• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Управување со трошоци

  • Дома
  • Блог
  • Управување со трошоци
  • Третманот на стекнатите и опортунитетните трошоци во процесот на деловно одлучување

Третманот на стекнатите и опортунитетните трошоци во процесот на деловно одлучување

  • Објавено од Весна Мицајкова
  • Категории Управување со трошоци
  • Датум 03/02/2017
  • Коментари 4 коментари

Стекнати трошоци врз кои не може да се влијае се трошоци кои нема да претрпат промена како резултат на изборот меѓу различни алтернативи во процесот на деловно одлучување. Тоа се трошоци предизвикани од деловна одлука направена во минатото, и не може да претрпат промена како резултат на било која одлука направена во иднина. Трошоците од 10.000 денари за набавените материјали, од претходната лекција за релевантноста на трошоците, се пример за стекнати трошоци на кои не може да се влијае.

Карактеристични трошоци од овој вид се трошоците за амортизација на постојаните средства. Доколку сме набавиле машина за производство во вредност од 1.000.000 денари, за која е предвиден век на траење од 5 години, секоја година книговодствено ќе евидентираме трошоци за амортизација во вредност од 200.000 денари. Ниту една идна деловна одлука не може да ги промени овие трошоци. Било да ја фрлиме машината во отпад, било да го зголемиме или намалиме производството, трошоците за амортизација ќе останат непроменети поради што ги карактеризираме како стекнати трошоци врз кои не може да се влијае.

Стекнатите трошоци врз кои не може да се влијае се ирелевантни за деловното одлучување, но тие се посебна категорија во однос на ирелевантните трошоци, бидејќи сите ирелевантни трошоци не се стекнати. На пример, кога правиме избор меѓу две алтернативни методи за производство, кај кои трошоците за директни материјали би биле идентични, би ги окарактеризирале овие трошоци како ирелевантни. Но, иако се ирелевантни, тие не се стекнати трошоци врз кои не може да се влијае, бидејќи ќе настапат во иднина.

Информациите за трошоците во процесот на донесување на деловни одлуки најчесто се обезбедуваат од сметководствената евиденција врз основа на плаќањата направени во минатото или плаќања кои ќе се направат во иднина. Но, при донесувањето на одлуки, понекогаш е потребно да се земат во предвид и трошоци кои не можат да се поврзат со директен паричен издаток, туку претставуваат изгубена или жртвувана можност, кога изборот на една акција, бара откажување од друга. Тие трошоци се нарекуваат опортунитетни трошоци.

На пример, претпријатието има можност да склучи договор за специјална нарачка. За производство на таа нарачка треба да употреби 100 часови на обработка на машината X. Но, машината X веќе работи со својот полн капацитет на производство на производот А, па за да може да ја прифати нарачката, претпријатието мора да се окаже од дел од производството на производот А. Со тоа откажување би изгубило контрабуциска маржа од 20.000 денари. Од друга стана, производството на специјалната нарачка би повлекло дополнителни варијабилни трошоци од 100.000 денари. Како претпријатието ќе ја базира својата одлука за прифаќањето на специјалната нарачка?

Доколку постојат опортунитетни трошоци, тие мора да се земат во предвид при донесувањето на деловната одлука. Во случајов, претпријатијето треба да размислува за прифаќање на специјалната нарачка, доколку цената на истата би била барем 120.000 денари, односно би ги покривала варијабилните и опортунитетните трошоци.

Важно е да знаеме дека опортунитетните трошоци се јавуваат кога ресурсите се оскудни. Доколку располагаме со неограничени ресурси, нема да постои опортунитетен трошок. Доколку машината на која претпријатието треба да ја произведе специјалната нарачка не работеше со својот полн капацитет, и нарачката можеше да се произведе без откажување од некое друго производство, опортунитетен трошок немаше да постои.

Во секојдневниот живот, токму поради оскудноста на ресурсите, постојано се наоѓаме во ситуации во кои за да добиеме или оствариме нешто, мораме да се откажеме од нешто друго.

Доколку донесуваме одлука да се запишеме на факултет, наместо да се вработиме, опортунитетен трошок би ни била платата од која се откажуваме, а која сме можеле да ја заработиме за времето поминато на студии. Во овој случај ресурсот кој носи ограничувања е времето. Доколку времето не беше ограничено, можевме да студираме и да работиме истовремено.

Сега се поставува прашањето: Како ќе го направиме изборот?

За да се одлучиме да студираме треба финансиската корист од студирањето, како разлика во износот на вкупната плата што би ја оствариле со високо образование и вкупната плата што би ја оствариле со средно образование, да биде поголема од трошоците за студирање и опортунитетниот трошок, односно изгубените плати за времето поминато на студии.

  • Сподели:
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Претходен напис

Релевантноста на трошоците и приходите во процесот на деловно одлучување
03/02/2017

Нареден напис

Директни и индиректни трошоци
10/02/2017

Може да Ви се допадне и

Cena na usluga
Одредување на цена на бизнис услуга
10 март, 2017
ABC
Сметководство на активности (Activity Based Costing)
24 февруари, 2017
Cena na cinenje
Утврдување на цената на чинење на производот
17 февруари, 2017

    4 коментари

  1. vojka dimitrovska
    03/02/2017
    Најави се за да одговориш

    Mi se dopaga prezentacijata za trosocite gi pratam i ge gi pratam i drugite vasi prezentacii.
    Samo bi sakala celiot materijal da go kompletiram za da ja imam kompletno , ama nemozam ili pak neznam.
    Pozdrav

    • Vesna Micajkova
      23/02/2017
      Најави се за да одговориш

      Лекциите по финансиско сметководство се веќе достапни во форма на електронска книга.

  2. душко василев
    24/03/2017
    Најави се за да одговориш

    Каде можам да ја најдам електронската книга за финансиско сметководство.
    Поздрав,

    • Vesna Micajkova
      27/03/2017
      Најави се за да одговориш

      Книгата може да ја нарачате на kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk, а нејзината цена е 1.200 денари.
      Поздрав,

Остави реплика Откажи одговор

Мора да се пријавите за да испратите коментар.

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook