• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Анализа на финансиски извештаи

  • Дома
  • Блог
  • Анализа на финансиски извештаи
  • Хоризонтална анализа на финансиските извештаи

Хоризонтална анализа на финансиските извештаи

  • Објавено од Весна Мицајкова
  • Категории Анализа на финансиски извештаи
  • Датум 01/08/2016
  • Коментари 1 коментар

Хоризонталната анализа се занимава со утврдување на промените во билансните позиции од финансиските извештаи во два или повеќе последователни периоди.

Таа најчесто се извршува во два чекора. Првиот чекор е пресметка на разликата меѓу износот на билансната позиција во тековниот и претходниот период, на следниот начин:

РАЗЛИКА (ВО АПСОЛУТЕН ИЗНОС) = ТЕКОВЕН ПЕРИОД – ПРЕТХОДЕН ПЕРИОД

Вториот чекор во анализата е изразување на разликата во % на следниот начин:

(РАЗЛИКА/ПРЕТХОДЕН ПЕРИОД) x 100

Да го илустрираме ова со еден пример. Во продолжение се дадени прикази на хоризонтална анализа на билансот на состојба и билансот на успех на едно претпријатие во два последователни периода.

Биланс на состојба

2015 2014 Промена Промена во %
Средства 8.693.000 8.565.000 128.000 1,49%
Постојани средства 4.553.000 4.455.000 98.000 2,20%
Материјални средства 3.700.000 3.700.000 0 0,00%
Нематеријални средства 750.000 650.000 100.000 15,38%
Вложувања во хартии од вредност расположливи за продажба 3.000 5.000 -2.000 -40,00%
Вложувања во подружници 100.000 100.000 0 0,00%
Тековни средства 4.140.000 4.110.000 30.000 0,73%
Залихи 1.400.000 1.300.000 100.000 7,69%
Побарувања од купувачите 2.500.000 2.500.000 0 0,00%
Останати побарувања 150.000 250.000 -100.000 -40,00%
Пари и парични еквиваленти 90.000 60.000 30.000 50,00%
Акционерска главина и обврски 8.693.000 8.565.000 128.000 1,49%
Капитал и резерви 7.303.000 7.015.000 288.000 4,11%
Акционерски капитал 2.703.000 2.715.000 -12.000 -0,44%
Останати резерви 1.300.000 1.300.000 0 0,00%
Задржана добивка 3.300.000 3.000.000 300.000 10,00%
Долгорочни обврски 50.000 170.000 -120.000 -70,59%
Долгорочни кредити 50.000 170.000 -120.000 -70,59%
Тековни обврски 1.340.000 1.380.000 -40.000 -2,90%
Обврски кон добавувачите и останати обврски 950.000 1.000.000 -50.000 -5,00%
Останати краткорочни обврски 390.000 380.000 10.000 2,63%

Во склопот на билансот на состојба промената во средствата е утврдена како разлика меѓу вредноста на средствата во 2015 година и вредноста на средствата во 2014 година. Процентуалната промена е утврдена како однос меѓу промената во апсолутен износ и вредноста на средствата во 2014 година. На ист начин е извршена пресметка за сите позиции во склоп на билансот на состојба.

Биланс на успех 2015 2014 Промена Промена во %
Приходи од продажба 5.700.000 5.650.000 50.000 0,88%
Трошоци на продадени производи 3.000.000 2.850.000 150.000 5,26%
Бруто добивка 2.700.000 2.800.000 -100.000 -3,57%
Трошоци за истражување и развој 46.000 39.000 7.000 17,95%
Трошоци за продажба и маркетинг 1.750.000 1.900.000 -150.000 -7,89%
Административни трошоци 270.000 270.000 0 0,00%
Добивка од работењето 634.000 591.000 43.000 7,28%
Трошоци на финасирањето 30.000 31.000 -1.000 -3,23%
Добивка пред оданочување 604.000 560.000 44.000 7,86%
Данок на добивка 60.400 56.000 4.400 7,86%
Нето-добивка 543.600 504.000 39.600 7,86%

Во склопот на билансот на успех промената во приходите од продажба е утврдена како разлика меѓу приходите од продажба за 2015 година и приходите од продажба за 2014 година. Процентуалната промена е утврдена како однос меѓу промената во апсолутен износ и приходите од продажба за 2014 година. На ист начин е извршена пресметка за сите позиции во склоп на билансот на успех.

Од примерот гледаме колку е едноставно да ја направиме хоризонталната анализа, но се поставува прашањето зошто ни е потребна и како ќе ја толкуваме?

По пресметката на промените треба да ги извоиме билансните позиции кај кои се забележани поголеми промени и да ги разгледаме причините за отстапувањата.

На пример, во склопот на билансот на состојба забележиме значително зголемување на готовината. Знаеме дека слободните парични средства не треба да се чуваат, истите треба да ги вложиме за да може да ги оплодиме и да оствариме одреден приход. Па доколку паричните средства не ни се за нешто наменети би требало да ја разгледаме можноста за нивно инвестирање во хартии од вредност, банкарски депозити и сл.

Или пак дошло до значајно зголемување на залихите. Знаеме дека чувањето на залихи повлекува трошоци и би требало да го знаеме минималното количество на залихи кое мора да го имаме за да може нормално да функционираме. Кога имаме високо ниво на залихи неопходно е да превземеме мерки за нивно намалување со цел на намалување на трошоците што нивното држење ги повлекува.

Утврдување на причините за значајните варијации во склопот на билансот на успех е исто така многу значајно бидејќи ни овозможува да ги утврдиме факторите што влијаат врз приходите и расходите, па на тој начин можеме со конкретни мерки да се насочиме кон максимирање на финансискиот резултат.

Хоризонталната анализа исто така се нарекува анализа на трендот и моја препорака е да направите хоризонтална анализа на вашите финансиски извештаи за повеќе години наназад. Повеќегодишната хоризонтална анализа ќе ви даде значајни податоци за развојот на вашата компанија во текот на времето и идеи за унапредување  на работењето.

  • Сподели:
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Претходен напис

Анализа на финансиски извештаи
01/08/2016

Нареден напис

Вертикална анализа на финансиските извештаи
01/08/2016

Може да Ви се допадне и

roa i roe
Индикатори на профитабилност – ROA и ROE
22 септември, 2016
2000px-US_Income_Inequality_1967-2003_relative_to_median_(log_scale)_svg
Вертикална анализа на финансиските извештаи
1 август, 2016
Analiza na finansiski izvestai
Анализа на финансиски извештаи
1 август, 2016

    1 коментар

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook