• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Управување со трошоци

  • Дома
  • Блог
  • Управување со трошоци
  • Релевантноста на трошоците и приходите во процесот на деловно одлучување

Релевантноста на трошоците и приходите во процесот на деловно одлучување

  • Објавено од Весна Мицајкова
  • Категории Управување со трошоци
  • Датум 27/01/2017
  • Коментари 0 коментари

Од аспект на нивната функција во процесот на деловното одлучување, трошоците се делат на релевантни и нерелевантни. Релевантни трошоци и приходи се оние трошоци или приходи врз кои деловната одлука ќе влијае и ќе предизвика промени, а нерелевантни се оние кои не се под влијание на деловната одлука.

Еден пример од секојдневниот живот е случајот кога донесувате одлука за превозот кој ќе го користите за одредено патување. Се размислувате меѓу две алтернативи: да патувате со сопствен автомобил или да одите со автобус. Ги споредувате трошоците на двете алтернативи. Сосема е јасно дека трошокот за јавниот превоз е цената за автобускиот билет. Но, кои се трошоците за сопствениот превоз?

За автомобилот имаме трошоци за регистрација и осигурување и трошоци за гориво. Трошоците за регистрација и осигурување се независни од нашата одлука во конкретниот случај и нема да се променат, па како такви се нерелевантни за нашата одлука. Трошоците за гориво ќе се зголемат и како такви се релевантни за нашата одлука.

Разграничувањето на релевантните и нерелевантните трошоци и земањето во предвид само на релевантните трошоци во процесот на деловно одлучување е од исклучителна важност. Занемарувањето на врската меѓу конкретната деловна одлука и одредени видови трошоци води кон неефикасно деловно одлучување со негативни финансиски ефекти врз работењето.

Да ги разгледаме релевантните и нерелевантните трошоци на пример од деловното работење. Едно производно претпријатие, пред неколку години, набавило специфична суровина за производство, за цена од 10.000 денари. Не постои веројатност за искористувањето на таа суровина за нешто друго, освен за производство на производ за некој поранешен клиент. Сега, тој клиент е подготвен да го нарача производот, во чие производство суровината би била искористена, и да плати за него 25.000 денари. Трошоците за трансформирање на суровината во производ, односно трошоците за директни плати и општите трошоци за производство, изнесуваат 20.000 денари. Дали претпријатието треба да ја прифати нарачката по цена од 25.000 денари?

Изгледа дека трошоците за производство на нарачаниот производ изнесуваат 30.000 денари: 10.000 денари за материјали плус 20.000 денари за директни плати и општи трошоци на производство. Но, трошоците за материјали се веќе направени, не произлегуваат од нарачката и ќе останат исти независно од тоа дали нарачката ќе биде прифатена или не. Како такви, трошоците за материјали може да ги класифицираме како нерелевантни трошоци и не треба да ги земеме предвид при донесувањето на одлука за прифаќањето на нарачката. Значи, релевантните трошоци за нарачката изнесуваат 20.000 денари, а приходите изнесуваат 25.000 денари, што значи дека претпријатието треба да ја прифати нарачката. Следната пресметка покажува дека тоа е исправна деловна одлука.

Нарачката не се прифаќа

Нарачката се прифаќа

Директни материјали

10,000

10,000

Директни плати и општи тр-ци на пр-во  

20,000

Приходи

25,000

Нето трошоци

10,000

5,000

Пресметката покажува дека, сметководствено, претпријатието ќе оствари 5.000 денари бруто загуба доколку ја прифати нарачката. Но, со неприфаќањето на нарачката ќе оствари 10.000 денари загуба, со што се потврдува дека прифаќањето на нарачката е подобра алтернатива.

Кај трговските претпријатија, се јавуваат случаи кадешто долго време не може да се обезбеди пласман на одреден производ и веројатноста за неговата реализација е мала. Во тој случај, продажбата на производот за било која цена е добра алтернатива. Трошоците на набавка во такви случаи се нерелантни.

Во примерите коишто ги разгледавме, приходот од продажбата беше релевантен, бидејќи идниот приход се менува во зависност од тоа која алтернатива ќе биде избрана. Меѓутоа има случаи каде приходот не е релевантен при деловната одлука.

Да претпоставиме дека се наоѓаме во ситуација во која треба да донесеме одлука меѓу две машини за производство. И двете машини обезбедуваат иста количина на производи со ист квалитет. Тоа значи дека со двете машини може да оствариме исти приходи, па приходите во нашето одлучување ќе бидат нерелевантни. Одлуката ќе ја базираме на трошоците за набавка и оперативните трошоци за работењето на машините.

Во процесот на деловно одлучување не смееме да го занемариме принципот дека на краток рок сите трошоци и приходи не се релевантни при донесувањето на деловната одлука.

  • Сподели:
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Претходен напис

Анализа на чувствителноста на преломната точка на рентабилност (sensitivity analysis)
27/01/2017

Нареден напис

Третманот на стекнатите и опортунитетните трошоци во процесот на деловно одлучување
03/02/2017

Може да Ви се допадне и

Cena na usluga
Одредување на цена на бизнис услуга
10 март, 2017
ABC
Сметководство на активности (Activity Based Costing)
24 февруари, 2017
Cena na cinenje
Утврдување на цената на чинење на производот
17 февруари, 2017

Остави реплика Откажи одговор

Мора да се пријавите за да испратите коментар.

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook