Откога ќе научите да ги евидентирате економските трансакциите во Дневникот на книжење, треба да пристапите кон овие лекции кои треба да ве научат како врз основа на таа евиденција ќе ги изработите основните финансиски извештаи: билансот на состојба и билансот на успех. Изработката на извештајот за парични текови е исто така вклучена во овие лекции.
Поконкретно овие лекции ќе ви овозможат:
-
Да видите како изгледа и што вообичаено содржи Дневникот на книжење за еден комплетен пресметковен период;
-
Да видите колку сте научиле од втората тематска единица: Книговодство;
-
Да научите како да изработувате т-сметки во Главната книга врз основа на книжењата во Дневникот на книжење во еден комплетен пресметковен период;
-
Да научите да спроведувате корективни книжења;
-
Да научите да ги сортирате сметките по видови: приходни, расходни, активни, пасивни и корективни;
-
Да научите да изработите биланс на успех врз основа на податоците од Главната книга;
-
Да научите да изработите биланс на состојба врз основа на податоците од Главната книга;
-
Да ги научите елементите на билансот на успех;
-
Да ги научите елементите на билансот на состојба;
-
Да научите како да вршите сметководствена евиденција на распределбата на финансискиот резултат;
-
Да разберете кои трансакции влегуваат во категоријата готовински трансакции;
-
Да ги разграничите готовинските трансакции по видови активности: оперативни, инвестициски и финансиски активности;
-
Да научите да изработувате извештај за готовински текови.