• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Управување со залихи

  • Дома
  • Блог
  • Управување со залихи
  • Влијанието на методите за вреднување на залихите врз финансиските извештаи

Влијанието на методите за вреднување на залихите врз финансиските извештаи

  • Објавено од Весна Мицајкова
  • Категории Управување со залихи
  • Датум 28/10/2016
  • Коментари 2 коментари

Во склопот на лекциите по финансиско сметководство веќе зборувавме за основните методи на вреднување на залихите: ФИ-ФО, ЛИ-ФО и пондериран просек. Изборот на соодветниот метод влијае врз трошоците на продадени производи при книговодствената евиденција на продажбата (потсетете се на евиденцијата на излезните фактури). Трговските претпријатија често набавуваат исти производи по различни набавни цени, и на залиха располагаат со повеќе парчиња набавени во различни периоди по различни трошоци.

Различните методи за вреднување на залихите признаваат различни трошоци при книжењето на продажбата, и тоа:
• ФИФО – прва влезна, – прва излезна – трошоците од најрано набавените единици се доделуваат како трошоци на продадени производи;
• ЛИФО – последна влезна, прва излезна – трошоците од последните набавки се доделуваат како трошоци на продадени производи;
• Пондериран просек– трошоците по единица производ се пресметуваат преку делење на вкупната набавна вредност на сите единици кои се расположливи за продажба со бројот на единиците кои се расположливи за продажба.inventory

Бидејќи различните методи признаваат различни трошоци на продадените производи, а трошоците на продадени производи се основна ставка во билансот на успех која учествува во пресметката на бруто добивката, изборот на методот за вреднување на залихите ќе влијае врз финансискиот резултат на работењето на претпријатието. Но, тоа е само резултат на првиот книговодствен став при книжење на продажбата, со кој се евидентираат трошоците. Вториот став предизвикуваше намалување на залихата, а залихата влегува во склопот на средствата во билансот на состојба, па изборот на методот за вреднување на залихите влијае и врз вредноста на средствата, односно врз висината на активата на компанијата.

Доколку цените се стабилни, различните методи за вреднување на залихите нема да имаат значајно влијание врз финансиските извештаи, но во услови на променливи пазарни цени, особено во период на инфлација, изборот на методот за валуација на залихите има значајно влијание и преку него претпријатијата може да остварат некои специфични цели на финансискиот менаџмент.

Сега ќе се обидам да ви го објаснам сето ова со еден едноставен пример. Но, за подобро разбирање неопходно е да се потсетите на двата основни книговодствени става за евиденција на продажбата.

Примерот е следниот: Петар купил лименки од пивото “Скопско” со намера да ги продава на саем. Тој набавил една лименка во понеделник за 30 денари, втора во вторник за 40 денари и трета лименка во среда за 56 денари. Потоа во четврток, тој продал две лименки по 90 денари парче.

Врз основа на овој пример ќе направиме биланси на успех на бизнисот на Петар, со примена на различните методи за вреднување на залихите за да го видиме ефектот врз финансискиот резултат на работењето. Билансот на успех ќе го надополниме и со вредноста на залихите после продажбата, за да го видиме ефектот врз билансот на состојба. Во случајот што го разгледуваме, пазарните набавни цени се растечки.

ФИФО ЛИФО Пондериран просек
Продажби во петок 2 единици по 90 денари 180 180 180
Трошоци за продадени производи 70 96 84
Бруто-добивка  110 84 96
Вредност на залиха  56 30 42

Согласно ФИ-ФО методот, Петар прво ги продава лименките кои се први набавени, односно лименките набавена во понеделник и вторник (30+40 денари). На залиха му останува лименката набавена во среда од 56 денари. Со тоа, во услови на растечки набавни цени, прикажува повисока бруто-добивка во билансот на успех, и повисока вредност на залихите во билансот на состојба. Оваа презентација влијае позитивно на сликата за претпријатието пред потенцијалните инвеститори, бидејќи книговодствената вредност на средствата на компанијата е повисока. Негативност е тоа што од повисоката добивка произлегува и повисок данок на добивка како обврска за претпријатието, која во услови на растечка инфлација може да биде значаен трошок.

Согласно ЛИ-ФО методот, Петар прво ги продава лименките кои се последни набавени, односно лименките набавена во среда и вторник (56+40 денари). На залиха му останува лименката набавена во понеделник од 30 денари. Со тоа, во услови на растечки набавни цени, прикажува пониска бруто-добивка во билансот на успех, и пониска вредност на залихите во билансот на состојба. Со овој начин на вреднување на залихите позитивно за претпријатието е пресметката на понизок данок на добивка, што во услови на растечка инфлација претставува значајна заштеда. Негативност е лошата слика за претпријатието пред потенцијалните инвеститори (пониска добивка и пониска вредност на залихите).

Согласно методот на пондериран просек, Петар вкупната набавна вредност на сите единици (30+40+56) ја дели со бројот на единици (3) и добива просечна вредност (42), која ја применува како трошок за продадениот производ. Методот на пондериран просек произведува бруто-добивка, која се наоѓа меѓу добивката остварена според ФИФО и добивката остварена според ЛИФО.

Инфлацијата е чест феномен во пазарните стопанства и во услови на инфлација, односно во услови на растечки пазарни цени, изборот на методот за вреднување на залихите може има значајни ефекти врз финансиските извештаи на претпријатието. Изборот на ФИ-ФО или ЛИ-ФО метод има своевидни предности и лоши страни, но во услови на инфлација ЛИ-ФО методот се смета за поповолен, поради прикажувањето на понизок данок на добивка, што во услови на растечки пазарни цени, претставува значајна заштеда во работењето.
Во услови на дефлација, на опаѓачки пазарни цени, ситуацијата е обратна, односно ФИ-ФО е методот кој ќе прикаже пониска добивка и пониска вредност на залихите.

  • Сподели:
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Претходен напис

Kоефициент на обрт на залихи
28/10/2016

Нареден напис

Сметководствено планирање и предвидување (Moving average метод)
03/11/2016

Може да Ви се допадне и

inventory-control-warehouse
Kоефициент на обрт на залихи
20 октомври, 2016

    2 коментари

  1. vojka dimitrovska
    04/11/2016
    Најави се за да одговориш

    Mi se sviga vaseto predavanja preku onlajn i sakam da go otpecatam materijalot vo kolku mi dozvolite i kolku ke treba da vi platam
    Vo kolku mozete i imate materijal od upravuvacko smetkovostvo 2. za Transfernita ceni . Varijabilniot metod,Apsorcioniot metod ,i Celni ceni ,kako sto go objasuvate smetkovostvoto so primeri , i da mi kazete kolku da vi platam , sakam da go svatam toj materijal.

  2. Vesna Micajkova
    07/11/2016
    Најави се за да одговориш

    Мило ми е што Ви се допаѓаат предавањата, ќе гледам да ги припремам во верзија за печатење и ќе известам на Facebook. Што се однесува до тематските единици што Ве интересираат, и тие ми се план, но се уште не сум стигнала да ги подготвам. Ќе бидеме во контакт.

Остави реплика Откажи одговор

Мора да се пријавите за да испратите коментар.

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook