• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Услови на употреба

  • Дома
  • Услови на употреба

Услови на употреба

  1. Генерални одредби

Со регистрација, односно со внесување на Вашaта e-mail адреса во делот за регистрација, Вие („Вие”, „крајниот корисник”, „Вас”) се согласувате со Условите на употреба дефинирани подолу. Со овие услови за користење се дефинираат праватa и обврските за користење на веб-страницата casoviposmetkovodstvo.mk. Веб-страницата casoviposmetkovodstvo.mk е сопственост на претпријатието Институт Практикум ДООЕЛ Скопје, во понатамошниот текст („Институт Практикум”, „Институтот”).

ДОКОЛКУ НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО СИТЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА ПРЕСТАНЕТЕ ДА JA КОРИСИТЕ ВЕБ СТРАНИЦАТА casoviposmetkovodstvo.mk, НЕ ВРШЕТЕ НАРАЧКИ ПРЕКУ ВЕБ СТРАНИЦАТА И НЕ УЧЕСТВУВАЈТЕ ВО НИТУ ЕДНА ПРОГРАМА ДОСТАПНА НА ВЕБ СТРАНИЦАТА.

Институтот Практикум овозможува онлајн услуга преку веб страницата casoviposmetkovodstvo.mk. Основен предмет на продажба ќе бидат едукативни курсеви, коишто корисниците ќе можат да ги следат онлајн и карти за офлајн курсеви. Водејќи сметка за ненарушување на загарантираните права на корисниците, сите понуди и цени на страницата можат да се променат во било кое време без претходно известување. Институтот Практикум го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на веб страницата на било кое физичко лице или правно лице во било кое време поради сопствени причини, коишто ги смета за оправдани.

Правото на користење на веб станицата casoviposmetkovodstvo.mk, остварено со процесот на регистрација, е лично на корисникот и не е преносливо на кое било друго лице. Корисникот е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка. Можете да регистрирате и одржувате само еден профил на веб  страницата за лична употреба. Вие сте одговорни за обновување на податоците во Вашиот профил. Како дел од измените на Вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избришете било какви лични информации од профилот или да се отчлените од добивање промотивни е-маил пораки. Вие знаете и се согласувате дека Институтот Практикум нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил. Се согласувате дека единствено Вие сте одговорни за било која активност која се случува на или со Вашиот профил. Вашиот профил не е пренослив. Не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице.

Корисникот мора да е свесен дека иако Интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Институтот Практикум и Институтот не сноси одговорност за губење на податоци настанато при пренос на информациите преку Интернет. Иако целта на Институтот Практикум е веб страницата casoviposmetkovodstvo.mk да биде достапнa 100% од времето, страницата може да е недостапна од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања.

Крајниот корисник е одговорен за стекнување и одржување на сопствената компјутерска опрема, вклучувајќи го целиот софтвер и хардвер кој го поседува и користи, како и друга опрема потребна за пристап и користење на Интернет и сите поврзани трошоци. Институтот Практикум не е одговорен за било каква штета на опремата на крајниот корисник кои можат да произлезат со користењето на Интернет и го задржува правото во секое време да промени или прекине било кој аспект или функција на страницата, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опремата потребна за пристап или употреба на страницата.

Сите материјали содржани на веб страницата casoviposmetkovodstvo.mk се ексклузивно право на едукативниот центар Институт Практикум. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на оваа веб-страна без изречна писмена согласност на Институт Практикум ДОО Скопје е СТРОГО ЗАБРАНЕТО! Прекршување на општите услови на употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

Институтот Практикум го задржува правото во било кое време да го измени или прекине било кој аспект од Условите на употреба и/или од Политика на приватност. Ако се направат суштински промени, корисниците ќе бидат известени за промената на соодветен начин, преку испраќање на e-mail на e-mail адресата која е регистрирана во корисничниот профил и/или со објавување на известување за промена на веб-страницата. Било какви суштински промени на овие Услови на користење и/или Политика на приватност ќе стапат на сила откако претходно ќе ве известиме со испраќање на e-mail до Вас или претходно објавиме известување за промените на нашиот веб страница. Секој корисник се согласува редовно да ја посетува casoviposmetkovodstvo.mk за да дознае за такви промени. Секое користење на веб страницата од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на тие измени.

Крајниот корисник се согласува да ја обештети, а нема да го смета одговорен едукативниот центар ИНСТИТУТ ПРАКТИКУМ, против сите барања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи правни трошоци, кои можат да произлезат од користењето на веб-страната од крајниот корисник.

Дополнителни услови на употреба:

Со регистрација, односно со внесување на Вашaта е-маил адреса во делот за регистрација, Вие исто така се согласувате и со нашата Политика на приватност, лоцирана на следниот линк: Политика на приватност

  1. Кодекс на однесување на крајниот корисник

Сите интеракции на веб страницата мора да се во согласност со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека Вие не се придржувате на Условите на употреба го задржуваме правото да Ви го ограничиме пристапот до веб страницата.

Корисникот се обврзува во процесот на користење на услугите преку веб страницата casoviposmetkovodstvo.mk, на неговиот сервер да не вчитува/префрлува и на ниту еден начин да не им разоткрива на трети страни кориснички содржини – информација, податок, текст, звук, датотеки, софтвер, видео, фотографии, графики, аудио материјали, комуникации, или кој било друг материјали или линкови кон материјали кои:

  1. се содржани во курсевите објавени на веб станицата casoviposmetkovodstvo.mk, чиј пристап е ограничен со регистрација;
  2. се содржани во електронските книги, кои се предмет на продажба преку casoviposmetkovodstvo.mk;
  3. не се во согласност со законодавството на Р. Македонија, важечките странски закони, интернет етиката, заедничките прописи за пристојност и моралност;
  4. се предмет на интелектуална сопственост на трети лица, освен со согласност со носителот на правото;
  5. се заштитени со авторски права, трговска марка или било кој друг тип на интелектуална сопственост без јасна изречита согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост;
  6. изразуваат или повикуваат на дискриминација врз основа на пол, раса, националност, етничка припадност, државјанство, потекло, религија или верување, образование, убедување, политичка припадност, личен или јавен статус, инвалидитет, возраст, сексуална ориентација, брачна состојба, имотен статус или било кои други обележја, како и пропагирање на било која друга недемократска идеологија.

3. Услови на купување/ продавање

Со купување на производите и услугите на веб страницата casoviposmetkovodstvo.mk, Вие се согласувате со овие Услови на употреба.

Веб страницата casoviposmetkovodstvo.mk им овозможува на регистрирани корисници да ги прегледаат поставените онлајн курсеви, да излистаат курс, да извршат уплата за курсот, да ги следат лекциите, решаваат квизевите и да превземат сертификат (кај курсевите кои предвидуваат издавање на сертификат);

Веб страницата casoviposmetkovodstvo.mk им овозможува на регистрирани корисници да ги прегледаат поставените офлајн курсеви, да излистаат курс, да извршат нарачка и уплата за курсот;

Веб страницата casoviposmetkovodstvo.mk им овозможува на регистрирани корисници да ги прегледаат поставените електронски книги, да излистаат електронска книга, да извршат нарачка и уплата за книгата и да ја превземат книгата;

Со деталниот опис на курсот (целите, потребните предзнаења, профил на корисниците за кои е наменет …), вклучувајќи го и курикулумот со детална спецификација на лекциите и квизевите, кои ги содржат онлајн курсевите, корисниците може да се запознаат пред уплата за курсот;

Веб страницата casoviposmetkovodstvo.mk им овозможува на корисниците информации за инструкторите, односно авторите на курсевите.

Врз основа на достапните информации, корисниците ја донесуваат одлуката за купување. Со нарачката на курсот ја изразуваат согласноста и сигурноста во својата желба и намера за следење на курсот.

Корисниците може да пристапат кон користење на онлајн курсот веднаш откако нивната уплата ќе биде регистрирана. Од моментот на пристапување кон содржините на курсот, корисникот не може да се откаже и уплатените парични средства не може да му бидат вратени.

Доколку корисниците ја откажат нарачката на офлајн курсот најдоцна 14 денови пред почетокот на курсот, им следи рефундирање на полниот износ на уплатени средства. Доколку отказот е извршен меѓу 7 и 14 дена пред почетокот на курсот, рефундирањето ќе биде во вид на поени, кои ќе може понатаму да ги користат за нарачка на други курсеви, во рок од 6 месеци од извршениот отказ. Доколку отказот е извршен во термин пократок од 7 дена пред почетокот на курсот, корисниците немааат право на рефундирање, односно се должни да го платат целиот износ на цената за едукативната услуга.

Корисниците не можат да ја откажат нарачката на електронската книга по нејзиното превземање.

Корисниците може да постават мислења, совети, рејтинзи, дискусии, коментари, пораки, одговори и други комуникации, како и датотеки, слики, фотографии, преку форуми, огласни табли, групи за дискусија, виртуелни простории за разговор, анкети, блогови или други комуникациски објекти кои можат да бидат понудени на, преку, или во врска со оваа страница и нејзините курсеви од време на време.

Купувањето преку веб страницата casoviposmetkovodstvo.mk се прави со клик на копчето КУПИ ГО КУРСОТ и/или ДОДАЈ ВО КОШНИЧКАТА со едноставно пополнувањето на формуларот за НАРАЧКА кој casoviposmetkovodstvo.mk го генерира кога ќе биде избрана опцијата за купување. По извршувањето на нарачката, купувачот може да пристапи кон извршување на уплатата. По регистрацијата на извршената уплата, корисниците може да пристапат кон следење на онлајн курсевите или превземање на електронските книги, односно си резервираат место за следење на офлајн курсевите.

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook