• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Анализа на финансиски извештаи

  • Дома
  • Блог
  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски извештаи

Анализа на финансиски извештаи

  • Објавено од Весна Мицајкова
  • Категории Анализа на финансиски извештаи
  • Датум 01/08/2016

Доколку ги поминавте лекциите по финансиско сметководство по препорачаниот ред, верувам дека научивте да ги подготвувате основните финансиски извештаи: билансот на состојба, билансот на успех и извештајот за готовински текови. И тука вообичаено работата на повеќето македонски сметководители завршува. Книговодствената евиденција и изработката на финансиските извештаи објаснети во претходните лекции влегуваат во доменот на задолжителното сметководство, но покрај задолжителното сметководство постои и друга научна дисциплина, која се нарекува менаџерско или управувачко сметководство. Менаџерското сметководство се води на доброволна основа и се занимава со користење и анализа на сметководствените податоци за донесување на деловни одлуки.

Анализата на финансиските извештаи, на пример, се врши на доброволна основа и како таква верувам дека ретко се применува во нашите претпријатија. Додека пак, во развиениот свет секој кој се нарекува сметководител треба да знае да ги анализира финансиските извештаи. Кај нас сите работи кои се нови и непознати, најчесто се отфрлаат како непотребни,  но се надевам дека има лица кои сакаат да ги прошират своите знаења и преку овие часови ќе се обидам да ги објаснам основните техники на анализа на финансиските извештаи преку практични примери, кои верувам дека секој менаџер или сметководителот којшто работи за него би требало да ги знае.

Основните техники на анализата на финансиските извештаи се хоризонталната анализа, вертикалната анализа и анализата на финансиски индикатори.

А финансиските индикатори може да ги поделиме на:

  • Индикатори на ликвидност;
  • Индикатори на профитабилност;
  • Индикатори на деловна активност;
  • Индикатори на финансиска структура;
  • Индикатори на пазарна вредност.
  • Сподели:
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Нареден напис

Хоризонтална анализа на финансиските извештаи
01/08/2016

Може да Ви се допадне и

roa i roe
Индикатори на профитабилност – ROA и ROE
22 септември, 2016
2000px-US_Income_Inequality_1967-2003_relative_to_median_(log_scale)_svg
Вертикална анализа на финансиските извештаи
1 август, 2016
toolshero-models-financial-statement-analysis
Хоризонтална анализа на финансиските извештаи
1 август, 2016

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook