• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Финансиски вложувања

  • Дома
  • Книговодство
  • Финансиски вложувања

Лекциите во склопот на оваа тема ќе ве научат да вршите сметководствена евиденција на финансиските вложувања во:

  • краткорочни хартии од вредност (државни записи); и
  • долгорочни хартии од вредност (државни обврзници).

Претпријатијата имаат потреба од парични средства за финансирање на своето работење односно за набавка на транспортни средства, машини, суровини, материјали, производи за препродажба, за исплата на плати, кирии, даноци и сл. Некои претпријатија располагаат со доволно сопствени парични средства за подмирување на овие трошоци, некои имаат недостаток на сопствени парични средства кој го надополнуваат со позајмување (преку банкарски кредити, должнички хартии од вредност), а некои имаат и вишок на парични средства. Доколку претпријатието има вишок на парични средства, кои во одреден момент не се потребни за подмирување на обврските, тој вишок не треба да се остави да стои на банкарските сметки, туку истиот треба да се инвестира за да обезбедиме приход по основ на таа инвестиција.

Какви можности имаат македонските претпријатија за финансиски вложувања?

Македонските претпријатија можат да ги орочат слободните парични средства како депозити во деловните банки или да ги инвестираат во хартии од вредност.

Во рамките на овие лекции ќе ја разгледаме сметководствената евиденција на инвестиците во хартии од вредност.

Во земјите со развиени финансиски пазари, на претпријатијата им стојат на располагање повеќе видови на хартии од вредност во кои можат да ги инвестираат своите средства. Во Република Македонија, јас би издвоила само два вида на хартии од вредност расположливи за инвестирање: државни записи и државни обврзници.

Инвестиции во краткорочни хартии од вредност (државни записи)

Државните записи се краткорочни хартии од вредност со рок на втасување до една година.

Претпријатијата може да учествуваат на аукциите на државни записи, кои ги организира Народната банка на Република Македонија, преку своите деловни банки.

Условите за набавката на државните записи се објавени во Проспектот на аукцијата.

Да претпоставиме дека едно претпријатие набавило државни записи во вредност од 1.000.000 денари на аукцијата чиј проспект е прикажан во текстот подолу.

ИЗВЕСТУВАЊЕ-Аукција на државни записи
 
Број на аукција: DZ2016/04a-175
ISIN: MKMINFDSG040
   
Датум на одржување на аукцијата: 29.03.2016
Датум на уплата (Т+1): 30.03.2016
Достасување (во денови): 175
Датум на достасување: 21.09.2016
   
Тип на тендер: Тендер со износи (ограничен)
   
   
Понуда (во денари): 600.000.000
Побарувачка (во денари): 600.000.000
Реализација (во денари): 600.000.000
   
Каматна стапка (цена): 2,30% (98,8943)

 Пред да го објасниме книговодственото евидентирање на инвестицијата во државни записи би било добро да ги повториме основните карактеристики на хартиите од вредност.

Вредноста којашто е наведена на самата хартија од вредност се нарекува номинална вредност. Цената по којашто хартијата од вредност се продава на пазарот се нарекува пазарна вредност. Доколку хартијата од вредност се продава по пониска цена од нејзината номинална вредност, тогаш велиме дека хартијата од вредност е дисконтирана, односно се продава со дисконт.

Државните записи се дисконтирани хартии од вредност, кои не носат камата. При нивното купување инвеститорот ја плаќа дисконтираната вредност, а на рокот на доспевање ја добива номиналната вредност. Разликата меѓу номиналната и дисконтираната вредност за инвеститорот претставува приход од вложувањето во хартиите од вредност.

Да се вратите сега на проспектот од аукцијата и да се обидеме да го прочитаме. Од проспектот гледаме дека аукцијата била одржана на 29.03.16, а цената за купените државни записи треба да биде уплатена наредниот ден, односно на 30.03.16. Државните записи ќе доспеат со рок од 175 денови, односно номиналната вредност на државните записи ќе му биде уплатена на инвеститорот на 21.09.16. Годишната каматна стапка на оваа инвестиција изнесува 2,30%, а дисконтираната вредност, која инвеститорот треба да ја уплати изнесува 98,8943% од номиналната вредност.

Во Дневникот на книжење на инвеститорот ќе бидат евидентирани следните книжења во однос на оваа инвестиција во државни записи:

Датум Реден бр. Назив на конто + –
30.03.2016 1 Инвестиции во државни записи 988.943  
           Парични средства   988.943
21.09.2016 2 Парични средства 1.000.000  
           Инвестиции во државни записи   988.943
           Приходи од инвестиции во хартии од вредност   11.057

Од Дневникот на книжење гледаме дека на денот на уплатата државните записи се евидентираат во финансиските книги на претпријатието по дисконтираната вредност, бидејќи тоа е реалниот трошок за нивната набавка, а се намалуваат паричните средства. На денот на доспевање, се зголемуваат паричните средства на претпријатието, бидејќи на банкарската сметка на претпријатието е извршена исплата на номиналната вредност на државните записи од страна на издавачот, а инвестициите во државни записи се затвораат. Разликата меѓу номиналната и дисконтираната вредност на државните записи се книжи како приход од инветиции во хартии од вредност.

Инвестиции во долгорочни хартии од вредност (државни обврзници)

Државните обврзници се долгорочни хартии од вредност со рок на втасување подолг од една година.

Претпријатијата може да учествуваат на аукциите на државни обврзници, кои ги организира Народната банка на Република Македонија, преку своите деловни банки.

Условите за набавката на државните обврзници се објавени во Проспектот на аукцијата.

Да претпоставиме дека едно претпријатие набавило државни обврзници во вредност од 1.000.000 денари на аукцијата чиј проспект е прикажан во текстот подолу.

ПРОСПЕКТ-Аукција на државни обврзници
 
Број на акција: DO2016/09b-0326
ISIN: MKMINF20GH90
   
Датум на одржување на аукцијата: 05.04.2016
Време на одржување на аукцијата: 11:00-13:30
Време на прием на понуди: 11:00-12:00
   
Датум на уплата: 07.04.2016
Достасување (во години): 10
Датум на достасување: 24.03.2026
   
Тип на тендер: Тендер со износи (ограничен)
   
Понуда (во денари) : 50.000.000
Купонска каматна стапка: 3,90%
   
Број на купони годишно: 1
Датуми на исплата на купони:
24.03.2017
24.03.2018
24.03.2019
24.03.2020
24.03.2021
24.03.2022
24.03.2023
24.03.2024
24.03.2025
24.03.2026

Од проспектот гледаме дека аукцијата била одржана на 05.04.16, а цената за купените државни записи треба да биде уплатена на 07.04.16. Државните обврзници ќе доспеат во рок од 10 години, односно номиналната вредност на државните обврзници ќе му биде уплатена на инвеститорот на 24.03.26. За разлика од државните записи, државните обврзници не се продаваат по дисконтирана цена, а приходот за инвеститорот произлегува од годишната купонската каматна стапка од 3,90%, која се пресметува на номиналната вредност и се исплатува еднаш годишно на датумите наведени во проспектот. Значи, инвеститорот секоја година ќе добива камата за инвистицијата во државните обврзници во вредност од 39.000 денари (1.000.000 x 3,90%).

Во Дневникот на книжење на инвеститорот ќе бидат евидентирани следните книжења во однос на оваа инвестиција во државни обврзници:

Датум Реден бр. Назив на конто + –
07.04.2016 1 Инвестиции во државни обрзници 1.000.000  
           Парични средства   1.000.000
24.03.2017 2 Парични средства 39.000  
           Приходи од инвестиции во хартии од вредност   39.000
24.03.2018 2 Парични средства 39.000  
           Приходи од инвестиции во хартии од вредност   39.000
24.03.2019 2 Парични средства 39.000  
           Приходи од инвестиции во хартии од вредност   39.000
24.03.2020 2 Парични средства 39.000  
           Приходи од инвестиции во хартии од вредност   39.000
24.03.2021 2 Парични средства 39.000  
           Приходи од инвестиции во хартии од вредност   39.000
24.03.2022 2 Парични средства 39.000  
           Приходи од инвестиции во хартии од вредност   39.000
25.03.2023 2 Парични средства 39.000  
           Приходи од инвестиции во хартии од вредност   39.000
26.03.2024 2 Парични средства 39.000  
           Приходи од инвестиции во хартии од вредност   39.000
26.03.2025 2 Парични средства 39.000  
           Приходи од инвестиции во хартии од вредност   39.000
26.03.2026 2 Парични средства 39.000  
           Приходи од инвестиции во хартии од вредност   39.000
26.03.2026 2 Парични средства 1.000.000  
           Инвестиции во државни обврзници   1.000.000

 Од Дневникот на книжење гледаме дека државните обврзници се евидентираат како долгорочни хартии од вредност на денот на нивната уплата од страна на инвеститорот. Со исплатата на номиналната вредност на државните обврзници од страна на нивниот издавач, на денот на нивното доспевање, тие се затвораат и престануваат да фигурираат во финансиските книги на инвеститорот.

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook