• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Управување со трошоци

  • Дома
  • Блог
  • Управување со трошоци
  • Сметководство на активности (Activity Based Costing)

Сметководство на активности (Activity Based Costing)

  • Објавено од Весна Мицајкова
  • Категории Управување со трошоци
  • Датум 24/02/2017
  • Коментари 0 коментари

Сметководството на активности ги одредува трошоците за одреден производ, услуга, проект или задача на основа на активностите поврзани со трошковниот објект и ресурсите што тие активности ги повлекуваат. Аглискиот термин за сметководството на активности е Activity Based Costing, а вообичаено користена кратенка е ABC.

Сметководството на активности се разликува од традиционалното сметководство на трошоците во начинот на алокација на индиректните трошоци.

Минатиот час зборувавме за одредување на цената на чинење на еден производ на традиционален начин, при што алокацијата на индиректните трошоци (општите трошоци за производство) ја вршевме со примена на два клуча: директни материјали и директни плати.

На овој час ќе покажеме современ начин на алокација на индиректните трошоци со примена на сметководството на активности, односно ABC системот.

Да претпоставиме дека претпријатието во својот производен асортиман има два производи: производ А и производ Б.

Производствените количини и директните трошоци за производство се следните:

Производ А

Производ Б

Вкупно

1. Производство (количина)

75.000

175.000

250.000

2. Директен плати по 1 пр-од

30

30

3. Директни материјали по 1 пр-од

45

30

4. Вкупни директни плати [ = 1 x 2 ]

2.250.000

5.250.000

7.500.000

5. Вкупни директни материјали [ = 1 x 3 ]

3.375.000

5.250.000

8.625.000

6. Вкупни директни трошоци [ = 4 + 5 ]

5.625.000

10.500.000

16.125.000

При производството на двата производа се јавуваат и следните индиректни трошоци:

Нарачка на материјали

864.000

Подесување на машините

1.800.000

Пакување на производите

1.404.000

Тестирање и калибрација на машините

1.500.000

Одржување и чистење на машините

1.564.000

Вкупно индиректни трошоци:

7.132.000

Додека директните трошоци се идентификувани по производ, индиректните треба да се распределат по определен клуч.

Согласно традиционалниот начин, ако ги користиме како клуч директните материјали, би ја добиле следната пресметка за цената на чинење на производите:

Производ А

Производ Б

Директни материјали по 1 пр-од

45

30

Директни плати по 1 пр-од

30

30

Општи тр-ци по 1 пр-од (клуч директни материјали)

37

25

Цена на чинење по 1 пр-од

112

85

(Традиционалниот начин на алокација на општите трошоци на производство е објаснет во претходната лекција).

Традиционалниот начин на алокација го зема во предвид збирниот износ на индиректните трошоци, додека сметководството на активности ги зема во предвид поединечно сите вклучени активности од коишто индиректните трошоци резултирале.

При тоа се мери колку пати се повторува одредена активност во рамките на еден пресметковен период и колкави се трошоците по единица.

На пример, пресметано е дека трошоците за едно тестирање и калибрација на машините изнесуваат 6.000 парични единици. Доколку, поради производството на производот А, во еден пресметковен период е потребно оваа постапка да се повтори 83 пати, вкупните трошоци за тестирање и калибрација на машините за производот А ќе изнесуваат 498.000 денари.

Во табелите подолу е прикажана деталната пресметка на поединечните индиректни трошоци за производите А и Б поединечно. Разгледајте ги табелите внимателно. Се надевам дека тие ќе ви помогнат да ви се разјасни принципот на сметководството на активности.

Активност за производ А Единица на активност Трошоци по единица Вкупна активност Вкупни индиректни тр-ци
Нарачка на материјали Број на порачки

108.000

6

648.000

Подесување на машините Број на подесувања

90.000

12

1.080.000

Пакување на производите Број на пакувања

12

75.000

900.000

Тестирање и калибрација на машините Број на тестови

6.000

83

498.000

Одржување и чистење на машините Број на чистења

68.000

18

1.224.000

Вкупно:

4.350.000

Активност за производ Б Единица на активност Трошоци по единица Вкупна активност Вкупни индиректни тр-ци
Нарачка на материјали Број на порачки

108.000

2

216.000

Подесување на машините Број на подесувања

90.000

8

720.000

Пакување на производите Број на пакувања

12

42.000

504.000

Тестирање и калибрација на машините Број на тестови

6.000

167

1.002.000

Одржување и чистење на машините Број на чистења

68.000

5

340.000

Вкупно:

2.782.000

Откако индиректните трошоци по активности ќе се разграничат по производот А и производот Б, со делењето на вкупните индиректни трошоци по број на производи, ќе ги добиеме индиректните трошоци по активности по единица производ.

Вкупни индиректни тр-ци за п-од А Индиректни тр-ци по 1 пр-од А Вкупни индиректни тр-ци за п-од Б Индиректни тр-ци по 1 пр-од Б
Нарачка на материјали

648.000

9 216.000

1

Подесување на машините

1.080.000

14 720.000

4

Пакување на производите

900.000

12 504.000

3

Тестирање и калибрација на машините

498.000

7 1.002.000

6

Одржување и чистење на машините

1.224.000

16 340.000

2

Вкупно:

4.350.000

58 2.782.000

16

Од табелата гледаме дека индиректните трошоци по единица производот А изнесуваат 58 парични единици, а по единица производ Б, 16 парични единици.

Директните трошоци по единица производ ни се веќе познати, па може да ја пресметаме цената на чинење на производите А и Б со примена на ABC методот.

Табелата подолу ја прикажува таа пресметка:

Производ А

Производ Б

Директни материјали по 1 пр-од

45

30

Директни плати по 1 пр-од

30

30

Општи тр-ци по 1 пр-од (АBC метод)

58

16

Цена на чинење по 1 пр-од

133

76

Ако ја споредиме цената на чинење на производите пресметана по традиционалниот начин со онаа пресметана по ABC методот ќе забележиме значајни разлики.

Цената на производот А, пресметана по системот на определување на трошоците на база на активностите, е значајно повисока од цената на производот Б, во однос на цените што се добиваат на традиционалниот начин. Причината за тоа е значајно поголемиот број на активности, што ги повлекува производството на производот А во однос на производот Б.

Дека традиционалниот начин воопшто не ги признава разликите во активностите при утврдување на цените на различните производи, ќе се уверите доколку ја пресметате цената на чинење на производот А и производот Б од примерот на традиционален начин, со примена на директните плати како клуч за алокација на општите трошоци на производство. Ќе видите дека цените на двата производа се идентични.

Сметководството на активности, како начин за алокација на трошоците, се појавило за првпат во средината на 80-тите години на минатиот век. Основната причина за развојот и прифаќањето на овој метод е потребата за попрецизно утврдување на трошоците на одреден производ, услуга, проект или задача. Сметководството на активности, во тој поглед, се покажало супериорно во однос на традиционалното сметководство.

Обемноста на трошоците и комплицираноста на постапките за дефинирање на активности и разграничување на трошоците по активности е причината што современиот ABC систем се уште не е доминантен метод за алокација на трошоците.

  • Сподели:
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Претходен напис

Утврдување на цената на чинење на производот
24/02/2017

Нареден напис

Одредување на цена на бизнис услуга
10/03/2017

Може да Ви се допадне и

Cena na usluga
Одредување на цена на бизнис услуга
10 март, 2017
Cena na cinenje
Утврдување на цената на чинење на производот
17 февруари, 2017
Direktni i indirektni
Директни и индиректни трошоци
10 февруари, 2017

Остави реплика Откажи одговор

Мора да се пријавите за да испратите коментар.

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook