• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Управување со трошоци

  • Дома
  • Блог
  • Управување со трошоци
  • Трошоците како детерминанти на профитабилноста на претпријатието

Трошоците како детерминанти на профитабилноста на претпријатието

  • Објавено од Весна Мицајкова
  • Категории Управување со трошоци
  • Датум 09/12/2016
  • Коментари 0 коментари

Основна цел на финансискиот менаџмент е максимизација на профитот. Поаѓајќи од профитот како разлика меѓу приходите и трошоците од работење, за да ја оствариме основната цел на финансискиот менаџмент, мора да ги минимализираме односно оптимализираме трошоците. А, за да може да управуваме со трошоците, мора да ги познаваме нивните карактеристики, видови и факторите на чие влијание се подложни.

Големото значење на анализата на трошоците во деловното работење, се потврдува со постоењето на посебна научна дисциплина, која се нарекува сметководство на трошоците. Трошоците може да се разгледуваат од различни аспекти и постојат многубројни поделби, по разни критериуми. Во овој текст ќе ги разгледаме видовите трошоците од аспект на билансот на успех, а разбирањето на карактеристиките на овие видови трошоци има исклучителна важност при анализа на профитабилноста на работење, а и при процесот на  сметководствено планирање.

Билансот на успех е основен финансиски извештај, кој го покажува финансискиот резултат на работењето на еден деловен субјект. Основната сметководствена равенка на овој извештај е:

ПРИХОДИ – РАСХОДИ = ДОБИВКА

Додека приходните ставки, презентирани во билансот на успех, се малку по број, расходните односно трошковните ставки се многубројни. Повеќето претпријатија, кои имаат повеќе трошковни ставки, најчесто ги групираат трошоците по категории, а кои поединечни трошоци ги содржи одредена категорија е прецизирано во белешките кон финансиските извештаи.

Трошоците во билансот на успех може да ги категоризираме во 5 основни категории:

  1. Трошоци на продадени производи и услуги (ТППУ) или Набавна вредност на продадени производи.

Овие трошоци се директно поврзани со производството на производи, продажбата на трговски стоки и извршувањето на услуги.

Кај производните претпријатија, Сметката Трошоци на продадените производи и услуги (ТППУ) ги опфаќа сите трошоци кои можат да се врзат за производството на производи. Тука влегуваат директните материјали, директните плати и општите трошоци на производство. Општите трошоци на производство ги вклучуваат индиректните плати (на пример, платата на чуварот на погонот за производство), трошокот за амортизација на опремата за производство и останати општи трошоци за производство (трошоци за помошни материјали, електрична енергија итн.).

Кај услужните претпријатија, Сметката Трошоци на продадените производи и услуги (ТППУ) ги опфаќа директните и индиректните трошоци за извршување на услугата. Доколку станува збор, на пример, за претпријатие кое пружа интелектуални услуги, платата на извршителот на услуги ќе ги претставува трошоци на продадените производи и услуги.

Кај трговските претпријатија, се применува сметката Набавна вредност на продадени производи и таа ја вклучува набавната цена на производите и зависните трошоци на набавката.

2. Оперативни трошоци на продажбата и маркетингот. Тука влегувааат трошоци, кои се директно поврзани со продажбата и маркетингот, како на пример, следниве:

  • Киријата и трошоците за одржување на продажните објекти;
  • Платите и провизии на продажниот персонал;
  • Реклама и пропаганда;
  • Амортизацијата на постојните средства поврзани со продажбата (на пример, читачите на бар-кодовите, пос-терминалите).

3. Оперативни трошоци – Општи и административни.

Тука влегувааат оперативни трошоци, кои не се директно поврзани ниту со производството, ниту со продажбата и маркетингот, како на пример, следниве:

• Платите на раководството и платите на вработените, кои не се вклучени во производството и продажбата.

  • Трошоци за истражување и развој;
  • Трошоците за службени патувања и обуки на вработените;
  • Трошоците за информатичка подршка;
  • Амортизацијата на постојаните средства, кои не се директно поврзани со производството и продажбата.

Категориите 2 и 3 може да се појават под заеднички назив Општи, продажни и административни трошоци или едноставно под називот Оперативни трошоци.

4. Финансиски трошоци

Финансиските трошоци произлегуваат од позајмувањето на финансиски средства и во оваа категорија на трошоци влегуваат:

  • Камата за примени кредити;
  • Камата за останати позајмени средства.

5. Вонредни трошоци

Тоа се трошоци од настани или трансакции, кои не се дел од нормалното работење на претпријатието. Пример за трошоци, од оваа категорија се следните:

  • Продажба на земја, згради или други постојани средства;
  • Трошоци поради отпуштање на вработени; и сл.

Во продолжение е прикажан биланс на успех на едно претпријатие, со разграничување на трошоците по горенаведената класификација.

Биланс на успех на 31.12.2015
Приходи од продажба     32.983
Трошоци на продадени производи и услуги     22.043
Директни материјали 6.320
Директни плати 6.100
Општи трошоци на производство 9.623
       Индиректни плати 5.263
       Амортизација на опрема за пр-во 360
       Останати општи тр-ци за пр-во 4.000
Бруто добивка     10.940
Оперативни трошоци     7.810
Трошоци за продажба и маркетинг 6.022
       Плати на продажен персонал 3.200
       Трошоци по гаранции 730
       Реклама и пропаганда 1.000
       Амортизација на продажен објект 120
       Останати тр-ци за продажба и маркетинг 972
Општи и административни трошоци 1.788
     Плати на административен персонал 1.229
     Трошоци за кирии 180
     Амортизација на компјутерска опрема 179
     Останати општи и административни трошоци 200
Оперативна добивка     3.130
Финансиски приходи и трошоци     393
Приходи од инвестиции 118
Трошоци за камата 511
Добивка пред оданочување и вонредни ставки     2.737
Приходи од продажба на земја 465
Добивка пред оданочување     3.202
Данок на добивка 1.076
Нето добивка     2.126

Од приложениот биланс на успех може да видите попрецизно кои трошоци учествуваат во пресметка на индикаторите на профитабилност: бруто профитна маржа, оперативна профитна маржа и нето-профитна маржа

  • Сподели:
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Претходен напис

Индикатори на пазарна вредност
09/12/2016

Нареден напис

Оперативни и капитални трошоци
15/12/2016

Може да Ви се допадне и

Cena na usluga
Одредување на цена на бизнис услуга
10 март, 2017
ABC
Сметководство на активности (Activity Based Costing)
24 февруари, 2017
Cena na cinenje
Утврдување на цената на чинење на производот
17 февруари, 2017

Остави реплика Откажи одговор

Мора да се пријавите за да испратите коментар.

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook