• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Анализа на финансиски извештаи

  • Дома
  • Блог
  • Анализа на финансиски извештаи
  • Индикатори на профитабилност – ROA и ROE

Индикатори на профитабилност – ROA и ROE

  • Објавено од Весна Мицајкова
  • Категории Анализа на финансиски извештаи, Анализа на финансиски индикатори
  • Датум 22/09/2016
  • Коментари 2 коментари

Целта на секој бизнис е максимирање на профитот како разлика меѓу приходите и расходите на работењето. Способноста на еден деловен субјект да оствари профит се нарекува профитабилност. Но, дали висината на профитот може да ни укаже и на висината на профитабилноста? Ако една фирма остварува профит од 100.000 ЕУР, а друга од 15.000 ЕУР, дали можеме да кажеме дека првата е попрофитабилна од втората? Секако дека не. За да оцениме колку одредено работење е профитабилно, треба да знаеме да ги пресметаме и протолкуваме индикаторите на профитабилност.

На овој час ќе се запознаеме со индикаторите на профитабилност: ROA и ROE.

 

ROA и ROE се најчесто применуваните индикатори за анализа на профитабилноста. ROA (Return on assets) претставува стапка на поврат на средствата, а ROE (Return on еquity) претставува стапка на поврат на капиталот. Нивната вредност се пресметува врз основа на податоци од билансот на состојба и билансот на успех на претпријатието по следните формули:

ROA = Нето добивка / Вкупни средства

ROE = Нето добивка / Капитал

Вредностите на ROA и ROE се изразуваат во проценти, нивната повисока вредност укажува на поголема профитабилност и обратно.

Да претпоставиме дека едно претпријатие остварило нето добивка од 600.000 п.е., со ангажирани вкупни средства од 10.000.000 и капитал од 6.000.000 и да ги пресметаме ROA и ROE.

ROA = 600.000 / 10.000.000 = 6%

ROE = 600.000 / 6.000.000 = 1%

Откако ги пресметавме индикаторите треба да знаеме да ја протолкуваме нивната вредност.

Првенствено мора да расчистиме дека нема ошто прифатени референтни вредности за индикаторот ROA, иако многу аналитичари сметаат дека успешниот бизнис не треба да има ROA со пониска вредност од 5%. Вредноста на индикаторот ROА значајно варира во зависност од типот на дејноста на претпријатието. Нормално е претпријатијата од тешката индустрија кои ангажираат големи средства да имаат пониска вредност на ROA, отколку претпријатијата што вршат интелектуални услуги и имаат мала актива (со оглед на тоа што средствата се именител во формулата за пресметка).

Доколку го разгледувате ROA на ниво на едно претпријатие, добро да е да го разгледувате неговото движење во еден историски период. Зголемувањето на индикаторот секако ќе укажува на зголемување на ефикасноста на работењето и обратно. Доколку пак вршите компарација на ROA меѓу различни претпријатија, треба да бидете многу претпазливи при толкувањето и да ја земете во предвид типот на дејноста на претпријатијата.

Индикаторот ROE е исто така значаен финансиски индикатор, кој им покажува на сопствениците на капиталот колку ефикасно се користат нивните средства. Односно, ROE покажува колкав поврат имаат сопствениците на капиталот на својата инвестиција. Поаѓајќи од тоа, финансиските аналитичари за успешен бизнис го сметаат оној кој остварува поврат на капиталот од 15% до 20%.

Многу држави имаат статистички податоци за просечните вредности на овие индикатори класифицирани по видови на дејности на претпријатијата. Македонија секако нема ваква статистика, но може да ја погленете статистиката на САД, па да видите колку вашето претпријатие се уклопува во просечните финансиски перформанси на американските претпријатија. Само изберете го видот на дејноста која ве интересира и погледните ги просечните вредности на ROA на: http://www.bizstats.com/corporation-industry-financials/ или вредноста на ROE на: https://biz.yahoo.com/p/s_conameu.html.

  • Сподели:
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Претходен напис

Индикатори на ликвидност
22/09/2016

Нареден напис

Индикатори на профитабилност – профитни маржи
29/09/2016

Може да Ви се допадне и

pazarni-indikatori
Индикатори на пазарна вредност
2 декември, 2016
inventory-control-warehouse
Kоефициент на обрт на залихи
20 октомври, 2016
Индикатори на деловна активност
14 октомври, 2016

Показателите за користењето (употреба) на средствата на компанијата, познати како показатели за обртот, се користат за проценка на користa од различните облици на средства и затоа се среќаваат и како показатели за ефикасноста на користење на средствата на компанијата. Ефикасноста …

    2 коментари

  1. vojka dimitrovska
    10/10/2016
    Најави се за да одговориш

    Sakam da ucestvuvam vo slusanje na vasite casovi po smetkovostvo bidejki sum zainteresirana za posiroko poznavanje na smetkovostvoto.

  2. Vesna Micajkova
    12/10/2016
    Најави се за да одговориш

    Јас моментално држам приватни часови само по финансиско сметководство. Се надевам дека во текстовите кои ги објавувам ќе најдете содржини со кои ќе го збогатите вашето знаење.

Остави реплика Откажи одговор

Мора да се пријавите за да испратите коментар.

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook