• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Управување со трошоци

  • Дома
  • Блог
  • Управување со трошоци
  • Анализа на чувствителноста на преломната точка на рентабилност (sensitivity analysis)

Анализа на чувствителноста на преломната точка на рентабилност (sensitivity analysis)

  • Објавено од Весна Мицајкова
  • Категории Управување со трошоци
  • Датум 20/01/2017
  • Коментари 0 коментари

Преломната точка на рентабилност има големо значење во процесот на сметководствено планирање. Една од причините поради која го пресметуваме прагот на рентабилност е за да испланираме колкава продажба треба да оствариме за покривање на трошоците на работењето и за реализација на посакуваниот профит. Но, економското окружување е прилично неизвесно. Иднината носи промени во пазарните услови, однесувањето на конкуренцијата, па и во политиката на нашата компанија, кои се одразуваат на нашето работење и може да имаат своевиден одраз врз прагот на рентабилност.

Со предвидувањето на ефектот од евентуалните промени врз нашето работење, ние можеме да и излеземе во пресрет на неизвесноста и да бидеме подготвени за ефикасно прилагодување на работењето кога тие промени ќе настанат. Оваа постапка на предвидување на ефектите од евентуалните промени врз одредени параметри од работењето се нарекува анализа на чувствителност (sensitivity analysis). Анализата на чувствителност треба да биде составен дел од процесот на деловно одлучување.

На овој час ќе извршиме анализа на чувствителноста на преломната точка на рентабилност.

Веќе знаеме дека преломната точка на рентабилност зависи од фиксните трошоци, варијабилните трошоци и продажната цена на производот. Продажната цена на производот во поголемиот број на случаи ја дефинира самото претпријатие, а таа е најчесто предмет на промена доколку дојде до промена во трошоците, па ние ќе го разледаме влијанието на промената на фиксните и варијабилните трошоци врз преломната точка на рентабилност и врз профитот на работењето.

Претпоставуваме дека претпријатието ја завршило годината со продажба на 8.400 единици производи, со продажна цена од 200 п.е. и варијабилни трошоци по единица од 100 п.е.. Вкупните фиксни трошоци изнесувале 600.000 п.е. Доколку се остане непроменето претријатието треба да очекува наредната година да ја заврши со оперативна добивка од 240.000 п.е. Но, што ќе се случи доколку фиксните или варијабилните трошоци се зголемат или намалат за 10%?

Ефектите од тие промени се прикажани во табелите подолу:

Тековно 10% зг. на ф.т. 10% нам. на ф.т.
Продажна цена по 1 пр-од 200 200 200
Варијабилни тр-ци по 1 пр-од 100 100 100
Годишни фиксни трошоци 600,000 660,000 540,000
Преломна точка на рентабилност 6,000 6,600 5,400
Обем на продажба 8,400 8,400 8,400
Приходи од продажба 1,680,000 1,680,000 1,680,000
Вкупни варијабилни трошоци 840,000 840,000 840,000
Контрибуциска маржа 840,000 840,000 840,000
Годишни фиксни трошоци 600,000 660,000 540,000
Оперативна добивка 240,000 180,000 300,000
Тековно 10% зг. на в.т. 10% нам. на в.т.
Продажна цена по 1 пр-од 200 200 200
Варијабилни тр-ци по 1 пр-од 100 110 90
Годишни фиксни трошоци 600,000 600,000 600,000
Преломна точка на рентабилност 6,000 6,667 5,455
Обем на продажба 8,400 8,400 8,400
Приходи од продажба 1,680,000 1,680,000 1,680,000
Вкупни варијабилни трошоци 840,000 924,000 756,000
Контрибуциска маржа 840,000 756,000 924,000
Годишни фиксни трошоци 600,000 600,000 600,000
Оперативна добивка 240,000 156,000 324,000

Табелите ни покажуваат дека со зголемување на фиксните трошоци за 10%, преломната точка на рентабилност ќе се зголеми на 6.600 производи, а оперативната добивка ќе се намали на 180.000 п.е. Намалувањето на трошоците имаат спротивен ефект, односно намалување на варијабилните трошоци за 10% го намалува количеството на производи, кое треба да го произведеме за да ги покриеме трошоците на 5.455 единици и предизвикува зголемување на оперативната добивка на 324.000 п.е.

За оние кои не ги пратат часовите последователно, за начинот на пресметка на поединечните параметри од табелата, може да прочитате во претходните лекции.

Секогаш кога вршиме планирање треба да извршиме и анализа на сензитивноста на планот. Се препорачува да направиме три сценарија: најмногу очекувано сценарио, песимистичко и оптимистичко сценарио. Особено е важна анализата на чувствителноста на приходите од продажба при изработката на планиранираните (проформа) финансиски извештаи. И на овој пример може да испитуваме како промените во обемот на продажба ќе се рефлектираат врз финансискиот резултат на работењето.

Во случајот што го разгледувавме анализата на чувствителноста може да ја извршиме со едноставни формули во Excel, но доколку располагаме со повеќе податоци и поголема испреплетеност меѓу нив, употребата на понапредни функции за пресметка може значително да ни ја олесни работата и да го забрза процесот на добивање на резултатот.

  • Сподели:
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Претходен напис

Утврдување на преломната точка на рентабилност (break-even analysis) кај два или повеќе производи
20/01/2017

Нареден напис

Релевантноста на трошоците и приходите во процесот на деловно одлучување
27/01/2017

Може да Ви се допадне и

Cena na usluga
Одредување на цена на бизнис услуга
10 март, 2017
ABC
Сметководство на активности (Activity Based Costing)
24 февруари, 2017
Cena na cinenje
Утврдување на цената на чинење на производот
17 февруари, 2017

Остави реплика Откажи одговор

Мора да се пријавите за да испратите коментар.

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook