Сертифициран курс по сметководство – онлајн следење
Поради вонреднава состојба во која се најдовме Институтот Практикум комплетно го прилагоди сертифицираниот курс по сметководство за онлајн следење.
Сите кандидати, кои сакаат да го слушаат сертифицираниот курс по сметководство, организиран од Институтот Практикум, онлајн, ќе имаат можност да следат видео предавања, кои се поставени на веб-страницата. До видео предавањата може да пристапувате во време, кое вас ви одговара, со почитување на терминскиот план за реализација на курсот, наведен во текстот подолу. Покрај видео предавањата, целиот материјал ќе го добиете и текстуално. Текстуалните материјали ќе може слободно да ги превземете.
Материјалот е конципиран така што после секоја тематска единица има тест за проверка на знаење или задачи за вежбање. Тестовите се достапни и за онлајн решавање.
Курсот е составен од два дела. Првиот дел од курсот се однесува на изучување на сите основни книговодствени книжења и изработка на финансиските извештаи рачно, а во вториот дел на курсот книжиме и изработуваме финансиски извештаи со употреба на софтвер за водење на сметководство.
Првиот дел би требало да го завршите за 4 до 5 недели, и во склопот на овој дел ќе можете самостојно да ги следите следните тематски единици:
- Вовед во сметководство;
- Набавки и обврски;
- Продажби и залихи;
- Амортизација и постојани средства;
- Капитал;
- Данок на додадена вредност;
- Временски разграничувања;
- Производство;
- Финансиски вложувања; и
- Финансиски извештаи.
После секоја тематска единица има тест, а тематската единица Финансиски извештаи се совладува врз основа на решавање на задача (задачата се однесува на книговодствена евиденција на сите економски настани во едно хипотетичко претпријатие од неговото основање до 31.12.).
По завршувањето на првиот дел, треба да ни ги испратите решени тестовите и задачите, и ќе договориме консултација за евентуални разјаснување на одредени прашања.
Доколку некој има потреба од почести консултации, истите може да се организираат и еднаш неделно.
И вториот дел од курсот би требало да го завршите во рок од 4 до 5 недели. Во склопот на овој дел ќе имате можност за следење видео предавањата за користење на софтверот по сметководство. Задачата, која во склопот на тематската единица Финансиски извештаи, ја решававте рачно, сега ќе ја решавате во компјутерската програма. (Секој учесник ќе добие инструкции за превземање и инсталација на компјутерската програма). Покрај видео лекции, ќе добиете и текстуално упатство за користење на GnuCash програмата.
Вториот дел на курсот, покрај работата на компјутерската програма, вклучува и лекции за:
- Користење на контниот план;
- Пресметка на плата;
- Основните финансиски документи;
- Инструментите на платниот промет во земјата;
- Евиденција на благајничко работење;
- Пополнување на пријава за ДДВ;
- Пресметка на данок на добивка;
- Образци: биланс на состојба и биланс на успеџ
И овие материјали содржат тестови и задачи. По завршување на слушање на овој дел, треба да ни ги испратите тестовите и задачите решени и ќе договориме консултација за евентуални разјаснување на одредени прашања.
Потоа, ќе договориме термин за завршниот тест.
Со сите евентуални дополнителни прашања, слободно контактирајте не.
Пријавата за курсот може да се изврши ТУКА.