• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Управување со трошоци

  • Дома
  • Блог
  • Управување со трошоци
  • Фиксни и варијабилни трошоци

Фиксни и варијабилни трошоци

  • Објавено од Весна Мицајкова
  • Категории Управување со трошоци
  • Датум 23/12/2016
  • Коментари 0 коментари

Поделбата на трошоците на фиксни и варијабилни е речеси општо позната и секој кој учел економија знае дека фиксните трошоци се непроменливи и независни, а варијабилните трошоци се менуваат со промените во обемот на производство. Но, од сметководствена гледна точка, трошоците не се менуваат со промената на обемот на производство, туку се менуваат со промените во обемот на продажба, бидејќи трошоците книговодствено се евидентираат во моментот кога ќе се реализира продажбата. И доколку поделбата на трошоците по овој основ се должи на нивната различна реакција на промените во обемот на производство, не можеме да зборуваме за фиксни и варијабилни трошоци кај непроизводните претпријатија.

Ќе се обидам да ви го објасним тоа што сакам да го кажам преку еден пример.

Набавката на суровини за производство е фиксен или варијабилен трошок?

Многумина ќе речат дека е варијабилен трошок, бидејќи колку повеќе произведуваме, повеќе суровини ни се потребни.

Но, ако се потсетиме на начинот на книговодствена евиденција на набавката на суровини, ќе сфатиме дека сама по себе набавката, во сметководствена смисла не претставува трошок. При набавката на суровини, во деловните книги евидентираме зголемување на залихите, од една страна, и обврски кон добавувачите или намалување на паричните средства, од друга страна. Значи, набавката предизвикува промени единствено во билансот на состојба на претпријатието, а нема рефлексија на билансот на успех, кој дава преглед на сите трошоци од деловното работење.

Кога тие набавени суровини ќе се вклучат во производство, тие се водат на сметката Производство во тек, која е исто така средство во билансот на состојба, за конечно да се трансформираат во сметката Залиха на готови производи. Во целиот тој процес на набавка и производство, трошоците за суровини не влегуваат во билансот на успех.

Кога ќе биде извршена продажба на готов производ, таа продажба ја евидентираме во два книговодствени става. Со првиот став евидентираме побарувања од купувачите или зголемување на паричните средства, од една страна, и приходи од работењето, од друга страна. Со вториот став, евидентираме трошоци за продадени производи и услуги, од една страна, и намалување на залихата од друга страна. Е сега, откако е извршена продажбата, потрошените суровини влегуваат во билансот на успех на претпријатието во склопот на сметката Трошоци за продадени производи и услуги.

Поделбата на трошоците на фиксни и варијабилни е од исклучителна важност во процесот на деловно одлучување и во финансискиот менаџмент воопшто. Кога вршите класификација на трошоците по овој основ, би било добро да ги заборавите дефинициите од учебниците, и под фиксни да ги сметате трошоците, кои се јавуваат независно од тоа дали продавате или не, а под варијабилни да ги сметате трошоците кои се јавуваат само кога вршите продажба.

Билансот на успех е финансиски извештај кој дава преглед на трошоците и претставува основа за нивна анализа. Веќе имавме лекција во склопот на која зборувавме за поделбата на трошоците во рамките на билансот на успех, а на овој час ќе се обидеме да ги класифицираме тие трошоци како фиксни или варијабилни. Но, прво да се потсетиме дека билансот на успех е составен од три основни категориии на трошоци: трошоци на продадени производи и услуги, оперативни трошоци (во рамките на кои влегуваат општите и административни оперативни трошоци и трошоците на продажба и маркетинг) и финансиски трошоци.

Трошоците на продадени производи и услуги или набавната вредност на продадените трговски стоки се секако од варијабилен карактер, односно со зголемувањето на продажбата трошоците растат и обратно. Сметката Трошоци на продадени производи и услуги кај производните препријатија е производ на бројот на продадени производи по цената на чинење по единица производ. Цената на чинење по единица производ е збир од директните материјали, директните плати и општите трошоци за производство по едница производ. Варијабилниот карактер на директните материјали и директните плати е очигледен, но во склопот на општите трошоци за производство влегуваат, на пример, платата на чуварот на производниот погон, киријата, или пак амортизацијата на производниот погон, кои самите по себе се фиксни трошоци, но со нивното разграничување по едница производ при формирање на цената на чинење на готовиот производ, добиваат варијабилен карактер.

Општите и административните трошоци, за коишто исто така веќе зборувавме, ги вклучуваат платите на административниот и раководниот кадар, киријата или амортизацијата на административните објекти, амортизацијата на компјутерската опрема и сл. и имаат неоспорно фиксен карактер.

Но, карактерот на трошоците за продажба и маркетинг е потешко да се детерминира. Во оваа категорија на оперативни трошоци влегуваат: платите на продажниот персонал, киријата за продажните објекти, трошоците по гаранции, трошоците за реклама и пропаганда и сл.

Платите на продажниот персонал може да бидат фиксен или варијабилен трошок во зависност од тоа дали наградувањето на работниците е фиксно или е врзано за реализираната продажба. Од друга страна, и да е наградувањето фиксно, поголемата продажба може да бара ангажирање на дополнителен кадар, што ќе предизвика зголемување на овие трошоци.

Киријата е карактеристично фиксен трошок, односно независно од продажбата нејзиниот износ е ист. Но, можеби зголемената продажба ќе бара ангажирање на повеќе продажни објекти, и на тој начин ќе предизвика зголемување на трошоците за кирија.

Карактерот на трошоците за реклама и пропаганда е исто така дискутабилен. Тоа се најчесто трошоци, чиј износ се одредува со одлука на менаџментот на претпријатието. На пример во САД се препорачува, малите бизниси да одвојат за реклама и пропаганда буџет 2% од 5% од приходите од продажба. Со ваквиот начин на одредување, трошоците за реклама и пропаганда директно се врзуваат со продажбата и добиваат варијабилен карактер.

Некои трошоци се карактеристично фиксни, некои карактеристично варијабилни, а варијабилниот или фиксниот карактер на одредени видови на трошоци варира во зависност од политиката на одредена компанија. Утврдувањето на фиксноста или варијабилноста на трошоците во билансот на успех на Вашата компанија, е исклучително важно во процесот на финансиско планирање и деловно одлучување, и е неопходно за анализа на прагот на рентабилност на работењето (break-even analysis) за којашто ќе зборуваме на наредниот час.

  • Сподели:
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Претходен напис

Оперативни и капитални трошоци
23/12/2016

Нареден напис

Анализа на преломната точка на рентабилност (break-even analysis)
30/12/2016

Може да Ви се допадне и

Cena na usluga
Одредување на цена на бизнис услуга
10 март, 2017
ABC
Сметководство на активности (Activity Based Costing)
24 февруари, 2017
Cena na cinenje
Утврдување на цената на чинење на производот
17 февруари, 2017

Остави реплика Откажи одговор

Мора да се пријавите за да испратите коментар.

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook