• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Анализа на финансиски индикатори

  • Дома
  • Блог
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Индикатори на профитабилност – профитни маржи

Индикатори на профитабилност – профитни маржи

  • Објавено од Весна Мицајкова
  • Категории Анализа на финансиски индикатори
  • Датум 29/09/2016
  • Коментари 0 коментари

profit

Терминот маржа често го користиме во секојдневниот говор, означувајќи ја со него заработувачката на трговецот. Кога на пример, за една кисела вода од 250 мл ќе платиме 60 денари во некој угостителски локал, знаеме да помислиме дека таа кисела вода е набавена по 10 денари, што значи дека разликата меѓу продажната и набавната цена е 50 денари, односно продавачот ни ја продал киселата вода со маржа од 500%. И секако велиме дека не крадат со поставувањето на толку високи маржи. Но, секогаш забораваме дека таа маржа (разлика во цени) треба да ги покрие сите оперативни трошоци: кирија за локалот, плати за вработени, трошоци за одржување и сл.

Додека маржата за која погоре зборувавме претставува трговска маржа, во сметководството се пресметуваат профитни маржи, кои се применуваат при анализа на профитабилноста на работењето. Како индикатори на профитабилноста се користат следните профитни маржи: бруто профитна маржа, оперативна профитна маржа и нето профитна маржа. Овие индикатори се тесно поврзани со поделбата на добивката во рамките на билансот на успех на бруто, оперативна и нето добивка и се пресметуваат врз основа на податоци од билансот на успех.

Бруто профитната маржа го покажува делот од секој остварен денар продажба кој останува по одземање на производствените трошоци, односно набавната вредност на трговските стоки. Со други зборови, бруто профитната маржа го покажува делот од секој остварен денар продажба кој стои на располагање за покривање на оперативните трошоци (трошоците кои не се директно поврзани со процесот на производство: фиксни трошоци, трошоци за плати во администрација, амортизација на недвижности, опрема во администрација и сл.). Бруто профитната маржа се пресметува како однос меѓу бруто добивката (разликата на приходите од продажба и трошоците на продадени производи) од една страна и вкупните приходи од продажбата на друга страна:

Бруто профитна маржа = Бруто добивка / Приходи (Продажба)

Оперативната профитна маржа го покажува односот меѓу оперативната добивка (бруто добивката намалена за оперативните трошоци) и приходите од продажба на претпријатието:

Оперативна профитна маржа = Оперативна добивка / Приходи (Продажба)

Овој показател дообјаснува колку профит една компанија остварува од нејзиното работење, за секој денар остварена продажба, по покривање на оперативните трошоци на работење. Оперативната профитна маржа е многу покомплетен и точен показател за оцена на ефикасноста на компанијата во однос на бруто профитната маржа, со оглед на тоа дека ги зема предвид не само трошоците за продажба, туку и другите важни компоненти како што се маркетинг и некои други индиректни трошоци.

Нето профитната маржа ја покажува нето-добивката генерирана од секој денар остварена продажба. Таа ги зема предвид и финансиските трошоци кои оперативната профитна маржа не ги опфаќа во пресметката. Таа претставува однос меѓу вредноста на остварената нето-добивка (оперативната добивката по одземаните даноци и камати) и вредноста на остварената продажба. Се пресметува на следниот начин:

Нето профитна маржа = Нето добивка / Приходи (Продажба)

Нето профитната маржа е најкомплексен показател за профитабилноста на работење на претпријатието, бидејќи ги зема во предвид сите трошоци во процесот на остварување на профит.

Во продолжение е прикажан биланс на успех врз основа на чии податоци ќе го прикажеме пресметувањето на профитните маржи.

Биланс на успех
Приходи од продажба 5.700.000
Трошоци на продадени производи 3.000.000
Бруто добивка 2.700.000
Трошоци за истражување и развој 46.000
Трошоци за продажба и маркетинг 1.750.000
Административни трошоци 270.000
Оперативна добивка 634.000
Трошоци на финасирањето 30.000
Добивка пред оданочување 604.000
Данок на добивка 60.400
Нето-добивка 543.600

 

Бруто профитна маржа = 2.700.000 / 5.700.000 = 47,4%

Оперативна профитна маржа = 634.000 / 5.700.000 = 11,1%

Нето профитна маржа = 543.600 / 5.700.000 = 9,5%

На претпријатието, чиј биланс на успех го разгледувавме, му останува 47,4% од секој заработен денар за покривање на оперативните трошоци. А, откако оперативните трошоци ќе бидат покриени, му останува 11,1% заработувачка, односно 9,5% чиста заработувачка на секој заработен денар. И секогаш кога мислиме дека некој не “краде” треба да се сетиме дека заработувачката е многу покомлексна категорија од разликата меѓу продажната и набавната цена. Ова треба особено да го имаме во предвид при донесувањето на одлука за почнувањето на сопствен бизнис.

Повисоките вредности на профитните маржи укажуваат на повисока профитабилност на работењето и секој бизнис треба да тежнее кон зголемување на вредноста на овие индикатори. Нивната вредност може да се зголеми со зголемување на приходите или со намалување на трошоците.

Општо прифатени, препорачани или пак идеални вредности за профитните маржи не постојат. Нивната вредност зависи од видот на индустријата, колку време бизнисот постои, и други фактори. Но, може ќе ви биде интересно да видите колкави се просечните маржи во американското стопанство, класифицирани по вид на дејност. Само изберете го секторот и дејноста и може да ја споредите маржата на вашиот бизнис со американскиот просек на: https://biz.yahoo.com/p/s_conameu.html.

  • Сподели:
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Претходен напис

Индикатори на профитабилност – ROA и ROE
29/09/2016

Нареден напис

Индикатори на финансиска структура
07/10/2016

Може да Ви се допадне и

pazarni-indikatori
Индикатори на пазарна вредност
2 декември, 2016
inventory-control-warehouse
Kоефициент на обрт на залихи
20 октомври, 2016
Индикатори на деловна активност
14 октомври, 2016

Показателите за користењето (употреба) на средствата на компанијата, познати како показатели за обртот, се користат за проценка на користa од различните облици на средства и затоа се среќаваат и како показатели за ефикасноста на користење на средствата на компанијата. Ефикасноста …

Остави реплика Откажи одговор

Мора да се пријавите за да испратите коментар.

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook