• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

НОВОСТИ

  • Дома
  • Блог
  • НОВОСТИ
  • Сертифицирана обука за финансиски службеник – онлајн следење

Сертифицирана обука за финансиски службеник – онлајн следење

  • Објавено од Весна Мицајкова
  • Категории НОВОСТИ
  • Датум 21/04/2020

Поради вонреднава состојба во која се најдовме Институтот Практикум комплетно ја прилагоди сертифицираната обука за финансиски службеник за онлајн следење.

Сите кандидати, кои сакаат да ја слушаат обуката за финансиски службеник онлајн, ќе имаат можност да следат видео предавања, кои се поставени на веб-страницата. До видео предавањата може да пристапувате во време, кое вас ви одговара, предавањата може да ги преслушувате и повеќе пати, во рамките на временскиот период во кој ќе имате дозволен пристап, наведен во текстот подолу. Покрај видео предавањата, целиот материјал ќе го добиете и текстуално. Текстуалните материјали ќе може слободно да ги превземете.

Обуката е составена од три модула: Сметководство, Excel за сметководители и финансиски аналитичари и Анализа на финансиски извештаи.

До предавањата од модулот Сметководство ќе имате пристап 12 недели, но се препорачува истиот да го преслушате за 4 до 5 недели. Материјалот е конципиран така што после секоја тематска единица има тест за проверка на знаење или задачи за вежбање. Тестовите се достапни и за онлајн решавање.

По завршувањето на модулот Сметководство, треба да ни ги испратите решени тестовите и задачите, и ќе договориме консултација за евентуални разјаснување на одредени прашања.

Вториот модул Excel за сметководители и финансиски аналитичари ќе ви биде достапен за онлајн следење 4 недели. После секоја тематска единица и од овој модул има задачи за вежбање. Откако ќе ја поминете материјата, ќе договориме консултација за евентуални разјаснување на одредени прашања.

Третиот модул Анализа на финансиски извештаи исто така ќе ви биде достапен за онлајн следење 4 недели. И во склопот на овој модул ќе имате тестови и задачи за решавање. По завршување на слушањето ќе договориме консултација за евентуални разјаснување на одредени прашања.

Потоа, ќе договориме термин за завршниот тест. Полагањето на завршниот тест ќе биде реализирано со физичко присуство во просториите на Институтот Практикум.

Доколку некој има потреба од почести консултации, истите може да се организираат и еднаш неделно.

Со сите евентуални дополнителни прашања, слободно контактирајте не. Пријавата за курсот и преглед на деталната програма, може да се изврши ТУКА.

  • Сподели:
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Претходен напис

Сертифициран курс по сметководство - онлајн следење
21/04/2020

Може да Ви се допадне и

Серифициран онлајн 2
Сертифициран курс по сметководство – онлајн следење
28 март, 2020

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook