4
      АФИ – задачи
    • Лекција1.5
      Хоризонтална и вертикална анализа на финансиски извештаи
    • Лекција1.6
      Анализа на финансиски индикатори 1
    • Лекција1.7
      Анализа на финансиски индикатори 2
    • Лекција1.8
      Анализа на финансиски индикатори – 3
    • Лекција1.9
      Анализа на финансиски индикатори – 4
    • Лекција1.10
      Анализа на финансиски индикатори – 4а
    • Лекција1.11
      Анализа: Гранит-Бетон
    • Лекција1.12
      Анализа Европа – Витаминка
    • Лекција1.13
      Анализа: Угостителски компании
    • Лекција1.14
      Анализа: McDonalds – Dominos
    • Лекција1.15
      Извештај за парични текови
    • Лекција1.16
      Анализа на извештај за парични текови
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Оцени

Просечна оцена

0
0 оцени

Детална оцена

5 Star
0%
4 Star
0%
3 Star
0%
2 Star
0%
1 Star
0%
  • Опис
  • Курикулум
  • Професор
  • Оценки
6.900,00 ден
  • Сподели:

Може да Ви се допадне

Сертифициран курс за сметководство на производство Читај повеќе
Весна Мицајкова

Сертифициран курс за сметководство на производство

58
0
23.100,00 ден
Финансиско планирање и предвидување Читај повеќе
Весна Мицајкова

Финансиско планирање и предвидување

47
0
9.200,00 ден
Финансиско планирање и предвидување (онлајн) Читај повеќе
Весна Мицајкова

Финансиско планирање и предвидување (онлајн)

32
0
8.200,00 ден
Excel за сметководители и финансиски аналитичари (онлајн) Читај повеќе
Весна Мицајкова

Excel за сметководители и финансиски аналитичари (онлајн)

137
0
6.600,00 ден
Курс за компјутерско водење на сметководство (онлајн) Читај повеќе
Весна Мицајкова

Курс за компјутерско водење на сметководство (онлајн)

60
0
6.600,00 ден

    Производи

    • E-knjiga Računovodstvo 1.350,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга: Сметководство на производство 3.300,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга: Анализа на финансиски извештаи 2.400,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга – Извештај за парични текови 1.700,00ден Додај во кошничка
    • Е-книга: Excel за сметководители и финансиски аналитичари 1.800,00ден Додај во кошничка

    Најнови написи

    Сертифицирана обука за финансиски службеник – онлајн следење
    21Апр2020
    Сертифициран курс по сметководство – онлајн следење
    28Мар2020
    Пет одлични бесплатни компјутерски програми за потребите на малите бизниси
    26Дек2017
    -
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
    kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
    ++389 075/747-480

    Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

    • Услови на употреба
    • Политика на приватност

    Најави се

    No apps configured. Please contact your administrator.

    Ја заборави лозинката?

    Не си член се уште? Регистрирај се сега

    Register a new account

    Дали си член? Најави се

    Facebook