• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Анализа на финансиски извештаи

  • Дома
  • Блог
  • Анализа на финансиски извештаи
  • Вертикална анализа на финансиските извештаи

Вертикална анализа на финансиските извештаи

  • Објавено од Весна Мицајкова
  • Категории Анализа на финансиски извештаи
  • Датум 01/08/2016
  • Коментари 1 коментар

Вертикалната анализа на финансиските извештаи ја открива врската, која постои меѓу секоја поединечна ставка од финансиските извештаи и одредена специфична ставка која претставува основа и се означува со 100%. Во Билансот на состојба како основа најчесто се зема вредноста на вкупните средства и се означува со 100, додека останатите позиции се изразуваат како проценти од вкупните средства. Во Билансот на успех како основа најчесто се земаат приходите од продажбата (кои се означуваат со 100), додека останатите позиции се изразуваат како проценти на приходите од продажбата.

Да го илустрираме ова со пример на вертикална анализа на билансот на состојба и билансот на успех на едно претпријатие, кои се прикажани во продолжение.

Вертикална анализа на Биланс на состојба

2015 2015 (% од вкупни средства)
Средства 8.693.000 100%
Постојани средства 4.553.000 52%
Материјални средства 3.700.000 43%
Нематеријални средства 750.000 9%
Вложувања во хартии од вредност расположливи за продажба 3.000 0%
Вложувања во подружници 100.000 1%
Тековни средства 4.140.000 48%
Залихи 1.400.000 16%
Побарувања од купувачите 2.500.000 29%
Останати побарувања 150.000 2%
Пари и парични еквиваленти 90.000 1%
Акционерска главина и обврски 8.693.000 100%
Капитал и резерви 7.303.000 84%
Акционерски капитал 2.703.000 31%
Останати резерви 1.300.000 15%
Задржана добивка 3.300.000 38%
Долгорочни обврски 50.000 1%
Долгорочни кредити 50.000 1%
Тековни обврски 1.340.000 15%
Обврски кон добавувачите и останати обврски 950.000 11%
Останати краткорочни обврски 390.000 4%

Процентуалното учество на постојаните средства во вкупните средства на претпријатието е пресметано на следниот начин: (4.553.000/8.693.000) x 100. На истиот принцип се пресметани процентуалните учества на сите останати ставки на билансот на состојба.

Од вертикалната анализа на билансот на состојба можеме да донесе значајни заклучоци за неговата структура. Веќе кажавме дека билансот на состојба ги прикажува средствата и изворите на средства на претпријатието. Обврските во склопот на пасивата на билансот ги претставуваат позајмените извори на средства, а капиталот ги претставува сопствените извори на средства. Вертикалната анализа на билансот на состојба на претпријатието од нашиот пример укажува на можне поволна финансиска структура во која доминантен извор на средствата е капиталот со 84%, наспроти позајмените средства кои учествуваат со само 16%.

Вертикална анализа на Биланс на успех

Биланс на успех 2015 2015 (% од приходи) 2014 2014 (% од приходи)
Приходи од продажба 5.700.000 100% 5.650.000 100%
Трошоци на продадени производи 3.000.000 53% 2.850.000 50%
Бруто добивка 2.700.000 47% 2.800.000 50%
Трошоци за истражување и развој 46.000 1% 39.000 1%
Трошоци за продажба и маркетинг 1.750.000 31% 1.900.000 34%
Административни трошоци 270.000 5% 270.000 5%
Добивка од работењето 634.000 11% 591.000 10%
Трошоци на финасирањето 30.000 1% 31.000 1%
Добивка пред оданочување 604.000 11% 560.000 10%
Данок на добивка 60.400 1% 56.000 1%
Нето-добивка 543.600 10% 504.000 9%

Процентуалното учество на трошоците на продадените производи во приходите од продажба на претпријатието е пресметано на следниот начин: (5.700.000/3.000.000) x 100 = 53%. На истиот принцип се пресметани процентуалните учества на сите останати ставки на билансот на успех.

Вертикалната анализа на билансот на успех ни овозможува да увидиме колку значајно влијание имаат одредени трошоци врз профитабилноста на претпријатието. Нормално е во билансот на успех на секое трговско и производно претпријатие најголема ставка да бидат трошоците на продадени производи. Трошоците на продадени производи се директно поврзани со приходите од продажба и при непроменети набавни и продажни цени, процентуалното учество на трошоците на продадени производи во вкупните приходи треба да остане непроменето.

Во горенаведениот пример гледаме дека учеството на трошоците на продадените производи во приходите на продажба се зголемило за 3% и резултирало во намалување на бруто добивката од 3%. Важно е да ги утврдиме причините за таа промена.

  • Дали можеби се зголемиле набавните цени?
  • Доколку се зголемиле дали може да пронајдеме некој добавувач кој би ни обезбедил сличен квалитет по пониски цени?
  • Доколку промената на цените на инпутите е глобална дали таа оправдува зголемување на продажните цени и како тоа зголемување ќе се одрази врз реализацијата на претпријатие?
  • Ако пак, промената не е резултат на ценовни промени, причините треба да ги бараме во организацијата на работење, која што најверојатно предизвикува нерационално користење на ресурсите.

Иако учеството на бруто добивката во приходите од продажбата се намалило за 3%, вертикалната анализа на билансот на успех на претпријатието ни покажува зголемување на учеството на нето добивката во приходите од продажбата за 1% и завршување на деловната година со подобар финанасиски резултат. Причината за тоа лежи во намалувањето на трошоците на продажба и маркетинг. Ова намалување е поголемо од зголемувањето на трошоците за продадените производи и претпријатието остварило поголема профитабилност.

Намалувањето на учеството на трошоците за продажба и маркетинг е позитивен тренд наспроти зголемување на учеството на трошоците на продадени производи. Но, ние мора да ги утврдиме и анализираме причините за појава на овој тренд за да може да делуваме тој да продолжи и во иднина. Вертикалната анализа на билансот на успех ни овозможува да увидиме како одредени видови на трошоци влијаат врз нашиот финансиски резултат, а навлегувањето во причините за промените на трошоците ни овозможување целно насочување на нашите напори кон негово максимирање.

  • Сподели:
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Претходен напис

Хоризонтална анализа на финансиските извештаи
01/08/2016

Нареден напис

Индикатори на ликвидност
01/08/2016

Може да Ви се допадне и

roa i roe
Индикатори на профитабилност – ROA и ROE
22 септември, 2016
toolshero-models-financial-statement-analysis
Хоризонтална анализа на финансиските извештаи
1 август, 2016
Analiza na finansiski izvestai
Анализа на финансиски извештаи
1 август, 2016

    1 коментар

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook