• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Анализа на финансиски индикатори

  • Дома
  • Блог
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Индикатори на ликвидност

Индикатори на ликвидност

  • Објавено од Весна Мицајкова
  • Категории Анализа на финансиски индикатори
  • Датум 01/08/2016
  • Коментари 1 коментар

Под ликвидност се подразбира способноста на претпријатието да ги подмири своите краткорочни обврски во договорениот рок. Секое претпријатие треба да настојува да одржува задоволителна ликвидност на работењето за да може да излезе во пресрет на своите тековни обврски. Колкава е ликвидноста на работењето може да се утврди преку индикаторите на ликвидност: тековен показател, стапка на моментна ликвидност и обртен капитал.

Индикаторите на ликвидност се пресметуваат врз основа на податоци од билансот на состојба. Во продолжение ќе ви објаснам како да ги пресметувате и толкувате индикаторите на ликвидност на примерот на едно претпријатие.

2015
Средства 8.693.000
Постојани средства 4.553.000
Материјални средства 3.700.000
Нематеријални средства 750.000
Вложувања во хартии од вредност расположливи за продажба 3.000
Вложувања во подружници 100.000
Тековни средства 4.140.000
Залихи 1.400.000
Побарувања од купувачите 2.500.000
Останати побарувања 150.000
Пари и парични еквиваленти 90.000
Акционерска главина и обврски 8.693.000
Капитал и резерви 7.303.000
Акционерски капитал 2.703.000
Останати резерви 1.300.000
Задржана добивка 3.300.000
Долгорочни обврски 50.000
Долгорочни кредити 50.000
Тековни обврски 1.340.000
Обврски кон добавувачите и останати обврски 950.000
Останати краткорочни обврски 390.000

Стапката на тековна ликвидност или т.н. тековен показател (Current ratio или working capital ratio) се пресметува на следниот начин:

Тековен показател = Тековни (обртни) средства / Тековни (краткорочни) обврски

Кај претпријатието што го разгледуваме:

Тековниот показател = 4.140.000 / 1.340.000 = 3,09

Во литературата се наведува дека тековниот показател 2 спрема 1 треба да се смета за поволен, но толкувањето на овој показател треба да се врши со голема претпазливост. Понекогаш во случај на опаѓање на активноста и намалувањето на реализацијата, препорачливо е овој показател да биде поголем. Од друга страна, не треба да се губи превид дека во бројни случаи овој показател зависи од видот на дејноста, од обемот на работењето, од големината на претпријатието и сл. Во примерот што ние го разгледувавме тековниот показател од 3,09 секако укажува на висока ликвидност на работењето.

Стапката на моментна ликвидност, која уште се нарекува и стапка за забрзана ликвидност, е построг тест за испитување на ликвидноста на една компанија. Оваа стапка го прочистува коефициентот на тековна ликвидност, со мерење на износот на најликвидните тековни средства кои постојат за да се покријат тековните обврски.

Стапката на моментна ликвидност, односно стапката на забрзана ликвидност (Acid-test ratio или quick-ratio) се пресметува на следниот начин:

Стапка на моментна ликвидност = (Тековни средства-Залихи)/Тековни обврски

Кај претпријатието што го разгледуваме:

Стапката на моментна ликвидност = (4.140.000 – 1.400.000) / 1.340.000 = 2,04

Препорачливо е овој показател да изнесува 1:1, па стапката на моментна ликвидност од 2,04 укажува на висока ликвидност на работењето на разгледуваното претпријатие.

Во категоријата на показатели на ликвидност би сакала да го споменам и обртниот капитал или нето обртните средства (working capital) кој се пресметува на следниот начин:

Обртен капитал = Тековни средства – Тековни обврски

Кај претпријатието што го разгледуваме:

Обртен капитал = 4.140.000 – 1.340.000 = 1.800.000

Не постојат препорачани референтни вредности во рамките на кои треба да се движи обртниот капитал, бидејќи тој пресметан како апсолутен износ варира согласно со големината на претпријатието, видот на дејноста и сл.

Важноста на обртниот капитал треба да се гледа во потребата претпријатието да располага со определен износ на капитал за да може да обезбеди навремено исполнување на своите обврски, евентуално проширување на дејноста на работењето, како и обезбедување резерви за непредвидени и несакани настани. Претпријатието кое има повисок износ на нето обртни средства автоматски обезбедува и повисок степен на ликвидност.

Одржувањето на висока ликвидност ни овозможува навремено извршување на обврските. А рокот на извршување на обврските укажува на нашата кредитоспособност. Доколку навремено ги исполнуваме обврските кон добавувачите можеме да добиеме поголеми рокови за исплата на фактурите. Доколку сакаме да го прошириме своето работење, преку позајмување на средства од комерцијална банка, повисоките вредности на индикаторите на ликвидност ни обезбедуваат поголеми шанси за добивање на кредитот и поповолни услови за негова исплата.

Високата ликвидност укажува на стабилно финансиско работење на претпријатието, но премногу високата ликвидност често пати негативно влијае врз профитабилноста. И затоа треба постојано да ги преиспитуваме билансните позиции кои ја детерминираат ликвидноста на нашето претпријатието, во настојување да ја одржуваме ликвидноста на задоволително, но не и на непотребно високо ниво, поради кое ги пропуштаме можностите за зголемување на профитот.

Да ви го објаснам ова на еден пример.

Знаеме дека треба да чуваме парични средства колку што ни се потребни за подмирување на нашите обврски, а секој вишок треба да го инвестираме. Доколку го инвестираме вишокот на средства со кои располагаме во државни записи сме направиле краткорочна инвестиција во високоликвидни хартии од вредност за која ќе добиеме камата, а вредноста на индикаторите на ликвидност нема да се промени, бидејќи државните записи се тековни средства. Но, доколку немаме план за користење на тој вишок во подолг временски период, би било добро да го инвестираме во државни обврзници кои носат повисока камата. Вложувањата во државни обврзници влегуваат во категоријата на постојани средства и ќе ги намалат вредностите на индикаторите на ликвидност. Но, доколку и после тоа намалување вредностите на индикаторите на ликвидност укажуваат на задоволителна ликвидност, ние сме обезбедиле повисока профитабилност на нашето работење без загрозување на способноста за извршување на тековните обврски.

  • Сподели:
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Претходен напис

Вертикална анализа на финансиските извештаи
01/08/2016

Нареден напис

Индикатори на профитабилност – ROA и ROE
22/09/2016

Може да Ви се допадне и

pazarni-indikatori
Индикатори на пазарна вредност
2 декември, 2016
inventory-control-warehouse
Kоефициент на обрт на залихи
20 октомври, 2016
Индикатори на деловна активност
14 октомври, 2016

Показателите за користењето (употреба) на средствата на компанијата, познати како показатели за обртот, се користат за проценка на користa од различните облици на средства и затоа се среќаваат и како показатели за ефикасноста на користење на средствата на компанијата. Ефикасноста …

    1 коментар

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook