• За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се
Kурсеви за практични вештиниKурсеви за практични вештини
  • За Институтот
  • Курсеви
  • Блог
  • Продавница
  • Контакт
    • Регистрирај сеНајави се

Управување со трошоци

  • Дома
  • Блог
  • Управување со трошоци
  • Анализа на преломната точка на рентабилност (break-even analysis)

Анализа на преломната точка на рентабилност (break-even analysis)

  • Објавено од Весна Мицајкова
  • Категории Управување со трошоци
  • Датум 30/12/2016
  • Коментари 0 коментари

Прагот на рентабилност, односно преломната точка на графиконот на рентабилност е точка кадешто приходите и расходите на вашето работење се еднакви. Додека вашиот бизнис не го достигне прагот на рентабилност, вие работите со загуба, односно не генерирате доволно приходи за да ги покриете трошоците на работењето. Со преминувањето на преломната точка на рентабилност, приходите ги надминуваат расходите, односно почнувате да остварувате профит.

Анализата на прагот на рентабилност е едноставна, но многу ефикасна техника, која има големо значење во процесот на управување со претпријатието. На овој час ќе ви покажам како да ја утврдите преломната точка на рентабилност врз основа на податоците од билансот на успех. Ќе ја утврдиме преломната точка на рентабилност во вредност на продажба и во количина на продадени единици производи и ќе дадеме пример за примена на оваа техника во процесот на сметководствено планирање. За спроведувањето на оваа анализа неопходно е да ги разграничиме трошоците, прикажани во билансот на успех, на фиксни и варијабилни.

Во продолжение е прикажан биланс на успех на една претпријатие, чиј праг на рентабилност ќе го утврдиме.

Биланс на успех на 31.12.2015    
Приходи од продажба     32.983
Трошоци на продадени производи и услуги     22.043
Директни материјали 6.320
Директни плати 6.100
Општи трошоци на производство 9.623
       Индиректни плати 5.263
       Амортизација на опрема за пр-во 360
       Останати општи тр-ци за пр-во 4.000
Бруто добивка     10.940
Оперативни трошоци     7.810
Трошоци за продажба и маркетинг 6.022
       Плати на продажен персонал 3.200
       Трошоци по гаранции 730
       Реклама и пропаганда 1.000
       Кирија за продажен објект 120
       Останати тр-ци за продажба и маркетинг 972
Општи и административни трошоци 1.788
     Плати на административен персонал 1.229
     Трошоци за кирии 180
     Амортизација на компјутерска опрема 179
     Останати општи и административни трошоци 200
Оперативна добивка     3.130
Финансиски приходи и трошоци     393
Приходи од инвестиции 118
Трошоци за камата 511
Добивка пред оданочување и вонредни ставки     2.737
Приходи од продажба на земја 465
Добивка пред оданочување     3.202
Данок на добивка 1.076
Нето добивка     2.126

За разграничување на трошоците на фиксни и варијабилни, веќе зборувавме во склопот на претходната лекција и поаѓајќи од наведените критериуми за утврдување на карактерот на трошоците, решивме во примерот што го разгледуваме, во категоријата на варијабилни трошоци, покрај трошоците на продадени производи и услуги, да ги вклучиме и вкупните оперативни трошоци за продажба и маркетинг, а како трошоци со фиксен карактер да ги сметаме само општите и административни оперативни трошоци. Поаѓајќи од тоа, ќе ја утврдуваме преломната точка на рентабилност за бизнис кој има фиксни трошоци од 1.788 п.е., варијабилни трошоци од 28.065 (22.043 + 6.022) и приходи од продажба во износ од 32.983 п.е.

Веќе рековме дека преломната точка на рентабилност (ПТР) е точката каде приходите се еднакви на расходите на работењето, односно продажбата на преломната точка на рентабилност може да се прикаже со следната формула:

ПРОДАЖБА (ПТР) = ВАРИЈАБИЛНИ ТРОШОЦИ + ФИКСНИ ТРОШОЦИ

За пресметката на преломната точка на рентабилност, варијабилните трошоци ќе ги изразиме како процент од продажбата.

Варијабилните трошоци во апсолутен износ се 28.065, а како процент од продажбата се 0,85 (32.983/28.065).

Па ќе ги замениме непознатите во формулата:

ПРОДАЖБА (ПТР) = 0,85 * ПРОДАЖБА (ПТР) + 1.788

ПРОДАЖБА (ПТР) – 0,85 * ПРОДАЖБА (ПТР) = 1.788

0,15 ПРОДАЖБА (ПТР) = 1.788

ПРОДАЖБА (ПТР) = 1.788 / 0,15

ПРОДАЖБА (ПТР) = 11.920

Преломната точка на рентабилност, ова претпријатие ќе ја оствари со реализација на продажба во вредност од 11.920 п.е. Остварувањето на приходи од продажба во овој износ овозможува покривање на трошоците од работењето, а со остварувањето на повисоки приходи, претпријатието ќе оствари позитивен финансиски резултат, профит.

Анализата на прагот на рентабилност има големо значење и при сметководственото планирање. Да претпоставиме дека менаџментот на претпријатието, чиј биланс на успех го разгледувавме, си поставил за цел, наредната 2016 година, да оствари оперативна добивка од 4.000 п.е. За таа цел, претпријатието треба да оствари приходи од продажба еднакви на збирот меѓу фиксните трошоци, варијабилните трошоци и планираниот профит, односно:

 ПРОДАЖБА = ВАРИЈАБИЛНИ ТРОШОЦИ + ФИКСНИ ТРОШОЦИ + ПЛАНИРАН ПРОФИТ

За пресметка на приходите од продажба, кои треба да се реализираат за остварување на профит од 4.000 п.е., повторно варијабилните трошоци ќе ги изразиме како процент од продажбата и ќе добиеме:

ПРОДАЖБА = 0,85 * ПРОДАЖБА + 1.788 + 4.000

ПРОДАЖБА – 0,85 * ПРОДАЖБА = 1.788 + 4.000

0,15 ПРОДАЖБА = 5.788

ПРОДАЖБА = 5.788 / 0,15

ПРОДАЖБА = 38.587

Пресметката покажува дека, за остварување на профит од 4.000 п.е., анализираното претпријатие во 2016 година, треба да оствари приходи од продажба во износ од 38.587 п.е., односно да ја зголеми продажбата во однос на 2015 година за 17%.

Доколку претпоставиме дека ова претпријатие се занимава со продажба на само еден производ, чија продажна цена е 20 п.е., ќе може да го пресметаме прагот на рентабилност во единици производи. За таа цел, основната формула:

ПРОДАЖБА (ПТР) = ВАРИЈАБИЛНИ ТРОШОЦИ + ФИКСНИ ТРОШОЦИ

Ќе ја трансформираме на следниот начин:

Продадена количина * Продажна цена = Варијабилни трошоци по пр-од * Продадена количина + Фиксни трошоци

Односно,

Продадена количина * Продажна цена – Варијабилни трошоци по пр-од * Продадена количина = Фиксни трошоци

Односно,

Продадена количина * (Продажна цена – Варијабилни трошоци по пр-од) = Фиксни трошоци

Односно,

Продадена количина (ПТР) = Фиксни трошоци / Продажна цена – Варијабилни трошоци по пр-од

Во случајов, продажната цена изнесува 20 п.е., варијабилните трошоци по единица производ изнесуваат 85% од продажната цена, односно 17 п.е., а 3 п.е. опаѓаат на фиксни трошоци по единица производ.

Кога ќе замениме во горенаведената формула, ќе добиеме:

Продадена количина (ПТР) = 1.788 / 20-17 = 1.788 / 3 = 596

Пресметката покажува дека, за остварување на прагот на рентабилност, разгледуваното претпријатие треба да продаде 596 единици производи. Со продажбата на ова количество на производи, претпријатието нема да остварува профит, но ќе ги покрие трошоците на своето работење. Со зголемување на бројот на продадени производи над овој праг, претпријатието ќе почне да остварува позитивен финансиски резултат, профит.

  • Сподели:
Весна Мицајкова
Весна Мицајкова е доктор по економски науки со повеќе годишно искуство во финансискиот сектор и искуство како предавач на група предмети од областа на сметководството и финансискиот менаџмент на високообразовна институција.

Претходен напис

Фиксни и варијабилни трошоци
30/12/2016

Нареден напис

Утврдување на преломната точка на рентабилност (break-even analysis) кај два или повеќе производи
13/01/2017

Може да Ви се допадне и

Cena na usluga
Одредување на цена на бизнис услуга
10 март, 2017
ABC
Сметководство на активности (Activity Based Costing)
24 февруари, 2017
Cena na cinenje
Утврдување на цената на чинење на производот
17 февруари, 2017

Остави реплика Откажи одговор

Мора да се пријавите за да испратите коментар.

Категории

  • Анализа на финансиски извештаи
  • Анализа на финансиски индикатори
  • Бизнис
  • НОВОСТИ
  • Планирање и предвидување
  • Управување со залихи
  • Управување со трошоци
-
logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme
kontakt@casoviposmetkovodstvo.mk
++389 075/747-480

Институт Практикум © 2016-2022 All rights reserved.

  • Услови на употреба
  • Политика на приватност

Најави се

No apps configured. Please contact your administrator.

Ја заборави лозинката?

Не си член се уште? Регистрирај се сега

Register a new account

Дали си член? Најави се

Facebook