• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Управување со трошоци

  • Дома
  • Блог
  • Управување со трошоци
  • Директни и индиректни трошоци

Директни и индиректни трошоци

  • Објавено од Весна Мицајкова
  • Категории Управување со трошоци
  • Датум 10/02/2017
  • Коментари 0 коментари

Трошоците коишто можат да се доделат на одреден трошковен објект се делат на директни и индиректни. Директните трошоци можат непосредно да се врзат за трошковниот објект, а индиректните не можат да бидат специфично идентификувани за одреден трошковен објект.

На пример, да претпоставиме дека трошковен објект е одреден производ, да речеме маса. За изработка на таа маса потребно е дрво, работници за производство, просторија за производство, машини за производство, работник кој ќе ја надгледува работата итн.

Количината на дрво, потребно за производство на таа маса, може да ја определиме, како што може да го определиме бројот на работни часови, потребни за изработка на масата. Но, киријата за просторијата за производство, трошокот за машините за производство (трошок за амортизација) и платата на супервизорот, исто така произлегуваат од реализираното производство, но не може да се врзат директно со конкретната маса.

Поаѓајќи од тоа, платите на работниците кои се директно вклучени во производството и трошоците за материјалите, потрошени во процесот на производство, може да ги окарактеризираме како директни трошоци. Трошоците за кирија за производствената хала, трошоците за амортизација на машините за производство и платата на персоналот кој го надгледува производството се индиректни трошоци.

Во категоријата на индиректни трошоци, кои би можеле да произлезат од примеров што го разгледуваме, би влегла и електричната енергија за машините, електричната енергија за осветлување и затоплување, платата на персоналот за одржување на халата, платата на персоналот за обезбедување на халата, трошоците за помошни материјали и слично.

Сите овие категории трошоци, произлегуваат од производството, но не можеме да ги поврземе со конкретен производ.

Понекогаш, одредени трошоци со директен карактер се третираат како индиректни, зошто трошоците за нивното врзување за поединечен производ не се оправдани. На пример, за производството на масата се користат шајки, како помошни материјали. Бројот на шајките кои се користат за изработка на поединечна маса може да се идентификува, а со тоа и трошоците за шајки по единица производ, но бидејќи вредноста на тие трошоци по единица производ најчесто не е значајна, не се смета за оправдано да се прават калкулации за поединечно разграничување. Односно, трошоците за поединечното разграничување, би биле поголеми од користа од поголемата точност на пресметката.

Кога трошковен објект е одреден производ, збирот на директните и индиректните трошоци по единица производ ја претставува цената на чинење на производот. Поточно, цената на чинење на еден производ е збир од директните материјали, директните плати и општите трошоци за производство. Директните материјали, кои се добиваат како производ меѓу количината потребни материјали за производство на производот и нивната цена, и директните плати, кои се добиваат како производ меѓу потребните работни часови за производство на производот и цената на трудот, се директни трошоци и може да се идентификуваат по одреден производ. Општите трошоци на производство се индиректни трошоци и тие мора да се алоцираат по единица производ по одреден клуч.  (Повеќе околу алокацијата на индиректните трошоци ќе може да прочитате во некоја од наредните лекции).

Сега да се потсетиме на книговодствената евиденција на продажбата. Продажбата на производи се евидентира со два става. Со првиот став евидентираме побарувања и приходи, а со вториот евидентираме трошоци и ја намалуваме залихата. Залихата на готови производи во производните претпријатија би требало да се води по цената на чинење на производите, па поаѓајќи од тоа, трошоците, кои што ги евидентираме со вториот книговодствен став, се однесуваат на трошоците за директни плати, директни материјали и општите трошоци на производство.

Контото Трошоци на продадени производи и услуги, кое го користиме во вториот став, е прво и главно трошковно конто во билансот на успех, кое се одзема од приходите од продадените производи и услуги за да се добие бруто добивката од работењето.

Но, сето ова што погоре го кажавме се однесува на случаи кога производот е трошковен објект и ги разледуваме само трошоците за производство. Задолжителното финансиското сметководство наложува разграничување на производните трошоци по единица производ и се занимава претежно со производите како трошковни објекти.

Но, во менаџерското сметководство, сето она чии конкретни трошоци, корисниците на сметководствените информации сакаат да ги дознаат, се нарекува трошковен објект.

Па, трошковен објект, покрај производ, може да биде определена организациона единица од претпријатието или пак одреден канал на дистрибуција или било што чии трошоци се предмет на мерење.

Разграничувањето на трошоците на директни и индиректни во голема мера зависи од трошковниот објект. Одредени трошоци може да бидат третирани како директни за еден трошковен објект, но како индиректни за друг трошковен објект.

На пример, ако како трошковни објекти се разгледуваат различните канали на дистрибуција на претпријатието, трошоците за кирија на магацинот и платите на магационерите ќе се сметаат за директни трошоци. А, ако трошковен објект е производ, овие трошоци ќе бидат индиректни.

  • Сподели:
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Претходен напис

Третманот на стекнатите и опортунитетните трошоци во процесот на деловно одлучување
10/02/2017

Нареден напис

Утврдување на цената на чинење на производот
17/02/2017

Може да Ви се допадне и

Cena na usluga
Одредување на цена на бизнис услуга
10 март, 2017
ABC
Сметководство на активности (Activity Based Costing)
24 февруари, 2017
Cena na cinenje
Утврдување на цената на чинење на производот
17 февруари, 2017

Остави реплика Откажи одговор

Мора да се пријавите за да испратите коментар.

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook