Политика на приватност

Оваа Политика на приватност се однесува на понудата на производи и услуги на Друштвото за едукација ИНСТИТУТ ПРАКТИКУМ ДООЕЛ Скопје, како и на веб-страницата www.casoviposmetkovodstvo.mk.

Политиката на приватност има за цел да ги објасни практиките на компанијата во делот на поединечните идентификациски податоци (лични податоци) кои ги обезбедувате Вие или некоја трета страна на веб страницата www.casoviposmetkovodstvo.mk.

Заштитата на личните податоци на корисникот на оваа веб страница е регулирана со оваа Политика на приватност и одредбите од Законот за заштита на личните податоци и задолжителните упатства на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

 

Лични податоци

Веб-страницата прибира лични податоци од корисниците на едукативните услуги со цел реализација на образовната програма. Личните податоци можат да се чуваат и обработуваат за статистички и маркетиншки цели, како и за подобрување на понудените услуги. Личните податоци се собираат на доброволна основа.

Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на Стопанска банка Casys Internacional.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

 

Автоматски собрани информации, кои не се лични податоци

При прегледување на оваа веб страница, одредени информации се собираат автоматски (не преку регистрација), кои не се поврзуваат со определено лице (на пр. користен интернет-пребарувач, име на домен од кој доаѓате, број на посети, просечно време на задржување на страницата, повикани страници и сл.). Институт Практикум ги користи овие информации за да ја испита атрактивноста на нашата веб странига и да ја подобри нивната содржина. Ако ја посетите нашата веб страница, може да се случи во вашиот компјутер да ставиме информации во форма на „Cookie” (колаче), кое ве препознава автоматски при вашата следна посета. Овие Cookies дозволуваат одредена веб страница да се приспособи кон вашите интереси или да ја зачува вашата лозинка, за да не мора секој пат одново да ја внесувате. Ако го одбивате користењето на Cookies, имате можност да го наместите вашиот интернет пребарувач, така што ќе ги брише овие Cookies од вашиот компјутер или ќе ги блокира сите Cookies, пред да се зачува кое било од нив.

 

Сигурност

Институтот Практикум презема и одржува строги мерки за заштита на безбедноста и доверливоста на Вашите лични податоци за да ги заштити истите од случајни или намерни манипулации, губење, уништување или од пристап од страна на неовластени лица. Вашите лични податоци нема да се даваат на трети лица, освен ако важечкото законодавство бара откривање на овие податоци на надлежните органи, но единствено и само на нив.

 

Измени во Политиката на приватност

Друштвото го задржува правото да врши измени на оваа Политика на приватност во секое време. Датумот на измената ќе биде прикажан на оваа веб страница, при што измените ќе стапат на сила од денот на последната измена. Ве советуваме периодично да ја прегледувате Политиката на приватност со цел подобра информираност.

 

Новости по е-пошта

Зачленувањето на нашите мејлинг листи за добивање новости по е-пошта е доброволно.

Доколку сакате можете да се зачлените на некоја од нашите мејлинг листи, а задолжително е само внесувањето на електронската адреса, додека другите податоци се опционални. Истите податоци можете да ги промените или избришете во секое време.

Нашите мејлинг листи се од затворен тип. Само уредникот може да им испраќа пораки на претплатниците. Ако се регистрирате во нашата мејлинг листа за добивање новости, Вашата електронска адреса ќе се користи исклучиво за да се испратат новостите до Вас лично.

 

Прашања и право на информација

Ако имате било какви прашања или загриженост во врска со нашата Политика на приватност на Вашите податоци при користењето на оваа веб страница, Ве молиме да ги испратите на:

kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk