Воведот во сметководство има за цел да ве запознае со основните правила и принципи на водењето сметководство, кои мора да ги знаете и разбирате за да може да го совладате остатокот од сметководствената материја. Туку може да ги научите основите на книговодствената евиденција и на финансиските извештаи.
Преку лекциите обработени во склопот со оваа тема, ќе се запознаете со:
-
Поимот сметководство;
-
Принципот на двојно сметководство;
-
Поимот Контен односно Сметководствен план;
-
Трансакциите коишто се предмет на сметководствена евиденција;
-
Правилата за евиденција во Дневникот на книжење;
-
Правилата за евиденција во Главната книга на т-сметки;
-
Структурата и функцијата на билансот на успех;
-
Правилата за евиденцијата на приходите и расходите во билансот на успех;
-
Структурата и функцијата на билансот на состојба;
-
Правилата и принципите, кои се применуваат при избор на страната (должи или побарува), при евиденција на трансакциите на соодветни конта.
На почетниците им препорачувам да почнат токму со овие лекции.